Економија
АХВ: Трипуновски непотребно шири дезинформации и паника за болеста африканска свинска чума
Агенцијата за храна и ветеринарство ги осуди тврдењата на Цветан Трипуновски, член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, кој рече дека Агенцијата не ја информирала јавноста за преземените мерки за превенција и спречување на ширење на болеста африканска свинска чума во земјава, по откривањето на 21 тони замрзнато свинско месо по потекло од Шпанија, кај кое беше утврдено присуство на вирусот на оваа болест.
„Некомпетентноста, нестручноста и политиканството на Трипуновски, кој денес ја обвини Агенцијата за ненавремено преземање мерки и земање мостри од заразеното месо, имаат само една цел – непотребно ширење дезинформации, создавање паника кај граѓаните и сточарите, неосновано доведувајќи го во прашање кредибилитетот на институцијата, која досега успешно ја менаџира имплементацијата на мерките за спречување на појава и ширење на африканската свинска чума кај нас.
Место денес да организира театрални прес-конференции, Трипуновски уште на 10 октомври требаше само убаво да слуша, што како транспарентна институција, Агенцијата ја информираше јавноста околу овој случај, а на која беа најавени и мерките за уништување на спорната пратка. За да се потсети, што тогаш беше кажано, Трипуновски уште денес може да ја посети и интернет-страницата на Агенцијата.
Одговори за тоа до каде е истрагата за пратката со шпанското месо, по нејзиното завршување ќе ја даде Европската Унија, а Агенцијата за храна и ветеринарство како и досега навремено и транспарентно ќе информира за тоа. „Неодговорниот” однос во пристапот со африканската свинска чума, како што тврди Трипуновски, за среќа, во Република Северна Македонија досега дава позитивни резултати, односно болеста ја немаме во државава, иако, како што вели и тој, таа беснее во регионот“ се вели во реакцијата на Агенцијата за храна и ветеринарство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

