Економија
Бектеши на конференција за обновливи извори на енергија: Создаваме поволна бизнис-клима за инвеститорите, наш приоритет е зелената транзиција
„Енергетскиот сектор во Република Северна Македонија е еден од најзначајните сектори за развој на економијата и тој е во приоритетите на Владата на Република Северна Македонија со цел обезбедување сигурно снабдување со енергија, економски раст и придвижување кон зелена економија. Една од главните цели на енергетската политика на Република Северна Македонија е привлекување инвестиции за изградба на енергетски објекти и зголемување на искористувањето на обновливите извори на енергија, односно инвестирање во зелена енергија, која ќе придонесе во заштита на животната средина и ублажување на климатските промени“, рече министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање на инаугуративната конференција „За зелена иднина – насоки за транзиција кон обновливи извори на енергија“, која се одржа денеска во организација на Македонско здружение за енергија од обновливи извори (МАРЕС).
Министерот потенцира дека во таа насока Владата на Република Северна Македонија кон крајот на 2019 година ја донесе стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година како еден од најзначајните стратешки документи за нашата земја во областа на енергетиката и одржливиот развој.
„Во стратегијата, во столбот декарбонизација, меѓу другото ,се препорачува промовирање на обновливите извори на енергија на начин што обезбедува одржлив развој и се предвидува дека фотонапонските и ветерните електроцентрали ќе бидат најбрзорастечки технологии за производство на електрична енергија во сите сценарија, односно се планира изградба на 750 MW ветерни електроцентрали и 1.400 MW фотонапонски електрани“, рече министерот и потенцира дека енергетската транзиција е неизбежен и посакуван процес, кој треба веднаш да почне.
„Особено треба да се направат напори за овозможување поволна инвестициска клима за изградба на фотонапонски електроцентрали во насока на поедноставување на административните процедури имајќи го предвид големиот интерес од страна на домашни и странски инвеститори, кои гледаат голем потенцијал за вложување на својот капитал во искористување на овој обновлив извор на енергија. Со правилна стратегија за развој на енергетиката, прифатена од сите фактори во општеството и реализирана од сите политички влади во наредниот период, можеме да станеме енергетски независна држава, чија енергетика ќе се базира на производство на чиста енергија. Ова е тежок процес, процес што бара многу време, многу инвестиции, многу вложувања и ангажман од сите фактори, како од производителите така и од потрошувачите“, потенцира Бектеши.
Министерот информира дека Владата во услови на криза успеа да го зголеми домашното производство на електрична енергија, па дури и да извезуваме струја.
„Во моментот во нашата држава работат фотонапонски централи што произведуваат електрична енергија за 198.000 домаќинства. За период од речиси две години, дури 685 централи добија дозволи за работа, а тие, според пресметките, може да снабдуваат со струја над 160 илјади домаќинства со просечна потрошувачка во 18 града. Годинава, почнуваме и со реализацијата на неколку крупни инвестициски проекти, како изградбата на гасниот интерконектор со Грција, избравме партнер за изградба на најголемата пумпна хидроцентрала на Балканот, ‘Чебрен’, која има огромно значење за декарбонизацијата и за праведната енергетска транзиција, беше отворена приватна фотоволтаична електроцентрала во земјата – ФЕЦ ‘Новаци’, која моментно е и најголема на Балканот. Новата централа е со вкупен капацитет од 55 MW и годишно е проектирано да произведува 85.000 MWh ,што претставува електрична енергија, која ќе ги задоволи потребите на 30.000 семејства“, изјави Бектеши и додаде дека Владата создава поволна бизнис-клима за реализација на инвестиции во обновливи извори на енергија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

