Економија
Битиќи: Реформите што ќе ги направиме во пристапниот процес кон ЕУ ги правиме за нас и нашите деца
Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, се обрати на конференцијата „Промовирање на конструктивен капитал во Северна Македонија“, поддржана од Центарот за меѓународно приватно претпријатие (CIPE) имплементиран од Институтот за демократија.
Битиќи се осврна на процесот што го почнавме во пристапните преговори со Европската Унија потенцирајќи на важноста за јасен консензус и потребата од голема инклузивност како за целиот процес така и за нашите државни цели и придобивки од него.
„Целиот овој процес го правиме за себе, на ова веројатно преку него ќе треба да се потсетуваме бидејќи на моменти бирократскиот јазик, обемноста, притисокот за промена, како и европските институции, кои ќе нè држат отчетни, можеби на моменти ќе ја поматат јасноста на тоа за кого сето ова го правиме. Сите реформи што ни следуваат треба да ги спроведеме и да ги следи и промена на навиките и свеста“, истакна Битиќи.
„Војната во Украина го насочи фокусот на Унијата на политики со кои треба да се обезбеди безбедно и непречено функционирање на економијата и тука механизмот за скрининг на директните странски инвестиции или FDI Screening Mechanism е од особено значење, па поради тоа оваа регулатива е дел и од стратешкиот дијалог со САД.
Станува збор за хоризонтална активност, која опфаќа и се протега со надлежност на повеќе министерства, истовремено претставува и усогласување со ЕУ-законодавството, ќе бара и хоризонтално владино покривање, секако и соработка со коморите, граѓанскиот сектор и останатите стејкхолдери.
Северна Македонија може да биде пионер во регионот во воспоставување и имплементација на овој механизам и тоа е предизвик што треба да го прифатиме“, рече Битиќи.
„Покрај механизмот за скрининг на странските инвестиции, денеска ќе се промовираат и Carbon Border Adjustment Mechanism-от, кој се однесува на предизвиците со кои ќе се соочиме со вклучувањето на регионот во развојот на трговските и даночните политики на ЕУ, како што е механизмот за приспособување на границите на емисиите на јаглероден диоксид, што ќе гарантира економски развој, кој ќе ја следи и зелената агенда“, заклучи Битиќи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

