Економија
(Видео) Банките најголеми донатори за македонскиот спорт
Инвестирањето во спортот со цел подобрување на условите за развој на секој спортист е наша заедничка определба и заложба, истакнаа на денешната прес-конференција директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска, и директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Наумче Мојсовски.
„Преку ваучерскиот систем изминатите три години поддржуваме спортски клубови и федерации, но и индивидуални спортови, со цел остварување успеси и добри резултати, интересот е навистина голем, мерката е сè повеќе прифатена“, рече Лукаревска.
Таа појасни дека врз основа на ваучер издаден од АМС, на компанијата која донира во спортот ѝ се намалува данокот на добивка.
Процедурата за донација е пропишана со правилник и се одвива целосно електронски преку системот на УЈП, е-даноци.
„Во 2019 година, 640 компании донирале над 493 милиони денари, на 377 спортски субјекти, во 2020 година 686 компании донирале над 547 милиони денари на 626 спортски субјекти, во 2021 година 601 компании донирале над 400 милиони денари на 689 спортски субјекти“, посочи Лукаревска.
Таа истакна и дека во време на глобална здравствена криза, општествено одговорните компании ја препознаваат важноста од поддршка на македонските спортисти.
Најголемите донации доаѓаат од компании кои вршат дејност: банкарство (6), изградба на станбени и нестанбени згради (2), дејности на коцкање и обложување (2), производство на малтер (1), дејности на управување со фондови (1), дејности на безжични комуникации (1), друго кредитно посредување (1), трговија на големо со фармацевтски производи (1), други дејности на здравствена заштита (1) компјутерско програмирање, (1) производство на фармацевтски препарати, (1) дејности на безжични препарати (1) и др.
Директорот на АМС, Мојсовски, изрази задоволство од соработката со УЈП преку која се реализира оваа мерка и истакна дека преку овој систем спортистите, клубовите и федерациите имаат сигурен партнер во финансирање на нивните програми, овозможување подобри услови и постигнување подобри резултати и реализација.
„Ова е од огромно значење за нивниот професионален развој и напредок. Овозможува да се создадат подобри услови за спортистите и постигнување одлични спортски резултати. За нашите спортисти од големо значење е ваквата институционална поддршка. И во време на пандемија бележиме раст на реализација на мерката, фантастични 95 проценти, а во иднина во координација со Управата за јавни приходи сме на изнаоѓање модел за полесна реализација на ваучер системот што би значело средствата кои се доделени преку ваучер системот директно да се слеваат на спортските субјекти кои ја користат мерката“, истакна Мојсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Мицкоски: Покрај новите проекти мораме да враќаме и долгови на претходната Влада, најголем дел од еврообврзницата, околу 700 милиони евра се за тоа
„Покрај тоа што ние градиме вакви објекти, градинки, училишта, сали, автопати, железници, ние ги враќаме и долговите на претходната Влада. Минатата година во јануари месец вративме 500 милиони евра еврообврзница која ја земала претходната Влада, a со дел од овие пари, 700 милиони евра, ќе вратиме друга еврообврзница која претходната влада ја земала пред 4 години“, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за новата еврообврзница во текот на неговата денешна посета на дограденото основно училиште „Блаже Конески“ во Аеродром.
„Ако се работи посветено, чесно, нема идеални услови се разбира, но покрај тоа што треба да се испорачаат проектите и да се изреализираат, треба да се вратат и долговите и на претходната Влада. Јас уште на крајот на минатата година кажав дека ќе биде тешка година, но план имаме и средствата се обезбедени“, дополни премиерот Мицкоски.
Тој посочи дека врвни светски компании се дел од заемодавателите на оваа еврообврзница кои што никогаш досега не се појавиле на Балканот. Исто така повтори дека најголем дел од таа обврзница, околу 700 милиони евра ќе бидат насочени кон враќање на стари долгови.
Економија
Николоски-Хрицова: Од март нова авиолинија Охрид – Братислава
Воведување на новата авиолинија Охрид-Братислава и подобрување на економските и трговски односи меѓу Македонија и Словачка беа тема на денешната средба помеѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и амбасадорката на Словачка, Ивета Хрицова.
Линијата Охрид-Братислава која се воспоставува од март оваа година преку авиокомпанијата „Визер“, ќе придонесе за подобра поврзаност меѓу двете земји, а во функција на развој на туризмот и бизнис секторот, потврдија двајцата соговорници.
Николоски истакна дека Владата посветува особено внимание на развој на ависобраќајот, а воспоставување на оваа авиолинија, ќе ги приближи економските врски меѓу двете држави.
На средбата беа потврдени добрите билатерални односи меѓу Македонија и Словачка, се разговараше за зајакнување на трговска соработка, политичките односи и поттикнување на деловната клима.
Николоски потенцира дека државата се наоѓа во силен инвестициски циклус во реализација на капитални проекти кои имаат регионална димензија и даваат огромен придонес во развој на регионалната соработка преку модернизација на транспортната инфраструктура.
Тој упати честитки за избор на амбасадорката, притоа изрази благодарност за досегашната соработка и ја нагласи потребата од интензивирање на таквата соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји.
Економија
Мицкоски: Речиси 225 милиони евра веќе се пренесени преку Развојната банка на домашните компании, а целосна реализација се очекува во првиот квартал годинава
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се искористат преостанатите 250 милиони евра за домашните компании изјави:
„Досега се пренесени, практично преку Развојната банка, некаде околу 225 милиони евра од 250 милиони евра. Тоа е оној кредит кој што Владата, условно кажано, го субвенционира со каматна стапка од 1,95%, до три години грејс-период и до 15 години рок на отплата.“
Премиерот посочи дека целосна реализација на средствата се очекува во првиот квартал годинава.
„Очекувам набргу, во првиот квартал од оваа година, целосно да биде исцрпен. И заедно со средствата кои што банките сопствени ги инвестираат во развојните проекти на компаниите, го поддржуваат стопанството и економијата и на тој начин Македонија на инвестициската мапа е навистина водечка во регионот. Ако се има предвид дека растот во првата половина од 2025 година, па би рекол и целосно во текот на целата 2025 година, е двоцифрен број проценти. Споредно со истиот период во рамките, да речеме, на еврозоната, тоа е 2-2,5%. Така што, јас сум навистина задоволен од начинот на кој што овие средства се искористени“, објасни Мицкоски.

