Економија
(Видео) Заев: Плаќањето на даноците и другите обврски се одговорност кон државата
За да имаме квалитетно здравство, современо образование, за да се градат нови болници и амбуланти, нови училишта и градинки, нови патишта и инфраструктура, за да има доволно пари за пензии и плати во јавната администрација, за социјална помош и сите облици на финансиска државна поддршка, за да ни оди државата напред – плаќањето на даноците мора да биде императив како чин на заедништво, човечност и колективна зрелост, порача премиерот Зоран Заев на одбележувањето на Денот на даночници и на даночиот систем во Република Македонија, во организација на Управата за јавни приходи.
Станува збор за основната функција на државата, рече Заев, преку која се обезбедува нејзиното нормално функционирање, нагласувајќи дека јавните приходи ги овозможуваат јавните услуги.
!За да одговори државата на обврските кон граѓаните и нивните потреби, тие мора да ја исполнат одговорноста кон државата. Јас искрено верувам во граѓаните на Република Македонија. Оваа година, заклучно со октомври, бележиме одлични резултати и имаме зголемување на даночните приходи за 7% во однос на истиот период лани. Овие резултати се и ваш успех – на даночните работници и Управата за јавни приходи. Сакам да ви оддадам признание за вашата одлична работа“, истакна Заев.
Според премиерот, преку воведување на реформата Е- персонален данок Управата за јавни приходи храбро и одлучно ја доближи Република Македонија до стандардите на работа на европските даночни институции.
„Во 2019 година, заклучно со јануари, исправени сме пред заеднички предизвик – го воведуваме праведниот даночен систем. Целта е да создадеме едно праведно фер општество кое ќе нуди еднакви можности за сите. Фер е оние што заработуваат повеќе да им помогнат на оние што немаат за и тие да можат да најдат работа и да заработуваат за своите семејства и со тоа активно да учествуваат и придонесуваат во економскиот живот“, нагласи премиерот Заев.
Тој посочи дека финансиските средства собрани од праведните даноци во целост ќе се искористат за намалување на сиромаштијата и за активирање на луѓето во социјален ризик на пазарот на трудот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

