Контакт

Економија

Царовска и Младеновски: Со мерката младински додаток ги стимулираме младите луѓе да се вклучат во производствените компании

Објавено пред

Вицепремиерката задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска, заедно со директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриските развојни зони, Александар Младеновски, денеска ја посетија компанијата „Витек“ во ТИРЗ Скопје 1, чија основна дејност е производство на хидраулични спојки за висок притисок и гумени црева за градежна механизација и други индустрии.

Царовска, по обиколката на производствениот капацитет на „Витек“, го истакна задоволството што оваа компанија цели кон тоа да вработува млади луѓе, при што користат поддршка од државата преку мерката младински додаток. Преку мерката за младински додаток, во моментов во државата се поддржуваат над 3.000 млади лица под 23 години, вработени во производството или во земјоделието, со што директно на сметките на вработените се уплаќат по 3.000 денари месечно.

„Го посетивме ‘Витек’, да разговараме со нивната менаџмент-структура, да го посетиме работниот процес, со цел да поразговараме за тоа на кој начин обезбедуваат млад тим. Тие се специфични по тоа што голем број млади луѓе се дел од нивниот тим и се мотивирани работници. Дополнително разговаравме на кој начин  мерката младински додаток влијае кај нивните вработени. Тие сметаат дека навистина има поголем поттик  младите луѓе да доаѓаат во нивната компанија и воопшто да се вклучат во работниот процес во производство, заради тоа што со мерката младински додаток секое младо лице до 23 години коешто работи во производство добива дополнителни 3.000 денари на својата сметка од АВРСМ. На овој начин сакаме директно да влијаеме младите луѓе да станат позаинтересирани за производство, да разговараат со своите пријатели и на тој начин да се вклучат што повеќе од нив, затоа што младите луѓе навистина може да го поттикнат производството. Дополнително, тие секое лето организираат пракса и  половина од оние млади ученици коишто доаѓаат во нивната компанија остануваат по праксата. Тоа укажува дека навистина тој систем на дуално образование или на вклучување на учениците уште од средно техничко училиште во компаниите ќе даде резултат што поголем број млади луѓе да  работат во производството, но исто и да се заинтересираат за техничките универзитети и да  имаме што поголем број луѓе кои се подготвени да работат и да дадат свој максимум во производството“, изјави вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска.

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Александар Младеновски, објасни дека „Витек“, компанија која со успех работи од 2011година, е една од најголемите по површина во ТИРЗ Скопје 1, а притоа најави дека оваа италијанска компанија планира да го прошири своето производство со реализација на нова четврта фаза.

„Ме радува фактот дека веќе се планира нивната 4. фаза, којашто ќе биде во екстензија на долната страна. Таа фабрика ќе биде долга приближно 150 метри, оваа фабрика што ја гледате тука е околу 300 метри долга. Исто така се очекуваат околу 100 нови вработувања. Ме радува е што во последниот период извозот во зоните порасна значително во однос на првите месеци кога започна кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот. Иако има пад во споредба со минатата година, сепак има значителен пораст, а вкупниот извоз од зоните заклучно со минатиот месец изнесува 820 милиони евра. Би сакал да напоменам дека освен оваа екстензија, веќе се при крај и работите во Скопје ТИРЗ 2, каде што инвестираме во дополнителна инфраструктура, како и во инфраструктура во другите зони. Речиси низ цела Македонија завршуваат градежните работи, се завршува клучката во Струга, клучката во Прилеп, исто така и внатрешната инфраструктура во Прилеп, почнуваме со доизградба на внатрешната инфраструктура во Штип, Кичево, Струмица. Со тоа зоните полека се комплетираат“, нагласи директорот Младеновски.

Економија

Кочоска: Кои струмички компании имале кредити без покритие во Еуростандард и како се поврзани со власта

Објавено пред

Кои струмички компании имале кредити без покритие во Еуростандард банка и како тие се поврзани со власта и зошто НБРМ ги толерирала ваквите кредити, праша денеска на прес-конференција, Гордана Димитриеска-Кочоска, претседател на Комисијата за материјално финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата ја прашуваат гувернерката кога адвекватноста на капиталот на Еуростандард банка паднала под законскиот минимум.
ВМРО-ДПМНЕ прашува и зошто одлуката за одземање на лиценцата на Еуростандард банка се прави во овој момент и зошто истото не се направи пред избори.

„Кого штитеше гувернерката во последната година ако се земе предвид дека еден од сопствениците на банката јавно кажува дека овој проблем постои веќе една година. Дали толку време беше потребно избрана група на луѓе и компании да ги повлечат своите средства и да ја прекинат соработката со банката, како што е случајот со министерката за финансии“, праша Димитриеска-Кочоска.

Таа рече дека самата гувернерка признава оти нефункционалните кредити се 4,7 отсто од вкупните кредити, од кој цел еден процент отпаѓал на само една банка Еуростандард банка. Според Кососка, ова значи дека некој свесно дозволил давање на кредити без покритие, а од вкупните нефункционални кредити де факто над 21% отпаѓа на банка која гувернерката вели дека е незначајна за банкарскиот систем врз основа на тоа што Еуростандард банка со состојба на 30 јуни 2020 година учествува во вкупната актива, вкупните депозити и вкупните кредити на банкарскиот систем, со 1,3%, 1,7% и 1,6%, соодветно.

„Зошто е толерирано волку мала банка да има толку нефункционални кредити. Добро е и да се види кои струмички компании имале кредити без покритие во Еуростандард банка и како тие се поврани со власта. Колку компании се уништени со оваа одлука и колкав е износот на депозити на правните субјекти и физички лица кои не се гарантирани и кои не можат да ги повлечат. Кој ќе сноси одговорност за влошување на состојбата во бизнис секторот кој и онака трпи сериозни последици. Воедно се отвораат и други дилеми, кој ќе преземе одговорност за ширењето на корона вирусот кога над 55,000 граѓани веќе трчаат во други банки да отвораат сметки. Кој ќе сноси одговорност доколку дел од овие граѓани поради целиот овој хаос останат без приходи следниот месец? Она што исто така загрижува е и што ќе се случува со македонска пошта. Граѓаните знаат дека во македонска пошта можеше да се плаќа сметки. Но тие незнаат дека системот кој што македонска пошта го користеше е на Еуростандард банка. Колку оваа одлука ќе има влијание на ликвидноста на македонска пошта и дали ќе влијае на бројот на вработени? Воедно со оваа одлука која се носи во најголема здравствена и економска криза без работа остануваат околу 170 вработени кои имаат свои фамилии“, рече Димитриеска-Кочоска.

Прикажи повеќе...

Економија

НБРМ: По укинувањето на дозволата за „Еуростандард“, банкарскиот систем останува стабилен

Објавено пред

И по укинувањето на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје, граѓаните треба да бидат спокојни – банкарскиот систем е и останува стабилен и сигурен, велат од Комитетот за финансиска стабилност при Народната банка, од каде нагласуваат дека стабилни и сигурни се сите други банки, како и штедилниците.

НБРМ е децидна дека финансиската стабилност постојано јакне и за тоа клучен е придонесот токму на стабилноста и сигурноста на банкарскиот систем, кој е еден од најцврстите носечки столбови на македонската економија.

„Укинувањето на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје е влог во натамошно одржување на стабилноста на банкарскиот систем и на финансиската стабилност во целина“, велат од НБРМ.

При разгледување на показателите за банкарскиот систем, во контекст на укинувањето на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје и ефектите врз системот, меѓу другото беа донесени следните заклучоци:

· Со укинувањето на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје се штити стабилноста на банкарскиот систем и финансиската стабилност во целина. „Еуростандард банка“ АД Скопје имаше исклучително ниско учество во најзначајните активности на банкарскиот систем (1,3% од вкупната актива, 1,7% од вкупните депозити и 1,6% од вкупните кредити), а истовремено остваруваше значајно влијание врз нефункционалните кредити на системот.

· Укинувањето на дозволата за работа на „Еуростандард банка“ АД Скопје не влијае на стабилноста на ниту еден сегмент на финансискиот систем.

· Остварувањата на банкарскиот систем, со состојба на крајот на првата половина на оваа година се подобри споредено со мартовските податоци, кога корона-кризата сѐ уште не беше посилно присутна во нашата економија.

· Од исклучително големо значење за постојаното јакнење на финансиската стабилност е што солвентноста на банкарскиот систем е во рамки на историскиот максимум. Најголемиот дел од добивката на банките, во изминатиот период беше реинвестирана, во согласност со препораката на Народната банка. Високата ликвидност на банкарскиот систем, заедно со неговата солвентност се главни показатели коишто потврдуваат дека системот има висока отпорност на шокови, но и капацитет за натамошна кредитна поддршка на реалниот сектор.

· Добивката на банките е намалена во изминатиот период, но показателите за профитабилноста на банкарскиот систем се исклучително солидни. Со изземање на „Еуростандард банка“ АД Скопје од системот, според податоците на Народната банка со состојба на 30 јуни 2020 година, кај финансискиот резултат на системот се забележува подобрување за речиси 21%.

Притоа, од членовите на Комитетот беше констатирано дека со ваквите перформанси, банкарскиот систем, во секој момент може во рамки на максимумот да одговори на потребите на клиентите и ефикасно да им овозможи користење на банкарските услуги и производи, вклучително и квалитетна и соодветна кредитна поддршка и клучно – безбедност за нивните депозити.

Во завршницата на седницата на Комитетот уште еднаш беше споделена заедничката констатација дека соработката и координацијата меѓу финансиските регулатори е од исклучително значење за одржувањето на финансиската стабилност, а дека здравиот, сигурен и стабилен банкарски систем е главен стожер на финансиската и макроекономската стабилност, во којшто доверба може да имаат сите економски субјекти во земјата.

Прикажи повеќе...

Економија

ФИТР: 123 домашни компании во финална фаза на повикот за приспособување од последиците од пандемијата

Објавено пред

Вкупно 123 домашни компании продолжуваат во фазата на финална селекција во рамките на јавниот повик за брзо приспособување од последиците од Ковид-19 на Фондот за иновации и технолошки развој (прв циклус). Овие компании планираат инвестиции од 237 милиони денари, од кои 97 милиони денари се нивен влог, а од ФИТР побаруваат безмалку 139 милиони денари. На повикот, кој беше отворен од 29 мај до 3 јули 2020 година аплицираа вкупно 166 компании.

Од овие 123 компании, 74 аплицираат првпат во Фондот, 17 % аплицираат втор или повеќепати без претходно добиена поддршка, а само 9 % се претходни корисници на средства. Според анализите, во најголем дел се работи за мали (67) и микро (47) компании, како и 9 средни претпријатија.

Повеќето на инвестициските планови се од областа на здравството, ИТ, трговијата, но и категориите, како машинството, креативната индустрија, угостителството и текстилната индустрија.

Во процесот на примарната селекција на инвестициските планови Фондот ангажира соодветни надворешни стручни лица. Оценувањето се врши врз основа на следните критериуми: технолошки напредок и степен на дигитализација, односно во кој степен проектот ќе придонесе за дигитализација во процесите, развивање нов или значајно подобрен производ, услуга или работен процес кај апликантот, потоа квалитет на проектот, капацитет на проектниот тим и влијание. Како новина во овој повик е воведено и дополнително бодирање за компании со жени во управувачката, односно сопственичката структура, и компании што доаѓаат од помалку развиените региони, кои ќе имаат и предност при селекцијата.

Анализите покажуваат дека со воведувањето на овие критериуми, само со првиот циклус е поттикнато учество на компании управувани или во сопственост на жени, и тоа 46 %, а зголемен е и бројот на компании со седиште во помалку развиените региони. Во споредба со претходните повици регистриран е пораст во Југоисточниот (11 %), Источниот (10 %) и Полошкиот Регион (4 %).

Процесот на финална селекција продолжува онлајн, а конечната одлука за кофинансирање ќе ја донесе Комитетот за одобрување инвестиции според горепсоменатите критериуми.

Во фаза на подготовка е нов циклус на аплицирање за финансиска поддршка за економско заздравување. За таа цел, Фондот, во соработка со стопанските комори, достави посебен прашалник до широк број домашни компании. Со прашалникот компаниите имаат можност за директен придонес во креирањето на условите за вториот циклус што Фондот планира да го реализира веднаш по завршување на тековниот. Прашалникот е поместен на следниот линк (https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfDmh-RNYUTSav0j6c69lajOOWHPnYBw0Lhhem8rnRPTXuTCQ/viewform) и достапен е за сите микро, мали, средни и големи компании од РС Македонија.

За реализација на втор и следни циклуси на јавни повици за економско заздравување Фондот иницира дополнителни средства од Владата над веќе обезбедените 200 милиони денари, од кои поголем дел ќе биде искористени уште со првиот циклус.

Програмата за економско заздравување е дел од третиот пакет економски мерки на Владата и е наменет за поддршка на микро, мали и средни компании, кои имаат потврден потенцијал за успешно работење.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

Aлијанса и Алтернатива: Сѐ уште не сме во преговори со Заев

Коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива на прес-конференција рекоа дека засега немале средби со СДСМ и лидерот Заев околку евентуалното коалицрање....

Македонија2 часа

Србија воведе задолжителен ПЦР тест за македонските граѓани

Странците кои доаѓаат во Србија од одредени земји ќе мора да имаат негативен ПЦР тест не постар од 48 часа,...

Топ2 часа

Воз удри во „цитроен“ во Тетово, две лица се повредени

Две лица се тешко повредени кога воз удрил во „цитроен“ пред влезот на железничката станица во Тетово. Како што информира...

Топ3 часа

Убиство во Инџиково – му барале пари, па го застрелале пред сопругата

Четириесет и деветгодишен жител на скопското село Инџиково синоќа бил убиен во својот дом. Според информациите на полицијата, зад убиството...

Македонија4 часа

Апасиев најавува предлог-мерки за реформа на банкарскиот сектор, ќе бара и канцеларија во Собранието

Пратеникот од Левицата, Димитар Апасиев, најави дека партијата набгру ќе предложи мерки за реформа на банкарскиот сектор по случувањата со...

Македонија4 часа

Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, изјави дека Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за...

Топ5 часа

Уапсен тетовец, кој запалил две возила на ЕВН

Пожарникарите во Тетово во текот на ноќта интервенирале на две запалени возила, сопственост на компанијата „ЕВН Македонија“, на две одвоени...

Свет5 часа

Германка заразена со Ковид-19 ќе плати глоба од 10 илјади евра бидејќи го напуштила карантинот

Судот во Австрија казни жена со 10.800 евра бидејќи го напуштила карантинот додека била заразена со коронавирус. Регионалниот суд во...

Свет6 часа

СЗО: Руската вакцина не е меѓу деветте кои се во напредна фаза на тестирање

Светската здравствена организација соопшти дека вакцината одобрена од Русија оваа недела не е меѓу деветте, за кои се смета дека...

Свет8 часа

Поради поплаките на Трамп, се менува стандардот за тушевите

Кога американскиот претседател, Доналд Трамп, повеќепати се пожали дека не му се допаѓа начинот на кој работат тушевите, американските власти...

Свет17 часа

(Видео) Маж спасен во последната секунда, му се заглавила инвалидската количка во пругата додека доаѓал воз

Камера од опремата на полицајка во Калифорнија сними неверојатно спасување во последен миг на лице со попреченост, чијашто инвалидска количка...

Свет17 часа

Израел и Обединетите Арапски Емирати постигнаа историски договор со посредство на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека телефонски разговарал со лидерите на Израел и Обединетите Арапски Емирати и дека е постигнат...

Европа18 часа

Белгија воведува пилот програма за брзо тестирање на Ковид-19 во домашни услови

Илјадници студенти од белгискиот Универзитет во Лијеж од септември секоја недела дома ќе собираат примерок од плунката за брз тест...

Македонија19 часа

Пендаровски: Заев ќе го врати мандатот ако не обезбеди мнозинство

Зоран Заев го добил мандатот поради тоа што истекуваат уставните рокови, сепак, ако не успее да формира Влада, мандатот ќе...

Македонија20 часа

Заев и Ахмети по средбата: Постојат добри основи за напредок

Попладнево заврши работната средба меѓу СДСМ и коалицијата “Можеме” и ДУИ на која учествуваа претседателите Зоран Заев и Али Ахмети...

Македонија20 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со претседателот Стево Пендаровски и ќе ги преиспита...

Топ22 часа

Женско тело извадено од водите на Пчиња

Безживотно женско тело било забележано во водите на реката Пчиња. Како што информираат од полицијата, телото било пронајдено вчера под...

Македонија22 часа

Американската амбасадорка му го честита мандатот на Заев

Американската амбасадорка, Кејт Мари Брнз, му го честита мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за состав на нова влада....

Економија24 часа

Пропаѓањето на Еуростандард банка го блокира платниот промет во „Македонска пошта“

Поради пропаѓањето на Еуростандард банка, платниот промет во „Македонска пошта“ е блокиран, соопшти генералниот директор Ејуп Рустеми. Тоа значи дека...

Македонија1 ден

141 нов случај на Kовид-19 во земјата, починале 2 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.848 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Досие