Економија
Шампион со долг опсег: Новиот GRANDLAND PLUG-IN HYBRID

• Полн резервоар за гориво и батерија: новиот грандиозен SUV може да помине 1,115 km
• Новиот SUV на тест: со plug-in hybrid во GS ниво на опременост може да поминете 380 km на електрична енергија без емисии, со едно полнење благодарение на регенеративното сопирање
• Идеален за флотна продажба и физички лица: погон совршен за секој кој сака да патува на електрична енергија и сака да помине повеќе километри на особено ефикасен начин за заштеда на ресурси
Вредности (комбинирано) за Opel Grandland Plug-in Hybrid според WLTP: потрошувачка на енергија 21.9-23.4 kWh /100 km плус 0.8-0.9 l бензин/100 km; емисија на CO2 19-21 g/km; CO2 класа B. Со празна батерија: потрошувачка на гориво 6.8-7.0 l/100 km; CO2 класа F.
Новиот Opel Grandland импресионира со својот атрактивен стил, револуционерни технологии, паметни решенија, многу простор и целосно електричната палета. Добитникот на наградата „Златен управувач 2024“е достапен како целосно електричен Grandland Electric, Grandland Hybrid со 48-V технологија и моќeн Grandland Plug-in Hybrid. Тимот на главниот инженер Dirk Kaminski, задолжен за Grandland, сега го стави на тест паметниот концепт на plug-in хибридниот погон. Неверојатните резултати ќе ги импресионираат компаниите и возачите на долги релации.
„Вредностите според WLTP се јасни: според официјалниот тест циклус, новиот Grandland Plug-in Hybrid овозможува опсег (комбинирано) до 897 km, од кои до 87 km на електрична енергија“, изјави Dirk Kaminski. „Но помисливме: ајде да видиме што навистина може да направи автомобилот. Нашиот нов грандиозен SUV дефинитивно ќе ја пробие границата од 1.000 km со полн резервоар за гориво и батерија. Да не заборавиме дека, Grandland е целосно произведен во Германија и излага од производната лента во ултрамодерната фабрика во Eisenach. Го ставивме на тест во услови кои се реално и полоши отколку во официјалниот тест циклус.
Од полн до потполно празен: поминати 1.115 km под неповолни услови
Додека вредностите според WLTP се одредуваат на температури од околу 23оС, новиот Grandland Plug-in Hybrid тргна на ветровито и дождливо јануарско утро на свежи 11оС. Соодветно за сезоната со зимски пневматици од 19 инчи наместо летни пнематици со помал отпор на тркалање и во комплетното GS ниво на опременост. Единствениот услов беше: „SUV возилото да има полн резервоар за гориво и целосно наполнета 17,9 kWh батерија. Возиме сè додека не се испразнат резервоарот за гориво и батеријата“.
Рlug-in hybrid возилото ги комплетира типичните возни рути од областа Rhine-Main околу Риселсхајм и Франкфурт до областа Rhine-Neckar и назад. Рутите вклучуваа автопат со слободно одвивање на сообраќајот, со сообраќајни застанувања и сообраќаен метеж, како и рурални патишта и градски сообраќај, вклучително и застанувања на семафори. Реален тест што ги одразува вистинските секојдневни барања на многу возачи на службени автомобили.
Резултатот или растојанието што Grandland Plug-in Hybrid, кој испорачува моќност од 143 kW (195 КС) и 350 Nm максимален вртежен момент, го постигна со само едно полнење на резервоарот и на батеријата, ги надмина очекувањата на тимот на Opel: со просечна брзина од 80 km/h и високо ефикасна вкупна просечна потрошувачка на гориво од 4,6 литри на 100km. Новиот SUV помина вкупно 1.115 km во четири етапи (прекинати со паузи за исполнување на законските услови за придржување до времето на возење). Plug-in Hybrid возилото извозе нешто повеќе од една третина од вкупното растојание, или поточно 380 km, на електрична енергија и без емисија на штетни гасови.
„Фактот што Grandland постигнува такви извонредни вредности под овие околности, а на крајот на тестот температурите се спуштија на само 4оС, уште еднаш потврди дека создадовме автомобил кој е револуционерен во секој поглед со погонски концепт кој е целосно погоден за секојдневна употреба. Високо ефикасниот мотор со внатрешно согорување и електромоторот работат во совршена хармонија“, рече Kaminski. „Повеќе од тоа: секој пат кога ќе забавите, погонската единица се префрла на електрична енергија. Ова е можно затоа што регенерираната енергија се користи за електрично напојување на автомобилот што значи дека долгите дестинации може да се поминат со мали и средни брзини без емисии.
‘Greenovation’ à la Opel: SUV кој овозможува заштеда на ресурси
Затоа, новиот Opel Grandland Plug-in Hybrid е идеален избор за возење на електрична енергија при извршување на секојдневите активности, како службено возило за поминување на долги релации и за возачи кои сакаат да бидат особено ефикасни во однос на ресурсите и да не се вознемируваат за опсегот. Не само употребата на рециклирани материјали и отсуството на хром покажуваат што значи пристапот ‘Greenovation’ на Opel и одржливоста кај новиот грандиозен SUV. Тоа импресивно го покажуваат и резултатите од тестот.
Бројните други квалитети кај целосно новиот Grandland ги прават секојдневните службени патувања, како и долгите патувања уште попријатни: ергономските седишта сертифицирани од Aktion Gesunder Rücken e.V. (AGR) обезбедуваат опуштено задоволство при возење. Патентираната ергономска карактеристика Intelli-Seat е стандардна кај сите предни седишта. Со технологии како што се Intelli-Lux HD светлата без отсјај, предниот екран Intelli-HUD или осветлената, проѕирна Pixel Box, возачите на Grandland се совршено опремени.
На крајот од тестот, останува едно последно прашање: кое растојание би можело да помине новиот Grandland Plug-in Hybrid со полн резервоар и полна батерија под идеални услови за тестирање (на пример, на почетокот на летото)? Увидот што ние како тим го добивме до досега се извозени 1.115 km: под оптимални услови, сигурно би било можно уште повеќе“, рече Kaminski.
За повеќе информации и нарачки на новиот Opel Grandland обратете се во Еуроимпекс или дилерската мрежа.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Изгласан новиот закон за енергетика

Денес, во Собранието беше изгласан новиот Закон за енергетика.
Oд Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, законот го опишаа како стемски, сеопфатен и реформски закон кој ги поставува темелите на новата енергетска политика на земјата. Со тоа, како што се додава, Македонија конечно добива јасна, модерна и европски усогласена законска рамка за развој на енергетиката.
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на завршното обраќање пред пратениците нагласи:
„Законот што денес го донесовме претставува визија за иднината и темел на нашата национална трансформација кон чиста, одржлива и праведна енергетска иднина. Ова е закон што создава можности, но и бара одговорност.“
Законот е подготвуван во соработка со институции, експерти, бизнис сектор, оператори, регулаторот и други заинтересирани страни.
Новиот Закон за енергетика содржи зголемување на уделот на обновливи извори во финалната потрошувачка; поголема енергетска ефикасност и намалување на загубите; отворен енергетски пазар во кој граѓаните стануваат активни чинители – производители, продавачи, членови на енергетски заедници. Законските решенија вклучуваат заштита на ранливите категории, поддршка за енергетска сиромаштија и фер пристап до енергија за сите.
„Енергијата не е само моторот на економијата, таа е основа за квалитетен живот. Со овој закон ја отвораме вратата за една енергетски суверена, зелена и европска Македонија.“ истакна министерката Божиновска.
Економија
Автоматски ќе има мерки што ќе важат до крајот на годината ако се утврди скок на цените, Мицкоски засега не знае за поскапувања

Ќе има автоматски мерки што ќе важат до крајот на годината ако се утврди скок на цените, Мицкоски засега не знае за поскапувања.
Ако до крајот на месецот се утврди дека има скок на цените откога престана да важи последната мерка за замрзнати маржи, ќе има нови мерки што ќе останат во сила многу подолго отколку досегашните. Премиерот Христијан Мицкоски засега нема информации за поскапени производи, но остава простор тоа да го утврди извештајот на Државниот пазарен инспекторат на крајот на овој месец.
„Ги следиме состојбите, јас немам таква информација. Разговарав со министерот пред два дена, имавме состанок и ми покажа бројки, немам информација дека тоа се случува. Но, доколку тоа се случи, на крајот од месецот автоматски ќе бидат применети мерки што ќе траат до крајот на годината. Јасно кажавме дека такви трикови нема да толерираме. Слушаме трикови во кои преку прокси правни лица ќе се изнесуваат пари под плаштот на маркетинг-услуги, ПР-услуги и така натаму, а со тоа практично ќе се плаќа маржата што се плаќаше во минатото на одредени маркети. Слушаме, стигаат и до нас такви информации. Вознемирени сме од она што го слушаме и тоа не е добро затоа што на тој начин не можеме да градиме партнерски однос“, рече денес премиерот Христијан Мицкоски по поставувањето камен-темелник за спортска сала во училиштето „Гоце Делчев“ во село Долно Лисиче.
Маржите на 102 групи производи беа замрзнати до 30 април, а последните две недели има производи чии цени се зголемија и за 60 денари, како што се некои хигиенски производи. Министерот за економија Бесар Дурмиши минатата недела рече дека таквите поскапувања треба да ги потврди Државниот пазарен инспекторат за да може да преземат мерки. И тој најави дека мерките ќе бидат поригорозни и за трговците, и за производителите, и за дистрибутерите.
Економија
Мицкоски најавува инвестициски бум од речиси 2 милијарди евра: ќе се инвестира во здравството, енергетиката, а ќе се реконструира и модернизира и железничкиот транспорт

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што предвидува планот за инфраструктурен бум што беше најавен за Македонија за 2025, изјави:
„Да, тоа ќе биде еден, би рекол, инфраструктурен бум, ако можам така да го наречам. Ќе се модернизира и реконструира Коридорот 10, железничката пруга од Табановце до Гевгелија. Кога сето тоа ќе биде завршено ,граѓаните ќе патуваат и ќе може да го користат железничкиот транспорт со брзина од 160 километри на час во просек.
А карго-возовите, мислам дека еден таков поминува сега, тие ќе може, наместо сегашните, во одредени делници од 10 до 15 километри на час, да возат 110 километри на час во просек. Што значи најмалку четирипати повеќе од сегашниот просек. Со тоа очекуваме не само зголемена брзина на карго-превозот кшто ќе транзитира низ нашата држава туку да има и зголемен интерес за повеќе композиции, на кои, секако, поради побрзиот транзит, ќе им биде зголемен бројот. Очекувам најмалку десетпати да се зголеми. Двапати по основ на интерес и четири-петпати по основ на брзина. Така што, во нето-износ тоа да биде најмалку десетпати повеќе од ова што денеска е. И крајната цел е на „Македонски железници“ годишниот приход од својата основна дејност да достигне помеѓу 100 и 120 милиони евра. Тоа е во делот на железничкиот превоз.
Исто така, инвестираме во здравството. Продолжуваме со изградба на Клиничката болница во Штип. Зграда за Медицинскиот факултет, студентски дом, болницата во Кичево, реконструкција на Клиничката болница во Тетово, инвестиции помеѓу 190 и 200 милиони евра или вкупно заедно со реконструкцијата на Коридорот ќе натфрли бројка од две милијарди евра.
Продолжуваме да бараме партнер за изградба на стратешки проекти. Во енергетиката главен фокус ни е проектот „Чебрене-Галиште“. Пред состанокот на извршниот комитет имав состанок со министерката вчера, разговаравме за стратегијата, пристапот и за начинот на кој тој проект понатаму ќе го водиме. И убеден сум дека овој пат анализираме, дека државата ќе има можности да направи поинаков договор од она што беше во минатото“.
Мицкоски одговараше и во однос на реконструкцијата на Коридорот 10 и дали тој е дел од планот за раст.
„Дел од планот за раст, но и дел од најавената инвестиција што врз основа на договор на Влада со Влада ќе го потпишеме. Многу бргу, веќе не се недели, денови се во прашање, македонската јавност точно ќе знае за што станува збор“.