Економија
Бочварски: Овозможуваме пристоен дом за 47 социјални семејства од Дебар
Четириесет и седум социјално загрозени семејства во општина Дебар ќе добијат сопствен дом во новата социјална зграда, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој денеска заедно со заменик-министерот за транспорт и врски Беким Реџепи, директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор Зоран Ѓоргијев, во придружба на градоначалникот Дука, извршија увид во изградбата на социјалната зграда.
Зградата има 2 ламели со вкупно 47 станбени единици, инвестиција вредна повеќе од 1 милион евра.
„Денеска сме тука, во Дебар, да извршиме увид во изградбата на социјалната зграда која има 47 станови и кои ќе бидат дом за исто толку социјално ранливи семејства од општина Дебар. Инвестицијата е над 1 милион евра, но грижата кон овие категории граѓани нема цена, работиме силно за да обезбедиме кров над глава за секој граѓанин во земјата. Фокус ставаме на станбено социјалната политика и тоа најдобро го покажавме со распишување на јавните повици за распределба на социјалните згради во Пробиштип, Виница и во Свети Николе“ – изјави министерот Бочварски.
Министерот Бочварски истакна дека во завршна фаза е целосната реконструкција на патот Маврови Анови до Жировница како единствена патна врска до Дебар. Исто така, потенцираше дека со силно темпо се работи и на изградбата на новиот патен правец од Дебар до Кичево, со што го поврзуваме дебарскиот регион со Коридор 8.
„Ова е добар пример како централната власт во координација со локалната со конкретни проекти им помага на граѓаните. Со Општина Дебар имаме и други заеднички проекти што ги реализираме како проектите за рехабилитација на локалната патна мрежа, што се приоритет за општината. И во ова време на енергетска криза инвестираме силно во сите општини и помагаме во нивниот понатамошен развој“ – изјави заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи.
Директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор истакна дека зградата ќе се изгради до крајот на наредната година.
„Објектот се состои од приземје и пет ката, со вкупно 47 станбени единици од кои на приземјето се предвидени четири станови за лица со посебни потреби. Во моментот се изведуваат ѕидарски работи и се вградува надворешна ПВЦ-столарија, се работи на водоинсталатерски и електротехнички инсталации. Вкупната инвестиција е над 1 милион евра и очекуваме градбата да заврши до крајот на следната година“ – изјави директорот Зоран Ѓоргијев.
„Општина Дебар ги детектираше социјално ранливите семејства. До сега преку преку буџетот на општината ги плаќавме месечните кирии со што ги згрижувавме овие семејства, но еве со оваа социјална зграда конечно ќе може да им обезбеди постојан кров над глава“, изјави градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

