Контакт

Економија

Се враќа евтината тарифа на струја, сега 11 часа дневно e достапна за граѓаните, велат СДСМ

Објавено пред

„Евтината тарифа на електричната енергија од денеска се враќа кај домаќинствата. Сега домаќинствата ќе имаат на располагање вкупно 11 часа евтина електрична енергија во текот на едно деноноќие од понеделник до сабота и 24 часа во недела. Просечно тоа значи заштеда од над 1.000 денари месечно“, соопшти СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Со енергетските политики што ги презема Владата предовдена од СДСМ се создадени услови домаќинствата да користат дополнителни часови во кои надоместокот за потрошената електрична енергија ќе се пресметува по евтина тарифа.

Зголемувањето на производството на електрична енергија и инвестицискиот циклус во обновливи извори на енергија го зголеми производството на електрична енергија, со што директно се влијаеше врз намалување на цената на струјата преку ден.

Во рамките на антикризните мерки продолжува субвенционирањето на сметките за струја за над 600.000 домаќинства во државата.

СДСМ продолжува со грижа за сите граѓани. Со СДСМ секој добива повеќе“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Економија

ЕСМ: Субвенции за топлинска енергија за домаќинствата и оваа грејна сезона

Објавено пред

Фактурите за топлинска енергија за грејната сезона 2023/2024, кои ќе се испорачуваат до потрошувачите од категоријата домаќинства во следниот период, а се однесуваат на јануари, фавруари, март и април, ќе ја вклучуват мерката за субвенционирање на цената на топлинската енергија. Субвенциите што се однесуваат на октомври, ноември и декември ќе бидат пресметани и ќе го намалат износот на потрошениот реален надоместок за грејната сезона, известува ЕСМ.

dobivaj vesti na viber

Износот на субвенциите, односно финансиската поддршка за секој потрошувач е прикажана во фактурата за секој месец поодељно и го намалува износот на надоместокот за топлинска енергија од мерач. Финансиската поддршка ќе обезбеди намалување на израмнителните сметки во мај, јуни и јули кога потрошувачите ќе го почувствуваат бенефитот од мерката, соопшти ЕСМ.

Друштвото „ЕСМ снабдување со топлина“ ДООЕЛ Скопје како носител на лиценцата за снабдување со топлинска енергија дејноста ја извршува врз основа на законски и подзаконски акти, кои го регулираат пазарот на топлинска енергија. Друштвото има обврска да ги почитува и економските мерки за справување со продолжените ефекти од енергетската и ценовната криза донесени од Владата на РСМ.

Потрошувачите во периодот август – април добиваат авансни сметки – фактури, а разликата на количината испорачана топлинска енергија до потрошувачите (што е регистрирана на мерилата во топлинските станици) од прогнозираната во авансните фактури ќе биде израмнета во сметките што потрошувачите ќе ги добијат во текот на мај, јуни и јули кога вообичаено се врши порамнување. Во текот на целата година во своите сметки на задната страна добиваат податок за тоа колку енергија потрошиле, колкава е ангажираната моќност и колкава е разликата помеѓу реалниот и надоместокот што потрошувачите го авансирале со авансните фактури, се додава во соопштението на ЕСМ.

Прикажи повеќе...

Економија

Трајковски: Трговците да ги приспособат цените во согласност со стандардот на граѓаните

Објавено пред

Државниот пазарен инспекторат нема да го чека утрешниот ден, односно целосното завршување на одлуките, туку како и до сега, во континуитет, така и денес излегуваме на терен и ќе извршуваме надзори во сите големи маркети во Република Северна Македонија по сите закони по кои постапува Пазарниот инспекторат, извести директорот на ДПИ, Горан Трајковски.

dobivaj vesti na viber

„Во изминатиот период Пазарниот инспекторат беше на ниво на својата задача и во интерес на сите засегнати страни, а најмногу во интерес на граѓаните, постапувавме и не дозволивме никој да применува нечесни трговски практики, а со тоа и да не ги почитува антикризните мерки донесени од страна на Владата. Вака ќе продолжиме да постапуваме и во иднина, а секое постапување спротивно од законите, кои се во наша надлежност, ќе биде казнето“, вели директорот на ДПИ.

Трајковски апелира и до трговците на мало, но и до трговците на големо, да бидат општествено одговорни и да ги приспособат цените во согласност со стандардот на граѓаните.

„Пазарниот инспекторат при надзорите ќе опфати поширок обем на закони за постапување, како што се Законот за заштита на потрошувачите, Законот за трговијата, Законот за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност, Законот за инспекциските надзор, Законот за Државниот пазарен инспекторат итн.

Повеќепати напоменав, а ќе повторам и сега, дека никој не е над законот, а оној што ќе применува нечесни трговски практики и ќе ги прекрши законите, ќе биде санкциониран, а во зависност од сторениот прекршок, заклучно со денес, постои можност и за затворање објекти за вршење дејност на определен временски период“, изјави директорот на ДПИ, Горан Трајковски.

Прикажи повеќе...

Економија

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Објавено пред

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,79 п.п., при што во јануари таа изнесува 1,72 %.

dobivaj vesti na viber

Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен раст од 0,57 п.п. и изнесува 5,55 %.

Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 часа

(Видео) Бунарите пресушуваат, изворите се повлекуваат; наместо над 400, УХМР има 40 станици за следење на подземните води

Секнати кладенци, пресушени бунари, повлечени изворишта на вода и суви поила за стока станаа главна мака во речиси сите региони...

Европа20 часа

(Видео) Путин: НАТО подготвува напад врз Русија, но мора да разберат дека и ние имаме оружје што може да ги порази на нивна територија

Владимир Путин го почна своето годишно обраќање за состојбата на нацијата пред Федералното собрание на Русија. Кремљ не ги објави...

Македонија20 часа

Демири: Ќе најдеме решение да му се помогне не само на Лео, туку и на секој друг пациент што има потреба

Владата и Министерството се комплетно посветени и ќе се изнајде решение со кое ќе му се помогне на Леонид Индов,...

Македонија21 час

Во дел од општините ГУП-от не е сменет над 20 години, има голем број дивоградби и неефикасен инспекциски надзор, објави Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето на тема „Застарени ГУП-ови, често менување ДУП-ови и голем број дивоградби“ и ова,...

Македонија21 час

Ванковска на чекор до претседателска кандидатура, собра 9.085 потписи

Професорката Билјана Ванковска која е предложена од политичката партија Левица, заклучно со вчерашниот ден има собрано 9.085 од потребните 10.000...

Македонија21 час

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се служи со уличен жаргон и излитени фрази

ВМРО-ДПМНЕ во недостиг на суштински идеи и понуда за граѓаните, продолжува да се служи со уличен жаргон и излитени фрази,...

Топ22 часа

(Видео) Полицајци истепале лице вработено како обезбедување во казино во Куманово

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против Д.П., полициски службеник во Полициската...

Македонија23 часа

Платите на функционерите, законот за игри на среќа и стратешките инвестиции пред пратениците

На дневен ред на продолжението на 145. собраниска седница, денеска меѓу другите се Законот за изменување и дополнување на Законот...

Македонија23 часа

Лиже таму кај што плукал, Пендаровски е човек без кредибилитет и интегритет, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стево Пендаровски е човек без кредибилитет и интегритет, или со други зборови лиже, таму кај што плукал. Во периодот кој...

Свет23 часа

Белата куќа: Израел мора да обезбеди слободен пристап до Ѕидот на плачот за време на рамазан

Портпаролот на Белата куќа Метју Милер го повика Израел да им го олесни пристапот на муслиманските верници до „Ѕидот на...

Свет23 часа

Ердоган им нуди на Русија и Украина мировни преговори во Турција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Анкара продолжува да го поддржува мирното решение за сеопфатната руска инвазија на Украина...

Свет24 часа

Бајден беше на систематски: „Поминав“

„Поминав“, изјави американскиот претседател Џо Бајден (81) по неговиот годишен рутински преглед во воената болница во Мериленд, и покрај загриженоста...

Македонија1 ден

Извршниот одбор на СДСМ го поддржа Стево Пендаровски за кандидат за Претседател на државата

На денешната седница во Штип, Извршниот одбор на СДСМ ја разгледа информација за спроведената постапка за можни кандидати за Претседател...

Македонија2 дена

(Видео) Средба Пендаровски – Зеленски: Македонија силно ја осудува руската агресија врз Украина

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на самиот Украина – Југоисточна Европа, денеска во Тирана оствари средба со претседателот...

Топ2 дена

Силувана малолетничка во Скопје

Вчера во 13.30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, 34-годишна жена од Скопје пријавила дека 23-годишниот М.К. од Скопје извршил...

Топ2 дена

Прегазен пешак во Неготино, мажот починал на местото на несреќата

Денеска во 12.25 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на паркинг простор на улица „ЈНА“ во Неготино, товарно возило...

Топ2 дена

52-годишна жена починала во охридската болница, била примена во тешка состојба

На 27.2.2024, во 16.25 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во ЈЗУ Општа болница Охрид во тешка здравствена состојба...

Македонија2 дена

Уставниот суд го укина делот националност во матичните книги: „Се работи за приватно и внатрешно чувство на човекот“

Уставниот суд на денешната седница донесе одлука, со која се укинува делот националност во три члена од матичните книга на...

Економија2 дена

Од задутре нема повеќе гарантирани цени во маркетите, секое нелогично зголемување ќе биде санкционирано, порача Битиќи

Од задутре нема повеќе гарантирани цени на производите во маркетите. Но, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, порача дека секое...

Македонија2 дена

Ванковска поблиску до претседателска кандидатура, собра 7.876 потписи, Јакимовски досега има 6.676

Професорката Билјана Ванковска која е предложена од политичката партија Левица, досега има собрано 7.876 од потребните 10.000 потписи за претседателската...