Контакт

Економија

(Видео) Димитриеска Кочоска: Горивата се скапи затоа што власта краде и не се откажува од 50 милиони евра годишно

Објавено пред

Во услови на ваква криза, на ваков ценовен шок што го трпат граѓаните мене ребалансот на Буџетот ми наликува како некој таму да седнал во Владата и погледнал дека приходите од ДДВ-то се прибираат повеќе од тоа што првично им било проектирано и кажал во ред продолжете понатаму. Значи 112 милиони евра се пари кои што власта ќе ги собере од граѓаните. Имајќи в предвид дека во најголем дел платите ни се корегирани, значи ние зборуваме за минимална плата која што е корегирана, прашање нели колку од фирмите ја даваат или навистина не им ја даваат на вработените бидејќи се има информации дека се враќа дел од платата кај газдите итн. Но, реално кога ќе ги погледнете сите вработени во Македонија ќе видите дека нема такво зголемување на платите што значи дека буџетот на секој еден граѓанин е погоден, и во такви услови поради високиот ценовен шок вие одлучувате дека она што го планиравте во ноември како зголемување на приходите е малку и сега ви требаат уште 112 милиони евра повеќе да зафатите од граѓаните и стопанството“, истакна Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина насловена „Ценовен шок, сиромаштија и неспособна влада“.

dobivaj vesti na viber

Taa додаде дека власта во ваква тешка криза 112 милиони евра ќе земат од граѓаните и од стопанството.

„ Не случајно во Собранието предлагавме намалување на стапката на ДДВ за прехранбените производи, тие го намалија во некој дел, но не за сите. Сега заврши таа мерка. Дури ние како партија предлагавме и за акцизите, ние кога ги правиме анализите ги правиме врз основа на тоа што го добиваме како податок. Од јануари до април месец ако се погледне она што го прибрала државата по основ на ДДВ, проектирала дека за 6,9% ќе има поголемо прибирање на ДДВ во однос на претходната година. 6,9% на минатогодишниот ДДВ, од први месец до четврти ако се пресмета колку се тие 6,9% ќе се воочи дека само за првите четири месеци се има собрано повеќе од граѓаните од тоа што го планирала Владата и очекувала во основниот буџет. Односно 43 милиони евра повеќе собрала само по основ на ДДВ. Но, да не заборавиме дека минималната плата не беше корегирана од јануари месец. Еве ако се вадат на тоа дека дел од граѓаните имаат повисоки примања, но јануари, февруари и март месец немаа корекција на платата. Значи сето ова оди на грбот на граѓаните“, заклучи Димитриеска Кочоска.

Посочи дека она што најмногу ја изненадува е приходите годинава во однос на минатата година треба да бидат поголеми за 443 милиони евра. Тоа се толку пари годинава што стопанството и граѓаните ќе дадат повеќе на државата и тоа само поради ценовните шокови. Граѓаните не живеат подобро и не купуваат повеќе производи, туку за жал ги купуваат истите производи но со повисоки цена. А, во однос на 2020-та година тоа се 913 милиони евра повеќе приходи ќе се извлечат од граѓаните поради ценовните шокови.

„ Во однос на акцизите поднесувавме веќе трет пат мислам предлог закон за акцизите. Кај акцизите исто така прибирањето е значи многу поголемо и беше многу поголемо во однос и на минатата година и планирано е така. Да речеме и сега со ребалансот велат дека кај акцизите ќе соберат 437 милиони евра годинава, а минатата година беа 415 милиони евра. А, што е проблем од власта да се откажат од акцизите? 2020-та година било 365 милиони евра или да кажеме годинава планираат 73 милиони евра повеќе од 202-та година. Што е проблем да се откажат од акцизата? Не ги разбирам. Значи ова се ненормално високи износи од кој што може да се откажат. Зошто е важно? Затоа што граѓаните во исто време ќе имаа пониски цени. Јас да разберам дека Владата треба да прибере пари притоа да реализира огромни проекти, не знам што прави. Но, за корупција и криминал да го осиромашува својот народ надвор од умот е ова“, нагласи Димитриеска Кочоска.

Димитриеска Кочоска укажа дека само во месец март од Владата имаат собрано по основ на акцизата 33% повеќе во однос на март 2021 година. А, по проекциите првични требале да соберат некаде 12,5% повеќе. Тоа значи дека и со мерките воведени од власта прибираа повеќе пари од граѓаните и стопанството.

„Во континуитет со оваа Влада буџетскиот дефицит се зголемува. 260 милиони евра имаме зголемување на расходната страна. А, притоа од власта велат дека 100 милиони евра скратиле од непродуктивни трошоци. Ако тие скратиле 100 милиони евра од непродуктивни трошоци од овие 260 милиони евра, каде одат 360 милиони евра од Буџетот. Каде се распределуваат? Зголемувањето во тој дел од кај КОВИД мерките се 100 милиони евра. Имаме околу 52 милиони евра зголемување во субвенциите во земјоделие, имаме зголемување некаде околу 70-тина милиони евра од прилика во труд и социјала. И сега кога ќе ги соберете сите тие бројки повторно некаде од 50 до 60 милиони евра недостигаат. Каде се тие пари“, запраша Димитриеска Кочоска.

Димитриеска Кочоска додаде дека ако се анализираат работите може да се воочи дека се има зголемување од 3,3 милиони евра во дневници за службени патувања. И тоа за половина година. И ако се пресметаат на ниво на цела година не би биле 3,3 милиони евра туку 6,6 милиони евра дневници за службени патувања. И околу 10 милиони евра се има исплати во извршни исправи. Не се знае какви се тие 10 милиони евра исплати по извршни исправи. Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците за плати има зголемување за 300 илјади евра. Во своето обраќање дури нагласи дека горивата се скапи затоа што власта краде, но истовремено и не се откажува од 50 милиони евра годишно, колку што е буџетската импликација од 50% намалување на акцизата.

Економија

ФЕРОИНВЕСТ ги отвора своите електрани: Инвеститорите поканети да се уверат како изгледа функционален батериски систем

Објавено пред

Со зголемениот интерес за батериски системи кај фотонапонските електрани, сè почесто се појавуваат сериозни проблеми поврзани со нивната имплементација. Дел од инвеститорите купуваат батериски системи кои воопшто не можат да се инсталираат бидејќи не се соодветни за македонскиот пазар и мрежа, додека во други случаи батериите се инсталираат, но поради недостаток на искуство и несоодветна опрема за програмирање на истите, тие никогаш не се пуштаат во комерцијална работа.

dobivaj vesti na viber

Тоа значи дека наместо батерискиот систем да носи поголеми приходи и заштеди, тој прави загуби.

Батерискиот систем не е обична батерија ниту опрема што може лесно да се приклучи. За разлика од фотонапонските електрани кои се релативно едноставни во својата имплементација и работа, батериските системи се сложен енергетски објект кој мора правилно да се проектира, софтверски да се интегрира, и да се усогласи со мрежните правила, регулативите и пазарните механизми.

ЗОШТО Е ВАЖНО ДА СЕ РАБОТИ СО ИСКУСЕН ПАРТНЕР?

ФЕРОИНВЕСТ нуди два типа проверени батериски системи:

· Кабинетски батерии

· Контејнерски батериски системи

Овие системи: ✔ со години совршено функционираат во Европа, со вкупен инсталиран капацитет од над 3.000 MWh.

✔ совршено функционираат и во Македонија, со вкупен инсталиран капацитет над 20MWh.

РЕАЛНИ, ФУНКЦИОНАЛНИ ПРИМЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА

За разлика од многу теоретски решенија, батериските системи на ФЕРОИНВЕСТ се реално поставени, поврзани на мрежа, стекнати со сите дозволи, и веќе подолг период работат и се дел од комерцијална експлоатација без никаква техничка или административна пречка.

Дел од електраните на кои ФЕРОИНВЕСТ има поставено батериски систем кој веќе функционира се:

📍 Фотонапонска електрана Гиновци – 6,1 MWh/2,6MW, о. Ранковце, Крива Паланка

📍 Фотонапонска електрана Тркање – 10,5MWh/4,5MW, Кочани

Ги покануваме сите заинтересирани инвеститори лично да ги посетат локациите и од прва рака да се уверат во функционалноста, стабилноста и ефектите од правилно имплементиран батериски систем.

КОМПЛЕТНА УСЛУГА – ОД ИДЕЈА ДО ПРИХОДИ

ФЕРОИНВЕСТ нуди целосно заокружено решение, кое опфаќа:

· изработка на бизнис план (физибилити студија) за финансирање

· проектирање на батерискиот систем

· испорака на батерискиот систем и негово поставување на терен

· пуштање на батеријата во работа

· програмирање на батеријата и оптимизација на приходите и заштедите

· 24/7 мониторинг на батерискиот систем

· одржување на батерискиот систем

· приклучување во нашата балансна група

· откуп и пласман на произведената и складираната електрична енергија

ПОРАКА ДО ИНВЕСТИТОРИТЕ

Ако сакате батериски систем што навистина ќе работи, што носи техничка и финансиска сигурност, и оптимален поврат на инвестицијата –ФЕРОИНВЕСТ има реални проекти, реално искуство и докажани резултати.

За повеќе информации и закажување посета на активните локации со батерии на електраните на ФЕРОИНВЕСТ:

02/5122 809

075 277 354

[email protected]

[email protected]

ПР

Прикажи повеќе...

Економија

Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина

Објавено пред

Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.

dobivaj vesti na viber

Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.

Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.

Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.

Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти

Објавено пред

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.

dobivaj vesti na viber

Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.

На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.

Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ избра нови претседатели на повеќе партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се одлуки за кадровски освежувања и распишување...

Свет7 часа

ЕУ забранува уништување на непродадена облека и обувки

Европската комисија денеска усвои мерки со кои се спречува уништување на непродадена облека, модни додатоци и обувки, со цел да...

Македонија8 часа

Даниел не се замерил со никого, мотивот најверојатно е пари, рече адвокатот на Кајмакоски кој по киднапирањето е стабилен, но под стрес

Македонскиот пејач, Даниел Кајмакоски, беше киднапиран во Белград ноќта меѓу сабота и недела, а по трауматичниот настан моментално се опоравува,...

Македонија8 часа

Четворица заболени од шуга во касарната во Велес, епидемиологот Оранска рече дека болеста е донесена однадвор

Кај четворица слушатели на курсот за професионални војници во велешката касарна е потврдена шуга. Тие се пуштени на домашно лекување...

Македонија9 часа

„Сите сме под стрес“: сопругата на пејачот Даниел Кајмакоски разговараше со медиумите по киднапирањето

Сопругата на македонскиот пејач Даниел Кајмакоски, Марина, се огласи еден ден по неговото киднапирање . Имено, ноќта меѓу сабота и...

Топ13 часа

Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река

Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна...

Македонија14 часа

За една недела, 4.991 прекршок преку системот „Безбеден град“, најмногу за брзо возење

Во периодот од 02.02.2026 до 08.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се...

Топ14 часа

Кривична пријава за сопственик на фирма од Охрид по смртта на негов вработен, не му обезбедил соодветна обука

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(43) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи...

Македонија14 часа

ОЈО ГОКК: Се разменуваат информации со српското обвинителство за да се утврди евентуална поврзаност на двата случаи и потеклото на марихуаната

Во рамките на опсежната акција што се спроведува изминатиот период, а во која до сега се запленети над 40 тони...

Македонија15 часа

Министри и градоначалници на средби со високи претставници на УНЕСКО во Париз, ќе се разговара за статусот на Охрид

Делегација на Владата во состав: заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна...

Македонија15 часа

Утре ССМ ќе го блокира Собранието: Најмалку 250 евра за пратениците, а ни 25 за работниците е срамно

Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) денес испрати уште еден повик до работниците утре во 9 часот да излезат на...

Македонија17 часа

„Немирната совест го натера Заев на панични реакции“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Заев, основачот на марихуана бизнисот во Македонија, не спие мирно. Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во...

Свет17 часа

Врските на Епстин со Силиконската долина биле многу повеќе од комуникација само со Гејтс и Маск

Најновото објавување на милиони документи од Министерството за правда на САД поврзани со осудениот педофил Џефри Епстин фрли нова светлина...

Европа18 часа

Празната украинска амбасада во Москва казнета поради неплаќање струја

Московскиот суд ѝ наложи на украинската амбасада во Русија, која е затворена од почетокот на руската инвазија во февруари 2022...

Европа19 часа

(Видео) Моќен напад со дронови врз Одеса: погодена зграда, едно лице загина

Руските сили извршија серија напади со ракети и беспилотни летала врз неколку украински градови во текот на ноќта. Во Одеса,...

Европа19 часа

Зеленски: Русија секојдневно ја напаѓа нашата железничка инфраструктура

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија речиси секојдневно ја напаѓа железничката инфраструктура на Украина, но дека Киев сè уште...

Македонија20 часа

Почувствуван земјотрес во Тетово и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 23...

Македонија1 ден

Војници во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани тоалети – синдикатот алармира по појавата на шуга во велешката касарна

Независниот синдикат на професионални војници, реагира поради појавата на шуга кај новопримените професионални војници во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“...

Македонија1 ден

Српската полиција се огласи по киднапирањето на Даниел Кајмакоски: Се трага по двајца осомничени

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека полицијата трага по две лица осомничени за киднапирање на македонскиот пејач Даниел...

Македонија2 дена

(Видео) Договорено покачување на платите за околу 11.000 административци до 2028 година

Околу 11.000 вработени во јавната администрација, судовите и обвинителствата ќе добијат покачување на платите од речиси 40 отсто до 2028...