Економија
Ангеловска: Преку МСИП месецов реновирани и опремени 6 градинки со 1.100 деца
Со грант-средства од 4,7 милиони евра од Проектот за подобрување на општински услуги – МСИП, извршена е енергетска обнова на градинката „Весели цветови“ во Кисела Вода, која ја посетуваат околу 190 деца. Преку МСИП, кој го спроведува Министерството за финансии, со поддршка на Светска банка, во моментов се реновираат и опремуваат уште пет градинки, со што ќе се обезбедат подобри услови за околу 1.100 деца кои ги посетуваат, рече министерката за финансии, Нина Ангеловска, која денеска заедно со градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, ја посетија реновираната градинка.
„Инвестициите во човечкиот капитал се неопходни за да се подобри продуктивноста на населението на долг рок. Градинките, односно предучилишната грижа, се од големо значење, бидејќи тука е првиот контакт на децата со институциите и нивниот вовед во образованиот процес. Предучилишното образование е значајно за социјализација на децата, за стекнување самодоверба, когнитивни вештини, како и основа за понатамошниот образовен процес, особено ако се земе предвид дека најголем дел од развојот на мозокот на децата се случува до возраст од 5 години“, рече министерката за финансии Ангеловска.
Таа посочи дека преку МСИП во моментов се работи на реконструкција и опремување на уште пет градинки, односно реконструкција на градинка во општина Центар и опремување на четири градинки во општина Гостивар, со што околу 1.100 деца ќе добијат подобри услови за згрижување. Сите треба да се готови во март. Ангеловска рече дека изминативе две и пол години преку Проектот за подобрување на општинските услуги изградени се и нови градинки во Карпош, Сопиште и Зрновци.
Ангеловска рече дека и преку буџетот за годинава се издвоени 105 милиони денари за изградба, доградба, реконструкција или набавка на опрема за градинки во 9 општини.
„Во Сопиште, Чаир и Василево е планирана изградба и опремување на градинка, во Делчево реконструкција и адапатција на постоечки простор и набавка на опрема, во Струмица, Гостивар и Ѓорче Петров доградба и набавка на опрема, во Гостивар с.Бањица и во Илинден набавка на опрема за градинката, исто како и во о.Илинден каде покрај набавка на нова опрема, предвидени се и машински инсталации. Децата се нашата иднина и преку вложувањето во образованието, здравството и социјалата вложуваме во целосно искористување на нивниот потенцијал, кој согласно денешните мерења е само половина искористен“ рече Ангеловска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

