Економија
Анѓушев ги повика кинеските инвеститори да инвестираат во нашата земја
Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, го прими новоименуваниот амбасадор на Народна Република Кина, Н.Е. Жанг Зуо.
Анѓушев и Зуо зборуваа за досегашната соработка помеѓу Република Северна Македонија и НР Кина и се согласија дека е воспоставена добра соработка и дека има можности истата да се прошири.
Вицепремиерот Анѓушев истакна дека досега сме имале соработка во реализација во инфраструктурни проекти и дека соработката во идни инфраструктурни проекти мора да биде базирана на отворени и јавни тендерски постапки во согласност со законските прописи во земјата. Вицепремиерот дополни дека постои голем простор за подобрување на економската соработка особено за привлекување на кинески инвеститори во земјата.
„Ги поканувам кинеските инвеститори да ја посетат нашата земја и да се уверат во условите за инвестирање. Имаме креирано пакет на мерки, преточени во законско решение со кои се овозможува силна поддршка до 50% од вредноста на инвестициите. Инвестирањето во Северна Македонија сметам дека е особено атрактивно за кинеските компании, поради местоположбата на нашата земја, но и други поволности, како што се стекнување европски стандарди и сертификати со кои им се отвора простор за соработка со земјите од Европската Унија“, посочии вицепремиерот Анѓушев.
Новоименуваниот амбасадор на НР Кина, Зуо, потенцираше дека ќе вложи максимални напори, Република Северна Македонија да ја претстави како поволна дестинација за кинеските компании и ќе иницира средби и посети на кинески компании во земјата.
Вицепремиерот Анѓушев и амбасадорот Зуо се согласија дека соработката помеѓу двете земји ќе се развива на принцип на пазарна конкурентност и на транспарентен начин, со што ќе се зацврстат односите помеѓу двете земји и ќе се зголеми економската соработка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

