Економија
Франција од извозот на шампањ заработила 2,8 милијарди евра

САД, Велика Британија и Јапонија се трите најголеми увозници на шампањ, од чија продажба во 2017 година е остварен промет од вкупно 4,9 милијарди евра. Како што објави Одборот за шампањ, извозот од Франција се зголемил за 2,8 милијарди евра, што е за 6,6 отсто повеќе во однос на 2016 година.
Виното „Шампањ“ го носи името по регион на североистокот на Франција. САД е најголемиот побарувач на ова вино, каде продажбата минатата година достигнала 586 милиони евра, пред Велика Британија, која и понатака пати од негативното влијание на Брегзит, поради што има пад на продажбата за 11 отсто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Од полноќ ново поскапување на горивата

Mалопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,33%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.02.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 80,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 82,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 73,50 ден/лит
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.02.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 74,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,802 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.02.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 47,209 ден/кг.
Економија
Трипуновски: Одговорот за силен земјоделец е во задругарството

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во Велес присуствуваше на настан организиран од страна на на Македонската асоцијација на земјоделски задруги за промоција на можностите за финансиска поддршка на земјоделските задруги во Македонија. Министерот посочи дека одговорот за силен земјоделец е во задругарството, во таа насока треба да се движи македонското земјоделство.
„Поголемо и поквалитетно производство, сигурен пласман и поголем профит се само некои од придобивките на земјоделското здружување. Земјоделците преку здружување стануваат поконкурентни на пазарот. Во таа насока задругарството претставува клучен сегмент за модерно, конкуретно и извозно ориентирано земјоделство“, додаде министерот.
„Би сакал да истакнам дека соработката со Македонската асоцијација на земјоделски задруги и брзата реакција на Министерството придонесе за позитивен исход кој резултираше со изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој за враќање на довербата на земјоделските задруги. Отвореноста и транспарентноста кон сите засегнати чинители во секторот е важен приоритет, бидејќи секој придонесува со различни искуства, а нивниот единствен придонес е вреднуван и важен за Министерството. Во таа насока ние континуирано градиме заеднички платформи и стратегии за развој од кои произлегуваат акциони планови да делување“, појасни тој.
Според него, министерството останува цврст партнер и поддржувач на земјоделските задруги затоа што дека тие се единствениот начин за надминување на проблемите кои ги имаат земјоделците со пласманот на нивните производи, производителите ќе станат посилни на пазарот, ќе обезбедат континуирана продукција со стандардизиран квалитет во текот на целата годинa.
„Потребно е да се приближиме кон европските трендови, а едно од решенијата во земјоделството се задругите и организациите на производители се со цел за надминување на предизвиците со пласманот и цените на замјоделските производи“, истакна Трипуновски.
Економија
Средба Ангеловска-Бежоска и Камер: Независноста на централната банка е предуслов за макроекономската стабилност

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска се сретна со Алфред Камер, директорот на Меѓународниот монетарен фонд за Европа, на маргините на конференцијата на високо ниво „Справување со геоекономската фрагментација“, во организација на Холандската централна банка.
„Независноста на централната банка е јавно добро што мора да се зачува. Централните банки можат успешно да ги исполнат своите цели само ако се независни, вклучително и преку одржување силна финансиска самостојност заради ефективно спроведување на политиките. Народната банка на Северна Македонија успешно се справи со големиот број неодамнешни предизвици благодарение на нејзината независност и кредибилитет, коишто мора да се зачуваат“, изјави Алфред Камер, директорот на ММФ за Европа.
Гувернерката Ангеловска-Бежоска изрази благодарност до директорот Камер за техничката помош од ММФ, како и за препораките за начинот на изменување на Законот за Народната банка и за усогласување со најдобрите меѓународни практики за заштита на независноста на централната банка. „Независната монетарна политика е предуслов за одржување на стабилноста на цените и девизниот курс, особено во време на предизвици кога во глобалното опкружување и понатаму владеат висока неизвесност и геополитички ризици“, рече Ангеловска-Бежоска.
На конференцијата на високо ниво, гувернерите и замениците на гувернерите од земјите коишто се дел од холандската конституенца на ММФ, заедно со претставниците на високо ниво на ММФ, разговараа за геополитичките ризици и влијанијата врз економиите, како и за краткорочните и за долгорочните решенија на политиките за ублажување на можните негативни ефекти. На Конференцијата учествуваше и вицегувернерката Емилија Нацевска.