Економија
Што е тоа што го прави вашиот дом место на удобност и безбедност ?
Секојдневните вести поврзани со пожар во згради и станови, опожарување на автомобили или друг вид на природни катастрофи, како што се уништување на имотот поради поплави од поројни дождови, или пукнати цевки од водоводна инсталација, се најчестите настани кои за жал не сме во можност да ги спречиме.
Но, осигурувањето на имот, има една главна цел – заштита од финансиски загуби кои можат да настанат поради:
⦁ Пожар,
⦁ Земјотрес,
⦁ Кражба,
⦁ Поплава и порој,
⦁ Лизгање и одронување на земјиште.
Сите овие катастрофи иако се неизбежни и се вон контрола на сопствениците, може да имаат поголем размер доколку не е склучена полиса за осигурување на имотот.
Ние во MИНТ ИНС веруваме дека осигурувањето треба да биде повеќе од обврска или деловен трошок. Квалитетно и соодветно осигурување е значајна компонента на вашата финансиска стратегија, начин да ги заштитите вашите средства и вашата иднина од неочекувани настани и ризици. Затоа создадовме модерна и иновативна осигурителна брокерска компанија која е посветена на обезбедување персонализирани решенија за осигурување на клиенти од сите големини.
Овозможуваме повеќе од осигурување:
– Креирање на стратегија за намалување на ризикот: Анализирање на ризиците со кои се соочуват клиентите и подготвување на понуда за соодветното осигурување со цел да се намалат тие ризици.
– Воспоставени односи со повеќе компании за осигурување и согласно законската обврска споредување и избирање на најсоодветна понуда во однос на премија и покритие.
– Голем број на осигурителни продукти кои ги задоволуваат потребите на потенцијалните и постоечките клиенти
– Заштита на интересот на клиентите: советување и појаснувања за сите околности при одлучување во однос на склучување на полиса за осигурување.
– Управување со штети: обезбедување на услуги за управување со штети, помагајќи им на клиентите да се движат низ процесот на побарувања и застапувајќи во нивно име за да се осигураат дека нивните побарувања се решени брзо.
– Лиценцирани осигурителни брокери: Нашиот тим од искусни осигурителни професионалци овозможува приспособени решенија за осигурување кои ги задоволуваат уникатните потреби на клиентите.
Дополнително, МинтИнс како осигурителен брокер, има можност да Ви понуди различни полиси од различни осигуретилни компании, а со секоја осигурителна полиса добивате асистенција при наплата на штети односно сеопфатна помош која го олеснува добивањето на побарувањата, нудејќи бројни придобивки како што се:
– Бесплатна консултација за утврдување на правната основа за надомест на сите видови штети
– Процедури за надомест на штета од осигурителната компанија
– Бесплатна категоризација на повреди од сообраќајни незгоди од независен лекар-цензор
– Алтернативна пресметка за материјална штета во однос на проценката на осигурителната компанија.
– Определување коефициент на инвалидност во случај на несреќа
– Консултации за третман на лице место преку контакт центарот
Дополнителните придобивки за осигурениците вклучуваат:
– Авансно плаќање на трошоците за изготвување на вештачење на штета во вонсудска постапка
– Организирана наплата на штета во судска постапка во случај на неточни понуди
– Авансно плаќање на трошоците за правно застапување во судска постапка.
Секако, МинтИнс за своите клиенти нуди можност за плаќање преку online платформата, со можност за плаќање до 12 рати без камата, или со траен налог.
Со Mинт Инс покрај вас, можете да бидете сигурни дека сте во добри раце за избор на поволна полиса за осигурување и сооодветна заштита која ви е потребна.
Контактирајте со нас денес за да дознаете повеќе за тоа како можеме да ви помогнеме да го заштитите она што е најважно
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Димитриеска-Кочоска: Растот на економијата следната година над 3,5 отсто, се темели на инвестиции
Растот на македонската економија според проекциите на Министерството за финансии за оваа година е 2,1%, а за наредната и повеќе од 3,5 %, додека буџетскиот дефицит 4%. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за Гласот на Америка во Вашингтон, каде учествува на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка.
„Го менуваме комплетно економскиот концепт во насока на тоа дека ќе поддржуваме инвестиции, а не потрошувачка. Во тек е оној голем проект којшто го најавивме за општините. Повикот е во тек така што тука ќе има голема реализација. Исто така, 250 милиони евра поддршка за приватниот сектор. Значи очекуваме дека дефинитивно ќе ги оствариме оние стапки на раст коишто ние како Министерство за финансии ги проектираме, а тоа е 2,1% до крајот на годината и за следната година ќе видиме ама ќе биде повеќе од 3,5 проценти„, рече министерката осврнувајќи се на проекциите на Светска банка, кои како што вели се логични ако се земат предвид претпоставките што ги користи СБ, а тоа е она што остана до претходната Влада, слаби резултати и низок раст на БДП.
Во однос на буџетскиот дефицит, во интервјуто наведува дека преку ноќ не може да се постигнат фискалните правила за буџетскиот дефицит до 3% од БДП и јавен долг до 60% и дека е потребно време за да се консолидира.
„Следната година е планиран буџетскиот дефицит на 4%, потоа следната на 3,5% и да стигнеме до 3%, односно до комплетна консолидација. Она што е најважно барем во овој момент по мене, а тоа е корупцијата и мислам дека тука барем како министер за финансии, којшто е одговорен за дел од институции коишто треба, исто така, да внимаваат многу, барем во делот на сивата економија, би рекла дека тука веќе немаме компромис и силно се бориме против корупцијата и криминалот и во тој дел очекувам позитивни резултати во периодот којшто следи“, рече министерката за финансии.
Во интервјуто се осврна и на заемот од унгарската Експорт импорт банка, за што истакна дека станува збор за заем планиран од претходната Влада којшто се реализираше со кредит под поволни услови наместо со еврообврзница.
„Секое ново задолжување нормално дека дава негативни ефекти. Меѓутоа, ние зборуваме за кредит којшто беше планиран од претходната Влада, само не земавме еврообврзница, тука напротив, би кажала како министер за финансии и како Влада, може да бидеме горди што успеавме да обезбедиме кредит под многу поволни услови, со многу ниска провизија во однос да речеме, да носевме одлука за издавање еврообврзница, а при тоа парите се од европска држава. Јас навистина не гледам ништо спорно, напротив успехот од тоа што постигнавме со 3,25% каматна стапка, мислам дека некој се труди да го преврти во друга насока и да каже дека еве сега да не дефокусираат тоа што е најважното, а тоа дека ги заштедивме граѓаните на државата, а што направивме позајмивме нешто што и претходно беше планирано само многу поскапо“, посочи министерката за финансии и додаде дека неоправдано ќе беше да се задолжуваме со каматна стапка од над 6%.
Таа наведе дека парите се наменети за инвестиции во приватниот сектор и поддршка на општините за инфраструктурни проекти.
Економија
ТИТАН УСЈЕ – Пионер во имплементацијата на практики од циркуларната економија во земјава
ТИТАН УСЈЕ е меѓу првите во земјава кои активно применуваат циркуларни практики, особено преку копроцесирање на алтернативни горива како оризова лушпа и остатоци од текстилната индустрија. Во периодот од 2020 до 2024 година, околу 5% од топлинската енергија што ја користат печките на УСЈЕ доаѓа од нефосилни горива. Овие практики значително го намалуваат користењето на фосилни горива и придонесуваат кон декарбонизацијата на процесите во производството на цемент.
Ова го истакна Наташа Бакреска, менаџер за животна средина и алтернативни горива на ТИТАН УСЈЕ, на „Националната работилница за консолидација на институционалната рамка за транзиција кон циркуларна економија“, во организација на Економската комисија за Европа на Обединетите Нации, која денес се одржа во Скопје. На работилницата беа претставени концепти и бизнис модели на циркуларната економија, успешни примери од нивната имплементација и предизвиците. Со користењето на алтернативни горива како биомаса и текстилни остатоци, ТИТАН УСЈЕ дава пример за тоа како цементната индустрија е интегрирана алка во кружната економија и може да придонесе за значителна декарбонизација и позитивно влијание врз животната средина.
„Подготвени сме да ги ставиме на располагање нашите искуства и експертиза во корист на пошироката индустрија и општество Компанијата успеа да пренасочи од депонирање над 13.000 тони биомаса како оризови лушпи и текстил, пластика, хартија и картон кои не се погодни за рециклирање. Со тоа, УСЈЕ има позитивно влијание врз животната средина со намалување на зависноста од природните ресурси и е безбедно, одржливо решение за проблемот со управување со отпадот,” изјави Бакреска.
УСЈЕ исто така активно работи на производство на нискојаглеродни цементи, при што успеа да намали 2.600 тони CO2 во 2023 година споредено со 2022 година – резултат еквивалентен на отстранување од употреба на 560 автомобили годишно. Компанијата има за цел до 2030 година да го намали процентот на клинкер во цементот од 70% на 63%, задржувајќи го високиот квалитет на производите и придонесувајќи кон целта на ТИТАН Групацијата за нето-нула до 2050 година.
ТИТАН УСЈЕ останува посветена на својата мисија за одржлив развој и активно ја поддржува Северна Македонија во нејзините напори за циркуларна транзиција, истовремено придонесувајќи кон подобрување на квалитетот на животната средина и постигнување на глобалните климатски цели.
На работилницата учествуваа претставници на повеќе министерства, државни и образовни институции и на деловни асоцијации и компании, претставници на странски организации во земјава, како и од Република Бугарија и од Република Ирска. Целта на работилницата беше да се поддржат креаторите на политиките и регулаторите во нивните напори за успешно преминување кон циркуларна економија.
ПР објава
Економија
СДСМ: Мерките на Владата немаат ефект, ја виде ли Бојан Стојановски минималната кошничка
На вчерашната прес конференција, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски рече дека партијата нема да го поддржи Законот за минимална плата од 450 евра предложен од СДСМ и коалицијата со образложение дека треба да се почека синдикалната кошничка за да се види ефектот од мерките на владата. Ја виде ли Бојан Стојановски висината на синдикалната кошничка? Ете денеска е објавена, минималната синдикална кошничка за месец октомври изнесува 61.249 денари, односно во споредба со минатиот месец разликата е само 57 денари, истакнуваат од СДСМ.
Ова, според нив, е најголема потврда на она што граѓаните веќе го знаат, мерките на Владата за намалување на цените немаат никаков ефект, воопшто не се намалени цените на производите.
„Го повикуваме пратеникот Бојан Стојановски сега да излезе пред граѓаните, да признае дека мерките на Владата на Мицкоски се погрешни, без резултат и да го поддржи Законот за минимална плата предложен од СДСМ.
Граѓаните не се само статистика, зборуваме за вистински животи, за родители, за млади, за возрасни сограѓани кои секојдневно се борат да обезбедат достоинствен живот за своите семејства.
Токму затоа, зголемувањето на минималната плата е итно и неопходно“, прецизираат од опозоциската партија.