Контакт

Економија

Ќе се зголемува производството на струја од ветерниот парк во Богданци

Објавено пред

Генералниот директор на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски, во Богданци порача дека тамошниот ветерен парк ќе се проширува со поголеми и помоќни турбини.

„Со поголеми и помоќни турбини ќе го зголемиме нашето производство на електрична енергија од обновливи извори“, порача Ковачевски.

Ветерниот парк Богданци во моментот работи со 16 турбини, a во втората фаза, која сега се спроведува, ќе биде проширен со уште 4 турбини, со поголема моќност од постоечките.

Со тоа, ветерната електрана од сегашните 36,8 MW инсталирана моќност, ќе биде заокружена на проектирана моќност од 50 MW, информираат од ЕСМ.

Ковачевски денеска се сретна и со градоначалникот на општина Богданци, Блаже Шапов, на сoстанок на кој се разгледувале можностите за понатамошна соработка меѓу ЕСМ и општината.

 

Економија

Во САД над 40 милиони луѓе останале без работа

Објавено пред

Во САД минатата недела биле поднесени уште 2,1 милиони нови барања за добивање помош поради невработеност, соопшти Министерството за труд на САД.

Со ова, вкупниот број на луѓе кои од средината на март останале без работа поради коронавирусот се искачи на повеќе од 40 милиони, извести „Њујорк тајмс“.

Ова е осма недела по ред како се намалува бројот на нови пријави за финансиска помош по рекордот од 6,9 милиони во март за една недела, но нивното ниво и понатаму далеку го надминува историскиот максимум, пишува „Њујорк тајмс“.

Новите барања, оценува весникот, можеби не се исклучиво резултат на нови отпуштања и го наведува фактот дека државните агенции за вработување се затрупани со многу барања, па доцнат со нивно проследување до надлежните служби.

Прикажи повеќе...

Економија

ЕБОР започнува со онлајн обуки за мали бизниси

Објавено пред

ЕБОР ја започнува програмата за бесплатно онлајн учење и советување за микро, малите и средните компании (ММС) соочени со економското влијание од пандемијата од корона вирусот.

Програмата на ЕБОР „Научи како да менаџираш во криза’’ се наоѓа на платформа на банката- The Know How Academy и е централно место каде што претприемачите ќе имаат пристап до обуки и ќе можат да добијат советување за кризен менаџмент од индустриски експерти, а можат да се вклучат и во форуми за дискусија со нивните колеги.

Од ЕБОР велат дека програмата ќе нуди и специфични локални информации за финансиската помош достапна од владите и банките во 30 земји каде што е ЕБОР присутна.

Програмата ќе се фокусира на пет клучни столбови во бизнисот: Кризен менаџмент: Вашите клиенти и добавувачи, Кризен менаџмент: Основи на финансиски менаџмент, Кризен менаџмент: Финансирање на вашата компанија, Кризен менаџмент: Вашите вработени- вашиот клучен капитал, Кризен менаџмент: Предизвици на управувањето и лидерство.

Прикажи повеќе...

Економија

За 24.461 дете исплатен образовен додаток

Објавено пред

За 24.461 дете извршена е исплата на додатокот за образование за третиот мерен период, информираат од Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

„Значајно е децата од семејства без или со ниски приходи да добијат дополнителна поддршка. Токму затоа Владата донесе уредба за престанување важење на условот за потврда за редовност за исплата на додатокот за образование за третиот и четвртиот мерен период за учебната 2019/2020 година, со цел да го олесниме пристапот до овие права“, се наведува во соопштението на Министерството.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Агенцијата за национална безбедност го демантира Чулев: Не располагаме со опрема за следење на комуникации

Агенцијата за национална безбедност не располага ниту со опрема за следење на комуникации, ниту со медијациски уреди за активирање на...

Регион9 часа

Црна Гора на чекор до прогласување крај на епидемијата

Во Црна Гора ниту денеска нема нов случај на коронавирус, а црногорските медиуми пишуваат дека ако овој тренд продолжи уште...

Топ11 час

АД „Водостопанство“ и еден раководител ќе одговараат за смртта на 15-годишното момче што се удави во Пчиња

Полицијата поднесе кривична пријава против АД „Водостопанство“ на Македонија и раководител на сектор за речен слив и речни корита поради...

Македонија11 час

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирус

ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирусот и тоа е навистина загрижувачки. Не разбирам како може да...

Македонија11 час

Пријава за фирма од Скопје – продавала производ за кој лажела дека нема глутен

Полицијата поднесе пријава против фирма во Скопје и нејзиниот сопственик поради измама на купувачи – односно продажба на производ на...

Македонија13 часа

Хрватските граници нема да бидат отворени за туристи од Македонија

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, најави денеска отворање на границите за туристи од 10 земји, меѓу кои не е Македонија. „Успеавме...

Македонија14 часа

При влез во ресторан ќе се покажува лична карта, а следните 10 дена се период за едукација на угостителите

Инспекторатите нема да ги казнуваат гостите во угостителските објекти, туку фирмите доколку не се почитуваат протоколите за работа, најави директорот...

Македонија14 часа

Потврдени 38 нови случаи на Ковид-19, од кои над 20 се од Скопје, починаа уште 3 лица

Денеска, потврдени се 38 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани е 2.077 лица, oздравени се 16...

Македонија15 часа

Чулев: На литијата во Струга имаше затајување на функцијата на полицијата, истрагата е во тек

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, вели дека ѝ натаму се работи на идентификација на лицата што учествувале на...

Македонија15 часа

Регистриран првиот случај на починат здравствен работник од Ковид-19

Во земјата е регистрирана првата смрт на здравстветен работник како последица од коронавирусот. Станува забор за дипломираниот фармацевт Петар Мојсоски,...

Македонија16 часа

Игротеките бараат финансиска поддршка и датум за почеток со работа

Групацијата на забавни и рекреативни дејности во рамките на Услужната комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија достави четири...

Македонија17 часа

Независниот синдикат на полицијата: Наградата за полицајците да се исплати во платата во јуни

Независниот синдикат на полицијата побара техничкиот премиер и министерот за внатрешни работи итно да се договорат за наградата за полицајците...

Македонија18 часа

Кафулињата и рестораните почнуваат со работа, сѐ уште е забрането организирање свадби и родендени

Со одлука на Владата, од денеска почнуваат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови на овие...

Македонија18 часа

Филипче: Само заеднички може да ја надминеме оваа состојба од која ќе излеземе посилни и помудри

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека почнува да се враќа животот во нормала и почнуваат да се отвораат бизнисите,...

Економија18 часа

Парична помош за оние што останале без работа во периодот од 11 март до 30 април

Работниците што поради корона-кризата останале без работа, независно од времето поминато во работен однос, ќе може бргу да дојдат до...

Регион19 часа

Кипар ќе им ги плати трошоците за одмор на сите туристи што ќе заболат од Ковид-19

Кипарските власти порачаа дека ќе ги покријат трошоците за одмор во земјата за секој што ќе биде позитивен на коронавирусот...

Македонија1 ден

Продолжува да важи платеното породилно отсуство до завршувањето на времените мерки

Владата донесе Уредба за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, во која е предвидено отсуството...

Европа1 ден

Меркел: Уште сме на почетокот со пандемијата

Германската канцеларка Ангела Меркел ги оцени како позитивни досегашните постигнувања во борбата против коронавирусот, но како што рече, општеството е сè...

Европа2 дена

Европската комисија предлага 1.850 милијарди евра за заздравување на економиите

Европската комисија предложи инструмент за заздравување на економиите од корона-кризата, вреден 750 милијарди евра, и повеќегодишна финансиска рамка (ВФО) од...

Регион2 дена

Во Хрватска трет ден нема нови случаи, се укинува забраната за свадби

Трет ден по ред во Хрватска не е потврден ниту еден нов случај на коронавирус. Со ова вкупниот број на...

Досие