Економија
„Алкалоид“ пушти во употреба нова инвестиција вредна 1,3 милион евра
Новиот магацин за фармацевтски суровини и за примарна амбалажа, на чија изведба се работеше околу 15 месеци, е дел од дваесетгодишниот инвестициски план за развој на ПЦ Фармација, кој се реализира со интензивно темпо и во услови на криза.

Најновата инвестиција на „Алкалоид“ АД Скопје во магацински простор за фармацевтски суровини и за примарна амбалажа претставува современо и безбедно складишно решение, изведено согласност препораките за добра производствена пракса за магацинско работење, со законските прописи за чување фармацевтски производи и со фармацевтскиот систем за квалитет.

Новиот објект се простира на површина од вкупно 1,620 м2 и опфаќа: магацински простор за фармацевтски суровини; подрумски простории опремени со специјални ладилни соби наменети за суровини за кои се неопходни посебни услови за чување, температура и влага; административни простории и технички кат. За потребите на овој објект, изградена е нова пристапна рампа за камиони, а проектирани и изградени се нови внатрешни сообраќајници, целосно приспособени за непречена и за безбедна комуникација на новиот магацин со производствените објекти.

Со реализацијата на оваа инвестиција во ПЦ Фармација, целосно е осигурено најсовремено управување со суровините и производите и безбедна логистика на процесите – од прием на фармацевтските суровини до испорака на лековите до веледрогериите и до крајните корисници. Магацинот располага со вкупно 800 палетни места за суровини, опремен е со најсовремен систем за климатизација, ладилни комори, системи за гасење пожар, како и со машини за хоризонтален и за вертикален транспорт.
Официјалното примопредавање на оваа инвестиција вредна 1,3 милион евра беше извршено од страна на генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, и директорот за логистика и магацини, Зоран Костовски, во присуство на вработени и членови на управните тела на компанијата. Во складишните капацитети на „Алкалоид“ АД Скопје вработени се вкупно 120 извршители.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

