Економија
(Видео) Костадинов: 10 милиони евра за бескаматни кредити од линијата „Ковид 4“
Промовирана е нова линија бескаматни кредити „Ковид 4“ наменета за занаетчиите, трговските поединци и приватните здравствени установи, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
„За оваа линија кредити преку Развојната банка ќе се обезбедат нови 10 милиони евра, кои ќе завршат во стопанството. Износот на кредитот ќе биде дефиниран во зависност од бројот на вработените и падот на приходите и тој може да изнесува од 3.000 до 30.000 евра, а роковите за отплата ќе се движат од 36 до 42 месеца со грејс-период од 12 месеци.
Како што додаде, во оваа кредитна линија е овозможена и грант-компонента до 50 % од висината на кредитот ако корисниците ги исполнат потребните условите, а тоа е во 2021 да имат 5 % повеќе вработени во однос на 2020 година и вкупните приходи во 2021 да се зголемени 10 % во однос на 2020 година или може да добијат грантови од 20 или 30 % доколку е остварен само еден од условите.
„Ова е силна финансиска поддршка за домашната економија за спас на работни места и дополнително придвижување на економскиот раст. Претходно, пред оваа линија кредити беа спроведени и трите бескаматни кредитни линии – „Ковид 1, 2 и 3“, со кои се обезбедија средства во вкупен износ од над 44 милиони евра, при што беа поддржани над 4.000 компании што вработуваат околу 37.000 лица“, рече Костадинов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

