Економија
Ангеловска-Бежоска: Системот е стабилен, со висока и стабилна ликвидност и солвентност
Финансискиот систем е подготвен да се справи со корона-кризата. Прудентната регулатива на финансиските регулатори, во голем дел усогласена со европските регулативи, придонесе системот да е во кондиција со којашто може да се справи со шокот предизвикан од пандемијата на ковид-19, се дел од констатациите на вчерашната седница на Комитетот за финансиска стабилност, со која претседаваше гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, а учествуваа и министерката за финансии, Нина Ангеловска, претседателката на Комисијата за хартии од вредност (КХВ), Нора Алити, претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), Максуд Али и претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), Крсте Шајноски.
Ангеловска-Бежоска најпрво се осврна на досега преземените мерки на Народната банка, коишто се однесуваат на банкарскиот систем, а кои имаат за цел одржување и натамошно зајакнување на неговата стабилност, но и создавање предуслови банките и покрај бројните предизвици со кои се соочуваат, да продолжат и понатаму да обезбедуваат неопходна кредитна поддршка за економијата. Акцент беше ставен на регулаторните измени со коишто се овозможи поголема флексибилност за банките при реструктурирањето на кредитите со цел олеснување на финансискиот товар на кредитокорисниците. Исто така, беа посочени и мерките коишто имаат за цел ослободување на ликвидност на банките и нејзино насочување кон поддршка на економијата, преку намалениот износ на понудата на благајнички записи и можноста за ослободување на задолжителната резерва за реструктурираните и одобрените кредити на погодените сектори. Беа објаснети и привремените олеснувања во однос на регулаторните известувања и супервизорскиот пристап за банките, со коишто им се овозможува поголема фокусираност на потребите на граѓаните и компаниите.
Како што посочи гувернерка, при носењето на секоја од мерките, од Народната банка се анализира нејзиното влијание како врз секоја банка одделно, така и врз банкарскиот систем во целина, со цел мерката истовремено да е во функција на поддршка на македонската економија и во функција на одржување на финансиската стабилност.
„Најновото стрес-тестирање покажува дека и кај банките одделно и кај банкарскиот систем во целина, од минатата година, отпорноста на шокови е зголемена. Системот е здрав и стабилен, со висока и стабилна ликвидност и солвентност“ истакна Ангеловска-Бежоска.
Министерката за финансии, Нина Ангеловска, посочи дека за квалитетно справување со моменталната состојба, многу е важна координацијата помеѓу Народната банка и Министерството за финансии. Во делот мерки коишто го засегаат финансискиот систем, преземени се активностите кај финансиските друштва и лизинг компаниите, со воведување на мерка за намалување на ануитетите на корисниците на кредити до 70% од ануитетот. Оваа мерка е преземена со цел да се заштити нивната одржливост и понатамошно работење на пазарот, а со насока да се заштитат и корисниците на кредити. Mерките коишто се преземаат кај реалниот сектор се во насока на одржување и покачување на ликвидноста преку две линии бескаматни кредити, даночни ослободувања, мерки за финансиска поддршка, но и редовните активности – како брзо сервисирање на повратот на ДДВ кон фирмите.
„Повратот на ДДВ кон фирмите само за април изнесува 38 милиони евра, што е за 23% повеќе во однос на истиот месец лани. Повратот на ДДВ од почетокот на годината изнесува 145 милиони евра, што е за 16,7% повеќе во однос на истиот период лани. Брзиот поврат на ДДВ е од исклучителна важност за одржување на ликвидноста на фирмите, особено во овие услови на здравствено-економска криза. Исто така, кон зголемување на ликвидноста се дејствува и преку бескаматните кредити од линиите „Ковид 1“ и „Ковид 2“ на Развојната банка на Северна Македонија, во вкупен износ од 13,7 милиони евра, коишто се од големо значење бидејќи ги таргетираат микро, малите и средни претпријатија. Наскоро преку комерцијалните банки ќе биде пласирана линија евтини кредити во износ од 51 милион евра. Понатаму, тука е и мерката за одложено плаќање на аконтациите на данокот на добивка за фирмите и данокот на личен доход за самостојните вршители на дејност. Преку мерката за финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен за април и мај, чиј износ се проценува на околу 100 милиони евра, покрај основната намена за исплата на плати и зачувување на работните места, таа претставува дополнителна голема ликвидносна инјекција во стопанството“ рече Ангеловска.
Претседателката на КХВ, Нора Алити се осврна на активностите коишто КХВ ги презеде со цел обезбедување на континуитет во функционирањето на пазарот на капитал и стабилизирање на цената на акциите на берзата. „Вкупниот промет реализиран на Македонската берза заклучно со 28 април изнесува околу 78 милиони евра. Споредбено со главните берзански индекси во регионот, главниот берзански индекс МБИ 10 има најнизок пад од 6.92%, во однос на вредноста на последниот ден на тргување во 2019 година“ истакна Алити.
Таа посочи и дека во насока на поголема транспарентност, КХВ побара од котираните компании да делуваат согласно со префиксот „повеќе од“ чиста усогласеност и „повеќе од“ обелоденувањe, по што друштвата веќе почнаа освен навремените известувања, на СЕИ Нет да ги објавуваат и процените на менаџментот за влијанието на корона-кризата врз работењето на компанијата во првиот квартал, како и врз идното финансиско работење.
На седницата беше нагласено дека влијанието на пандемијата на ковид-19 врз светските финансиски пазари се очекува да има само краткорочни ефекти врз пензиските фондови, имајќи предвид дека тие се долгорочни инвеститори. „Нашите пензиски фондови сѐ уште се во фаза на акумулација и се очекува нивно постепено опоравување и стабилизирање, што би довело до добри инвестициски резултати коишто ќе надоместат за остварувањата предизвикани од актуелните пазарни шокови“ кажа претседателот на Советот на експерти на МАПАС, Максуд Али.
Тој истакна дека над 95% од членовите на вториот пензиски столб се помлади од 50 години возраст и дека се очекува краткорочните неповолни влијанија од корона-кризата да бидат неутрализирани во натамошниот период. Како што нагласи Али, не се очекуваат значајни промени и движења во структурата на средствата на пензиските фондови, коишто би можеле значително да влијаат на финансиската стабилност.
Претседателот на Советот на експерти на АСО, Крсте Шајноски, нагласи дека осигурителниот сектор продолжува да функционира стабилно, со идентификувани предности и ризици коишто треба да се следат со цел да се одржи овој тренд. Како што посочи Шајноски, досега АСО донесе два пакети на мерки. Со првиот пакет, меѓу другото се наложи на осигурителните друштва да ги преземат сите можни мерки за одржување на нивниот капитал и солвентност во насока на целосна заштита на правата на осигурениците.
„Со донесените измени на три правилници и една одлука им се дава дополнителен регулаторен простор во работењето на друштвата за осигурување, што неминовно ќе има позитивен ефект и врз крајниот корисник на осигурувањето во однос на динамиката на плаќање на обврските по премии и навремената и реална исплата на штети. Со регулаторните измени, меѓу другото се овозможува друштвата за осигурување да обезбедат ликвидни средства за нормално функционирање и редовна исплата на штети“ истакна Шајноски.
На седницата беше констатирано дека со мерките коишто се преземаат и дополнително се гарантира дека финансиската стабилност ќе биде одржана. Сите финансиски регулатори изразија подготвеност и решеност и за натамошно координирано следење на состојбите, при што се подготвени секогаш кога ќе биде потребно да преземат и натамошни мерки и активности, во согласност со своите надлежности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Народна банка: Просечната стапка на инфлација за 2025 година изнесува 4,1%
Денеска се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка. На седницата беа разгледани најновите податоци и информации за светската и домашната економија, како и најновите случувања на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика.
Во согласност со тековните економски движења и оценетите ризици од надворешното и домашното окружување, Извршниот одбор одлучи да ја задржи основната каматна стапка на постојното ниво. Така, каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 4%. Воедно, на аукцијата на благајнички записи, којашто ќе се одржи на 11 февруари, понудата ќе изнесува 54 милијарди денари, а понудата на наредните аукции ќе се утврдува согласно проектираната промена на ликвидносната позиција на банкарскиот систем на неделна основа.
„Задржувањето на внимателниот пристап при водењето на монетарната политика произлегува од потребата за стабилизирање на инфлацијата близу до долгорочниот просек, од динамичната кредитна активност, домашните политики коишто влијаат врз побарувачката, како и од присутните надворешни ризици поврзани со тековната неизвесност во светските трговски политики и геополитички тензии. Се очекува дека досегашните измени кај задолжителната резерва, кај макропрудентните мерки во делот на критериумите за квалитетот на кредитната побарувачка, како и одлуките поврзани со управувањето со системските ризици ќе обезбедат дополнителна поддршка за монетарната политика. Комбинираното дејство на овие мерки ќе придонесе за одржување на стабилноста на девизниот курс и за обезбедување на ценовната стабилност на среден рок, како и за ограничување на потенцијалните системски ризици“, соопштија од Народната банка.
Просечната стапка на инфлација за целата 2025 година изнесува 4,1%, под влијание на промените на цените кај базичната и кај прехранбената компонента.
Од Народната банка соопштија дека остварувањата кај инфлацијата се близу до октомвриската проекција, но таа и понатаму е над историскиот просек, поради што нејзиното одржливо стабилизирање и понатаму е во фокусот на монетарната политика.
„Најновите проекции за берзанските цени на примарните производи за наредниот период се ревидирани претежно во нагорна насока. Ризиците за идната динамика на инфлацијата и понатаму постојат, а се поврзани со променливото надворешно окружување, но и со домашните фактори што влијаат врз агрегатната побарувачка“, се наведува во соопштението.
На крајот на јануари 2026 година, нивото на девизните резерви изнесува 5.600,5 милиони евра и е повисоко во однос на крајот на 2025 година, што според сите меѓународни показатели за адекватноста на девизните резерви се оценува како соодветно за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, остварувањата на менувачкиот пазар во јануари упатуваат на нето-приливи од приватните трансфери коишто засега се малку пониски од очекувањата за првиот квартал. Податоците за надворешнотрговската размена во четвртиот квартал од 2025 година упатуваат на трговски дефицит којшто е малку повисок од очекувањата според октомвриската проекција.
Во третиот квартал од 2025 година, реалниот раст на БДП забрза и изнесува 3,8% на годишна основа, што е малку над оцената во рамките на октомврискиот циклус проекции. Расположливите високофреквентни податоци за четвртиот квартал од 2025 година засега упатуваат на понатамошен раст на економската активност, којшто благо би забрзал според последните проекции. Светската неизвесност, особено поради трговските политики и геополитичките тензии, и натаму претставува најголемиот надворешен ризик за домашната економија. Во однос на домашното окружување, обемот и динамиката на остварување на домашните инфраструктурни проекти се едни од главните фактори за темпото на идниот економски раст.
Во однос на движењата во монетарниот сектор, првичните податоци за депозитите и кредитите на банките за јануари 2026 година упатуваат на натамошно јакнење на депозитната база на банките, но и на динамична кредитна активност, чиишто годишни стапки на раст засега се над очекувањата за првиот квартал од годината.
Општо земено, со одлуката донесена од Народната банка и натаму се задржува внимателниот пристап во водењето на монетарната политика, којшто е усогласен со најновите движења кај главните макроекономски показатели и проценетите надворешни и домашни ризици. Надворешните ризици и понатаму постојат, а внимателно се следат и домашните фактори коишто влијаат врз доходот и побарувачката. Народната банка е подготвена да ги користи сите расположливи инструменти за одржување на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото и за обезбедување на ценовната стабилност на среден рок.
Економија
ФЕРОИНВЕСТ ги отвора своите електрани: Инвеститорите поканети да се уверат како изгледа функционален батериски систем
Со зголемениот интерес за батериски системи кај фотонапонските електрани, сè почесто се појавуваат сериозни проблеми поврзани со нивната имплементација. Дел од инвеститорите купуваат батериски системи кои воопшто не можат да се инсталираат бидејќи не се соодветни за македонскиот пазар и мрежа, додека во други случаи батериите се инсталираат, но поради недостаток на искуство и несоодветна опрема за програмирање на истите, тие никогаш не се пуштаат во комерцијална работа.
Тоа значи дека наместо батерискиот систем да носи поголеми приходи и заштеди, тој прави загуби.
Батерискиот систем не е обична батерија ниту опрема што може лесно да се приклучи. За разлика од фотонапонските електрани кои се релативно едноставни во својата имплементација и работа, батериските системи се сложен енергетски објект кој мора правилно да се проектира, софтверски да се интегрира, и да се усогласи со мрежните правила, регулативите и пазарните механизми.
ЗОШТО Е ВАЖНО ДА СЕ РАБОТИ СО ИСКУСЕН ПАРТНЕР?
ФЕРОИНВЕСТ нуди два типа проверени батериски системи:
· Кабинетски батерии
· Контејнерски батериски системи
Овие системи: ✔ со години совршено функционираат во Европа, со вкупен инсталиран капацитет од над 3.000 MWh.
✔ совршено функционираат и во Македонија, со вкупен инсталиран капацитет над 20MWh.
РЕАЛНИ, ФУНКЦИОНАЛНИ ПРИМЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА
За разлика од многу теоретски решенија, батериските системи на ФЕРОИНВЕСТ се реално поставени, поврзани на мрежа, стекнати со сите дозволи, и веќе подолг период работат и се дел од комерцијална експлоатација без никаква техничка или административна пречка.

Дел од електраните на кои ФЕРОИНВЕСТ има поставено батериски систем кој веќе функционира се:
📍 Фотонапонска електрана Гиновци – 6,1 MWh/2,6MW, о. Ранковце, Крива Паланка
📍 Фотонапонска електрана Тркање – 10,5MWh/4,5MW, Кочани
Ги покануваме сите заинтересирани инвеститори лично да ги посетат локациите и од прва рака да се уверат во функционалноста, стабилноста и ефектите од правилно имплементиран батериски систем.
КОМПЛЕТНА УСЛУГА – ОД ИДЕЈА ДО ПРИХОДИ
ФЕРОИНВЕСТ нуди целосно заокружено решение, кое опфаќа:
· изработка на бизнис план (физибилити студија) за финансирање
· проектирање на батерискиот систем
· испорака на батерискиот систем и негово поставување на терен
· пуштање на батеријата во работа
· програмирање на батеријата и оптимизација на приходите и заштедите
· 24/7 мониторинг на батерискиот систем
· одржување на батерискиот систем
· приклучување во нашата балансна група
· откуп и пласман на произведената и складираната електрична енергија
ПОРАКА ДО ИНВЕСТИТОРИТЕ
Ако сакате батериски систем што навистина ќе работи, што носи техничка и финансиска сигурност, и оптимален поврат на инвестицијата –ФЕРОИНВЕСТ има реални проекти, реално искуство и докажани резултати.

За повеќе информации и закажување посета на активните локации со батерии на електраните на ФЕРОИНВЕСТ:
02/5122 809
075 277 354
ПР
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)

