Економија
(Видео) Експерти на трибината “Агенда – Земјоделство 20-24 согласни”: Целосно се искористуваат сите капацитети во земјоделието
На програмската трибина “Агенда – Земјоделство 20-24″ надворешните експерти истакнаа дека мерките на Владата во изминатиот период придонесуваат за развој на земјоделство како и за подобри услови за работа и ја истакнаа важноста од добрата соработка на институциите со невладниот сектор. Двајцата говорници, Миле Цеков од Регионалнатга стопнаска комора и Николче Николовски, директор на здружението „Slow food Macedonia” потенцираа дека во последните три години е направен значителен напредок, подобрена е комуникацијата на релација држава – приватен сектор.
Цеков и Николовски препорачуваат и натаму искористување на сиот потенцијал како и едукација за придобивките од оваа исклучително важна гранка.
“За да може една компанија да се развива, неопходно е да извезува производи, но прво ни треба квалитет и конкуретна цена. Во изминатата деценија ние нe успеавме да изградиме функционален агро- сектор, а тоа е поврзано и со сивата економија и со владеење на правото. Но, во последните три години е направен значителен напредок, подобрена е комуникацијата на релација држава – приватен сектор, намалени се казните на инспекторите кои прво даваат опомена, зголемена е искористеноста на сресствата од ИПАРД програмата, а сето тоа дава основа да го унапредуваме земјоделството“- изјави Цеков.
Мерките на СДСМ во земјоделството полека одат кон создавање на функционален и ефикасен систем преку којшто ќе се знае кој може да откупува производи, кој ќе смее да извезува, како ќе се рекламираат и како навремено ќе се обезбедува и откуп и пласман.
“Во контекст на ова, нам ни е неопходо да продолжиме со едукација. Постојано се појавуваат нови сертификати во Европа за здрава и безбедна храна за кои мораме да учиме. Потоа, мораме да најдеме мерки за заштита на домашното производство, а да го зголемиме приливот на странски инвестиции. За пример ќе ја посочам Холандија која е на второто место во светот по извоз на земјоделски производи, после САД кои се на прво. Но, Холандија е 290 пати помала од Америка, а сепак е на врвот. Значи, и мала економија како нашата ако создаде современ и функционален земјоделски систем ќе ги наполни странските пазари со квалитетни производи“- заврши Цеков.
Николче Николовски, директор на здружението Slow Food Macedonia, истакна дека од исклучителна важност е да се јакнат капацитетите на домашните производители.
Според Николовски, во земјата има преку 150 потенцијални производи кои би биле интересни и за нашиот пазар, но и за извоз за што соработка ја здржението ја издигнало на ниво на потпишување на Меморандум со МЗШВ и АХВ.
“Oвие производи сме ги промовирале надвор од нашата земја , но повеќе тоа служело како привкелување на туристи, а важно е да ги има и на домашниот пазар. Секој турист кој доаѓа кај нас, ја потенцира храната и наша задача е да не ги изгубиме овие вкусови. Сакаме да понудиме автентична гастрономска понуда. Тоа ќе го постигнеме, ако на менито има храна само од нашето поднебје. Да ја осигураме нашата храна. Ако ја осигураме нашата храна, сме ја осигурале и стабилноста на државата”, заклучи Николовски.
Тој го истакна и органското производство како клучно. Смета дека поддршката на Владата за овој вид на производство е голема, но потребно е потрошувачите да бидат подобро информирани што добиваат доколку платат повеќе за да ја користат оваа храна.
“Сите чинители од овој сектор потребно е да ги едуцираме конзументите за нашата храна, за квалитетот на нашата храна и да се базираме на нашето производство”, рече Николовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

