Контакт

Економија

Турција ја забрани употребата на криптовалути

Објавено пред

Во Турција употребата на криптовалути во финансиски порамнувања директно или преку посредници е забранета од 30 април според указот објавен во службениот весник „Ресми газета“ во петокот.

Забрането е да се спроведуваат какви било операции со криптовалути помеѓу граѓаните и помеѓу организациите.

Криптовалутите во Турција престануваат да бидат достапно средство за плаќање меѓу договорните страни преку посредници или директно за купување стоки и услуги.

Суштината на воведените правила е дека официјално регистрираните и лиценцирани финансиски платформи, услуги и системи за плаќање во Турција што работат или имаат можност да работат со криптовалути го губат правото да обезбедат какви било услуги за операции за порамнување со нив.

Во моментот е нејасно дали и двете лиценцирани банки во Турција или самата Централна банка ќе може официјално да обезбедуваат такви услуги наместо независни даватели на услуги.

Но, познато е дека, како што стојат работите сега, Централната банка нема да обезбеди, да гарантира и да регулира извршување трансакции со криптовалути.

Централната банка смета дека таквите трансакции носат сериозни ризици за договорните страни вклучувајќи го и недостигот на каква било ефективна контрола од страна на официјалните регулатори.

Економија

САД ја отстрануваaт кинеската компанија „Шаоми“ од владината црна листа

Објавено пред

Министерството за одбрана на САД ќе го отстрани кинескиот „Шаоми“ од црната листа на владата, покажуваат судски документи, со што се отвора патот за идни американски инвестиции во овој производител на паметни телефони.

Судското досие вели дека двете страни ќе се договорат да го решат актуелниот спор без натамошни процеси, со што завршува краткиот и контроверзен спор меѓу компанијата и Вашингтон.

Од „Шаоми“ веднаш не одговориле на барањето на „Ројтерс“ за коментар.

Претходно годинава, Министерството за одбрана на САД, под администрација на Трамп, ја прогласи компанијата за поврзана со кинеската војска, па така беше ставена на список за забрана за американски инвестиции.

„Шаоми“ брзо реагираше со поднесување тужба против владата на САД, нарекувајќи го третманот незаконски и неуставен и негирајќи какви било врски со кинеската армија.

Во март, под администрација на Бајден, федерален судија привремено го блокираше активирањето на црната листа.

Како што се прошири веста за одлуката, акциите на „Шаоми“ скокнаа за 6 проценти во Хонгконг.

Прикажи повеќе...

Економија

Транспортните компании членки на „Македонија сообраќај – АМЕРИТ“ ќе бидат осигурени преку „Кроација“

Објавено пред

Кроација осигурување и СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ денеска потпишаа Меморандум за соработка за осигурување на членките на АМЕРИТ. Сите транспортни компании и нивни вработени, членки на заедницата ќе имаат приватно здравствено и патничко осигурување преку Кроација. Соработката се должи на потребата на транспортните компании и професионалните возачи во меѓународниот транспорт да бидат осигурени и обезбедени соодветно потребите на оваа професија и експертизата на Кроација осигурување за обезбедување релевантни услови и комплетна осигурителна логистика.

За потребите на членките на АМЕРИТ, Кроација осигурување создаде здравствено и патничко осигурување, што соодветствува на високите европски и светски стандарди во меѓународниот транспорт, како и специфичните регулативи, кои наметнуваат високи нивоа на обезбедување на транспортерите.

„Професионализмот и високите стандарди што ги поставивме во работењето придонесуваат Кроација да биде приоритет при изборот на осигурувањето. Овозможуваме безгрижност при патувањата од каква било природа, проследено со целосна наша асистенција и со сите потребни чекори и неопходни информации поврзани со здравствените протоколи во земјата каде што престојува осигуреникот. Дополнителното патничкото осигурување нуди целосна здравствена заштита и покритие за Ковид-19. Ова осигурително покритие обезбедува поголема заштита и сигурност за безгрижни патувања на професионалните возачи во меѓународниот патен транспорт”, изјави Александар Манев, генерален директор на Кроација Осигурување – неживот.

„Транспортниот сектор, како еден од двигателите на економијата, во овој тежок период поради пандемијата со Ковид–19, којашто предизвика тешки последици врз транспортот, наметнува обврска за изнаоѓање дополнителни идеи и решенија за олеснување и подобрување на транспортот. Осигурувањето е еден од начините за справување и олеснување на транспортот, а воедно и на учеството на луѓето опфатени со него, како и постигнување повисок степен на сигурност и одговорност во секторот. Оваа нека претставува само еден од многуте начини и заложби за негово подобрување”, истакна управителот на АМЕРИТ, Лефтер Андонов.

Со овој меморандум за соработка се опфатени околу 400 компании што вршат меѓународен патен транспорт низ земјите во Европската Унија, но и пошироко, и со тоа овозможуваат непречен проток на патници, стоки и добра.

 

 

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Економија

Заев од Шпанија: Широко ги отвораме вратите за шпанските бизнисмени

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев работнатата посета на Кралството Шпанија, во рамките на неговата европска агенда, денеска ја почна со состанок во Шпанската конфедерација на бизнис-организации, информираат од неговиот кабинет.

На средбата со претседателот на Конфедерацијата, Антонио Гараменди, на која присуствуваше и заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, премиерот Заев истакна дека неговата посета на Шпанија, меѓу другото, има цел да покаже дека Северна Македонија ги отвора широко вратите за шпанските инвеститори.

Премиерот Заев ја претстави економската програма за финансиска поддршка за директните странски инвестиции во земјата, како и сите други поволности, како даночните, царинските и другите олеснувања за странските компании и додаде дека Северна Македонија како раскрсница на Западен Балкан и на Југоисточна Европа претставува своевиден хаб од кој понатаму нуди развој и бизнис-експанзија и на други пазари.

„Нашата економија се развива врз принципите на слободниот пазар и ги негува најдобрите европски и светски вредности за водење бизнис. Северна Македонија развива пријателска средина за странските инвестиции и тоа го потврдуваат десетици најреномирани компании од светот“, потенцира премиерот Заев на средбата и додаде дека за шпанските инвеститори од посебен интерес може да бидат вложувањата во зелената дигитална економија, обновливите извори на енергија, земјоделството и транспортната инфраструктура како поволни области за соработка.

Претседателот на Шпанската конфедерација на бизнис-организации, Антонио Гараменди, на средбата истакна дека тие со внимание го следат развојот на Северна Македонија, перформансите на бизнис-средината во земјата и дека една од главните причини за интересот на бизнисмените од оваа конфедерација се должи на стабилната и предвидлива економска ситуација.

Гараменди додаде дека Конфедерацијата ќе даде сериозен придонес Северна Македонија да биде ставена на мапата за инвестиции на шпанските компании, кои во најголем дел покажуваат интерес за инвестиции во сферата на инфраструктурата, обновливите извори на енергија и менаџментот со води.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Израел по бомбардирањето: Тел Авив во урнатини, децата сами на улица

Судирите меѓу израелските и палестинските сили продолжија утрово, а по ескалацијата на насилството и крвавите конфликти, Израел прогласи вонредна состојба...

Македонија4 часа

Македонскиот војник заразен од коронавирус во Африка со посебни протоколи пренесен на Инфективната клиника

Рано утрово во земјата пристигна 55-годишниот македонски потполковник позитивен на коронавирусот и суспектен на јужноафриканскиот сој, објави на социјалните мрежи...

Европа4 часа

Германски виролог: Оние што нема да се вакцинираат неминовно ќе се заразат

Германскиот виролог Кристијан Дрoстен очекува дека населението во Германија ќе добие имунитет против коронавирусот за една и пол година. Тоа,...

Европа4 часа

Тензиите од Блискиот Исток се префрлија во Германија, инциденти пред синагоги, запалени знамиња

Тензиите од Блискиот Исток се прелеаја во Германија, каде што се случија инциденти пред две синагоги. Во Бон синоќа неколку...

Свет5 часа

СЗО: Индискиот сој на коронавирусот откриен во 44 земји

Светската здравствена организација (СЗО) откри дека индискиот сој на коронавирусот што предизвика нагло зголемување на бројот на заболени во Индија...

Свет5 часа

(Видео) Ескалираат судирите меѓу Израел и Хамас, најмалку 40 убиени, меѓу нив и деца

Ескалира конфликтот меѓу Израел и Хамас. Од Тел Авив се слушаа сирени од раните утрински часови. Одекнаа и неколку експлозии....

Македонија17 часа

Во петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“

Овој петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. „Добивме уште една добра...

Македонија21 час

Во Македонија 171 нов случај на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 171 нов случај на коронавирус, 26 лица починаа, а 409 оздравеа, соопшти...

Македонија21 час

Државата треба да ѝ врати над 1,7 милион евра на Европската комисија, пари што ги проневерил ексфунционер од МИОА

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал поднесе обвинение против поранешниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација и...

Македонија23 часа

Од четврток забраната за движење ќе трае само по четири часа

Владата на денешната 69-та седница донесе одлука полицискиот час, од 13 мај, да почнува на полноќ, наместо од 23 часот...

Македонија23 часа

(Видео) Заев: Европските лидери добро ја разбираат нашата порака – идентитетот не е за преговори

Премиерот Зоран Заев денеска ги сумира резултатите од средбите кои во изминатите два дена нашата владина делегацијата ги оствари со...

Македонија24 часа

Во првата недела од мај 37 отсто е намален бројот на новозаразени и починати од Ковид-19

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во текот на минатата недела (од 3 до 9 мај) тестирани...

Македонија1 ден

Доцна вечерва пристигнува офицерот на АРМ, кој со корона се заразил во Африка

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, ја потврди информацијата дека припадник на АРМ е заразен од коронавирус во Централноафриканската Република. Потполковник...

Свет1 ден

Еден од напаѓачите го најавил масакрот во руското училиште носејќи маска со натпис „бог“

Најмалку 11 лица се убиени во вооружениот напад во средно училиште во рускиот град Казањ. Напаѓачите, според информациите објавени од...

Македонија1 ден

Министерството за здравство: Вчера се аплицирани 14.033 дози вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови во државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица...

Регион1 ден

Во Србија пораст на бројот на вакцинирани по ветувањето на Вучиќ од 25 евра

Корона-бројките во Србија продолжуваат да паѓаат и покажуваат помалку од 1.000 заразени втор ден по ред, а белградските медиуми тврдат...

Македонија1 ден

Владата денеска ќе одлучува за новите рестриктивни мерки

Владата денеска ќе ја одржи редовната 69-та седница со повеќе точки на дневниот ред, информираат владините служби. На седницата, која...

Свет1 ден

СЗО: Сите треба да бидеме загрижени поради индискиот сој на коронавирус

Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира индискиот сој на коронавирусот, исто така познат како двоен мутант, како можност од нова...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку 20 загинати, меѓу нив 9 деца во синоќешните израелски напади

Палестинците рано утрово лансираа десетици ракети од Газа, а Израел возврати со нови воздушни напади. Израелската армија објави дека во...

Регион2 дена

Швајцарски весник со истражување: Зошто Балканот е легло на антиваксери?

Весникот Ноје Цирхер Цајтунг (НЗЗ), на почетокот на анализата од дописникот на Југоисточна Европа, Волкер Пабст, истакнува дека до неодамна,...

Досие