Економија
ССК: Системот ТЕД на ЕУ за тендери каде малите земји се со еднаков третман и пристап

Македонските компании како и компаниите од помалите земји за полесен пробив на поголемите пазари, преку системот ТЕД на ЕУ – платформа за тендери имаат можност за слободен пристап за бизнис со земјите членки на Европската Унија, како и Европската економска област и останатите континенти.
Се работи за единствена онлајн платформа, посветена на јавни набавки, која приватниот и јавниот сектор ја користи за пристап до информации за тендери.
„Преку TED платформата се објавуваат 460.000 повици за тендери на годишно ниво, со вредност од околу 420 милијарди евра. Целта е споделување на информации и користење на системот за информирање за јавни тендери во сите земји. Секој ден, од вторник до сабота повеќе од 1.700 огласи за јавни набавки се објавуваат на TED платформата и постои можност да се пребаруваат огласите за јавни набавки по држава, регион и бизнис сектор. Информациите за секој документ за јавните набавки се објавуваат на 24 официјални јазици на ЕУ. Со регистрација на платформата компаниите добиваат персонализиран профил за пребарување и во зависност од нивните потреби може да добиваат дневни, неделни или месечни е-маил известувања, но и да се пребарува архивата на ТЕД платформата за повици за јавни набавки, до пет години наназад“, изјави Митко Алексов, извршен директор на Сојуз на стопански комори на Македонија.
Известувањата се од областа на јавни работи, стоки и услуги, потоа секторски договори (вода, енергија, транспорт и телекомуникации) како и известувања за проекти финансирани од Европската инвестициона банка, Европскиот инвестициски фонд, Европската централна банка, Европската банка за обнова и развој и Надворешна помош и Европскиот фонд за развој.
Вкупната вредност на јавните набавки и договори во ЕУ е помеѓу 12 – 15 % од бруто домашниот производ на ЕУ. Три четвртини од повиците се од Германија, Франција, Британија, Шпанија, Италија и Полска./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.