Економија
Бидете дел од најголемиот онлајн бизнис-семинар во светот – Lyconet Online Sensation, 24 април 2021
Lyconet (Лајконет) е меѓународна компанија која им нуди бизнис-можности на сите со претприемачки дух, особено на оние кои се заинтересирани да работат онлајн бизнис од дома. Изградбата на сопствена меѓународна онлајн мрежа на маркетери и потрошувачи преку оваа платформа е многу иновативна и доходовна. Независните маркетери на Lyconet (Лајконет) имаат одлична можност не само да учествуваат во Lyconet Marketing програмата, туку и да маркетираат за најголемата бенефит програма во светот – myWorld (мајВорлд), и од тоа да заработуваат. Секој активен маркетер заработува од прометот на регистрираните купувачи, или од продажбата на пакетите за лојалност кон фирмите.
Како лидер во областа на маркетингот, Lyconet (Лајконет) обезбедува широк спектар на стручна обука, онлајн услуги и алатки, со цел да им понуди на своите маркетери (Independent Lyconet Marketers) најдобра можна поддршка во нивните деловни активности. Секој граѓанин може бесплатно да стане маркетер со прифаќање на онлајн условите и притоа да добие онлајн едукација за водење на бизнисот.
Традиционално, секоја година Лајконет (Lyconet) организира ексклузивни елитни бизнис-семинари од огромни размери, со цел маркетерите да ги слушнат најдобрите совети од најпрестижните светски познати мотивациски говорници.
Пред нас е вториот по ред Lyconet Online Sensation за оваа година, кој ќе се одржи на 24 април во 17:00 pm (CEST). Овој ексклузивен онлајн настан брои 200,000 посетители од 55 земји и има единствена задача да ви помогне во засилување на вашиот бизнис, да ги претстави новитетите и да ви ги даде правите информации во право време. Настанот се емитува на 27 јазици (вклучувајќи и знаковен јазик).
Главни говорници на ова издание на настанот се Ерик Вори (Eric Worre), кој е водечки авторитет во обучување на маркетинг-професионалци во светот, Марио Капун – CEO Lyconet International, Хуберт Фрајдл – основачот на Лајконет (Lyconet) и неколку други специјални гости, меѓу кој и Радован Витошевиќ – регионален директор на myWorld за Јужен Балкан.
„Ми претставува огромно задоволство што сум поканет на овој престижен настан како говорник и претставник од Балканскиот Регион. Организацијата и продукцијата на Lyconet Online Sensation секогаш е на највисоко ниво, сепак настанот брои гледаност од неколку стотици илјади гледачи, и е од огромно значење за развојот на Балканскиот Регион. Едвај чекам да ја делам бината со светските легенди” – изјави Радован Витошевиќ.
Благодарение на Lyconet, илјадници луѓе веќе успеаја да изградат неверојатен приход преку онлајн маркетингот и да си ги остварат своите соништа. Регистрирајте се на следниот линк и придружете му се на тимот на успешните. За повеќе информации посетите ја официјалната веб-страница – https://www.lyconet.com/
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Рекордни приходи од концесиски надоместоци во 2025 година
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека наплатата на концесискиот надоместок за експлоатација на минерални суровини во 2025 година достигна историски највисоко ниво.
„Наплатата за 2025 година, со вкупни 1.223.455.203,00 денари, претставува историски напредок и силна основа за понатамошно подобрување на системот на концесии во Република Северна Македонија“, соопшти Министерството.
„Овие резултати се директна последица на посветените активности на Министерството за подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите, вклучувајќи: засилени инспекциски контроли и теренски проверки, испраќање писмени опомени и прекршочни постапки за доцнење со обврските, едностран раскин на 46 договори со концесионери кои не ги исполнувале законските обврски (неплаќање, еколошки прекршоци, неовластено проширување на полиња, пренос на концесија спротивно на законот), стапување во сила на новиот Тарифник од 1 јануари 2025, кој го зголеми износот на концесиски надоместок до 100% и подобра координација меѓу Министерството и општините“, се наведува во соопштението.
Во него се додава деја зголемената наплата директно придонесува за зголемување на буџетите на општините каде работат концесионерите, како и на државниот буџет.
„Зголемената наплата овозможува: значително зголемени буџети на општините во кои работат концесионерите, инвестиции во комунална инфраструктура, поддршка на енергетската транзиција и проекти за обновливи извори и поголеми средства за заштита на животната средина“, појаснува Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
Економија
„Лукоил“ го продава имотот во странство на американска компанија
Рускиот енергетски гигант „Лукоил“ ќе го продаде поголемиот дел од својот странски имот на американската инвестициска фирма „Карлајл“, објави денес одделот за односи со јавноста на „Лукоил“. Одлуката следува по воведувањето санкции од страна на САД врз руската нафтена компанија во октомври.
САД воведоа санкции врз „Лукоил“ и „Роснефт“, во октомври лани, замрзнувајќи ги американските средства на „Лукоил“ и заканувајќи се со секундарни казни за странските субјекти што работат со нив. Санкциите, првите такви мерки наметнати од втората администрација на Трамп, се дизајнирани да извршат притисок врз Москва да се согласи на мировни преговори во Украина, со оглед на тоа што приходите од фосилни горива играат клучна улога во одржувањето на воените напори на Русија.
Договорот со „Карлајл“ не ги вклучува средствата на „Лукоил“ во Казахстан и сè уште чека одобрение од Министерството за финансии на САД, соопшти руската компанија, додавајќи дека разговорите со други потенцијални купувачи се во тек.
Вредноста на договорот не беше откриена, иако меѓународниот имот на „Лукоил“ се проценува на вредност до 22 милијарди долари.
„Лукоил“ е втор по големина производител на нафта во Русија и една од најголемите компании во земјата, со учество од 2 проценти од глобалното производство на нафта. Покрај удели во нафтени полиња во Казахстан, Узбекистан, Блискиот Исток, Африка и на други места, „Лукоил“ управува и со три рафинерии за нафта во Европа и стотици бензински пумпи низ целиот свет, вклучително и во САД.
Администрацијата на Трамп претходно одобри ослободување од санкции за бензинските пумпи на „Лукоил“ во странство додека продажбата беше во тек. Швајцарската трговска куќа „Гунвор“ првично беше заинтересирана за купување на средствата на компанијата во странство, но ја повлече својата понуда во ноември откако Министерството за финансии на САД ја опиша како „кукла на Кремљ“.
Економија
Божиновска на серија средби со амбасадори: меѓународна соработка за енергетска сигурност
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска оствари серија билатерални средби со претставниците на дипломатскиот кор во земјава. Меѓународната соработка и партнерствата со пријателските земји се клучни за обезбедување на безбедна и одржлива енергетска иднина за нашата земја, истакна Божиновска.
Продлабочувањето на енергетската соработка беше фокус на средбата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска со амбасадорката на Литванија, Вилма Дамбраускиене. Акцентот беше ставен на размената на искуства во енергетската транзиција и напредокот на нашата земја на тој план, како и реализација на проекти од енергетскиот сектор во насока на еколошка, економска и социјална одржливост.
Божиновска, на средбата ја истакна посветеноста на Министерството да обезбеди услови за земјата да се насочи кон енергетски одржлив амбиент.
Во рамки на средбите, министерката Божиновска разговараше со амбасадорот на Австрија во Република Северна Македонија Н.Е. Мартин Памер, при што беа разменети мислења за енергетските политики, енергетската транзиција и можностите за австриски инвестиции и експертска поддршка во развојот на одржливи енергетски проекти.
На средбата со амбасадорката на Народна Република Кина во земјава, Џианг Сиаојан се разговараше за размена на искуствата меѓу двете земји, при што беше истакната подготвеноста од кинеска страна за примена на нивните практики во справување со загадување на воздухот и примена на обновливи извори на енергија.
На средбата со амбасадорката на Украина во земјава, Лариса Дир, министерката Божиновска ги презентираше конкретните чекори коишто се преземаат со цел исполнување на европските енергетски стандарди и интеграција во заедничкиот пазар на ЕУ. При тоа, министерката Божиновска ја нагласи подготвеноста на нашата земја да помогне во напорите за заздравување на украинскиот енергетски сектор.
Билатералните средби коишто Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги реализира се потврда за посветеноста на Министерството во насока на остварување на визијата за чиста, праведна и одржлива енергетска иднина

