Економија
Бектеши: Работиме на поголема употреба на обновливите извори на енергија
Министерот за економија, Крешник Бектеши, учествуваше на четвртиот панел на тема „Енергетска транзиција преку обновливи извори и енергетска ефикасност“ во рамките на програмата на вториот ден на Македонскиот енергетски форум 2019.
„Одличен настан што се организира од страна на Владата, Амбасадата на САД, ЕСМ и ЗИП институтот. Ние како Влада во блиска соработка со Енергетската заедница веќе година и пол работиме околу имплементацијата на новата легислатива. Владата на Република Северна Македонија во рамките на Министерството за економија почна со подобрување на легислативата и можам да кажам дека големо внимание посветуваме на обновливите извори на енергија. Изработен е последниот нацрт-закон заедно со Енергетска ааедница за енергетска ефикасност. Преку неколку програми им помагаме на универзитетите за оформување на технолошки паркови. Тие проекти се во тек. Во соработка со овие универзитети на програми посветени на новите технологии, односно технологии кои се нов тренд ќе нудиме можности за сите иноватори, експерти од енергетската област. Ќе објавиме нов повик за инсталација на 65 MW за фотоволтаици, имаме избран поинаков модел од минатото. Го заменивме моделот на субвенционирање и поддршка, од фидинг тарифи на премиум тарифи, модел што го користат повеќето земји членки на ЕУ. Владата со Планот за економски развој, преку ФИТР излезе со мерки за поддршка на проекти кои ќе влијаат на намалување на загадувањето, нешто што се поклопува со обновливи извори на енергија“, рече во својата дискусија на панелот министерот Бектеши.
Министерот додаде дека Владата преку образовниот систем во соработка со бизнис-секторот ќе се насочи на креирање кадри според потребите на пазарот на трудот што ќе придонесе и кон подигнување на продуктивноста во професии од енергетскиот сектор.
Директорот на Дистрибуција на електрична енергија ЕВН, Сашо Солтировски, зборуваше за поврзување на образовниот систем и студентите со компаниите заради нивно практична усовршување, преку поврзување на ресурсите и искористување на целокупниот потенцијал на младите кадри на терен.
Покрај министерот Бектеши, на темата „Нови технологии и обновливи извори во целокупното производство на електрична енергија по 2030 година“ дебатираа и Ристо Јаневски, директор за развој и стратешко планирање во ОКТА, Марко Топиќ, претседател на Европската платформа за технологија и иновации на фотоволтаиците и Лихие Луклеа, инженер за животна средина, директор на Оддел за отпадна вода и обработлива почва, ДХВМЕД од Израел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

