Економија
(Видео) Васев: Ангеловска по директна наредба на Заев ја задолжи државата за нови 40 милиони евра
Нина Ангеловска, по директна наредба на Зоран Заев, денеска ја задолжи државата за нови 40 милиони евра. Со тоа за една недела задолжувањата достигнаа над 102 милиони евра. Додека граѓаните тонат во сиромаштија, власта се расфрла, обвини Светислав Васев од ВМРО-ДПМНЕ.
„Во време кога се најавува ново полнење на државната администрација со над 3.000 вработувања како дел од коалицискиот договор помеѓу партнерите на власта, буџетот распидно се оптoварува. Јавноста мора да знае дали парите од задолжувањето ќе се трошат за намирување на 3.000 вработувања во државната администрација? Дали граѓаните и голем број идни генерации ќе треба да го плаќаат полнењето на јавната администрација?
Доколку направиме една едноставна математика дека овие 3.000 вработувања ќе земат основна нето-плата од 25.000 денари доаѓаме до сума од над 14 милиони евра којашто ќе треба државата годишно да ја одвојува само на име нето-плата, не сметајќи ги тука придонесите за пензиско и социјално осигурување, со нив бројката ќе биде многу поголема.
Попусти се сите обиди за поткуп на гласачите. Граѓаните не го одобруваат расипништвото на СДСМ. Граѓаните бараат работа и чесен пристап. Граѓаните и државата не се должни да ја трпат неодговорноста и неработата на власта. Потребни се предвремни парламентарни избори за пад на оваа ненародна власт“, рече Васев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

