Економија
(Видео) Трипуновски: Килограм тутун колку кутија цигари, титунарите се излажани, оставка на Заев
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/12/Untitled-2.png)
Зоран Заев со измените во законот за тутун, со кој дозволи увоз на тутун, придонесе цената на домашното производство да падне под ниво на 2006 година. Поради Зоран Заев, еден килограм тутун се продава за цена колку една кутија цигари, обвини Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Трудот и маката на десетици илјади тутунари е потценет. Егзистенцијата на нивните семејства е доведена во прашање. Цела година предупредував дека до ова ќе дојде, но власта, иако ги знаеше последиците, не мрдна со прст, од тука влечам само еден заклучок дека власта свесно ја девалвира цената на тутунот. Па, затоа, прашувам – кој треба да профитира од маката на тутунарите, кој ќе го јаде нивниот труд и пот?!
150 денари, цена по кој се продава тутунот, е смешна и не дозволува да се намират ниту основните трошоци на производство. Токму затоа повикувам на владина интервенција и веднаш да седне на маса со откупувачите и да се овозможат нормални и фер цени.
Дополнително, треба да се осигури пласман на околу 3 милиони килограми тутун за кој нема договори за откуп и како што сега стојат работите, најверојатно, ќе скапува на таваните. Тоа е тутун за кој тутунарите потрошиле и пари и труд, а сега треба да го фрлат. Тоа е целосна штета.
Ова што им се случува на тутунарите е целосна вина на Зоран Заев и за ова тој треба да понесе одговорност. Не може да остави десетици илјади семејства на работ на егзистенција и да продолжи да владее како ништо да не било. За ова, Зоран Заев, оставка веднаш!“, порача Трипуновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Економија
Англиска компанија бара партнери за соработка од Македонија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/03/kompanija.jpg)
Сојузот на стопанските комори на Македонија го споделува барањето на компанијата „Марион трејдинг“, со седиште во Обединетото Кралство, која е специјализирана за дистрибуција на источноевропски прехранбени производи.
Моментно бараат сигурен деловен партнер за набавка на производи од ферментирана зелка.
Нивниот годишен обем на набавки за овие производи е приближно 1.000 тони и сакаат да воспостават долгорочно партнерство со доверлив доставувач, велат од Стопанската комора.
Сите заинтересирани компании за соработка може да се пријават најдоцна до 20.2.2025 година до 14 часот на следниот имејл: [email protected]
Економија
Божиновска со претставници на германската банка КфВ: Поддршка за рентабилноста на ЕСМ и инвестиции во обновливи извори
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/13-1.jpg)
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со претставници на германската банка КфВ, на која се разговараше за можностите за идни инвестиции во енергетскиот сектор, како и за поддршката на банката во процесот на трансформацијата на АД ЕСМ во рентабилна и модерна компанија.
На состанокот претставниците на КфВ ја потврдија својата посветеност за соработка со Македонија во областа на одржливата енергетика. Тие ја истакнаа важноста на стратешките инвестиции, кои ќе придонесат за модернизација на енергетската инфраструктура и забрзана транзиција кон обновливи извори на енергија.
Банката КфВ веќе учествува во значајни енергетски проекти во земјата, како што се финансирањето на втората фаза од ветерниот парк во Богданци и изградбата на фотонапонската електрана „Битола 2“. Овие инвестиции, вредни 55 милиони евра, ќе обезбедат дополнителни капацитети за обновлива енергија зајакнувајќи ја енергетската независност на земјата.
Ветерниот парк во Богданци, со новите турбини, ќе го зголеми своето производство на електрична енергија, а фотонапонската централа „Битола 2“, која ќе биде завршена во 2027 година, ќе произведува до 90 GWh годишно – доволно за снабдување 20.000 домаќинства.
Од банката КфВ ја нагласија заложбата за поддршка на македонската влада во исполнување на климатските и енергетските цели усогласени со европските стандарди.
Средбата заврши со согласност за продолжување на соработката, особено во делот на инвестиции во обновливи извори и подобрување на енергетската ефикасност на национално ниво.
Економија
Трипуновски: Визионерски се работи да се зголеми сточниот фонд, во новата програма предвидени се зголемени субвенции
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-12-152638.jpg)
„Ако пред десетина години сточниот фонд на крупна стока во државата изнесуваше околу 260.000 грла, денес по седум години погубни политики на минатата власт сточниот фонд изнесува нешто помалку од 140.000 грла“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од собраниска говорница одговарајќи на пратеничко прашање.
„Имаме сериозен пад на млекопроизводство, тоа е се резултат на погрешни политики, лоша земјишна политика, неисплата на субвенциите, без конкретни мерки и програми. Но, тоа време заврши и изминатите 6-7 месеци како власт работиме интензивно како да го вратиме сточарството во Република Македонија и млекопроизводството меѓудругото како еден од најважните производи“, појасни министерот.
Трипуновски додаде дека субвенциите не се намалени туку напротив се зголемени.
„Во минатогодишната Програма субвенцијата за грло крупна стока изнесуваше 12.000 денари за крава и 5 денари за литар млеко предадено во преработувачки капацитет. Оваа година во Програмата за 2025 година поддршката изнесува за грло 8.000 денари и 6 денари за литар предадено млеко во преработувачки капацитети“, истакна тој.
Посочи дека ако една крава има просечно лактација од 6.000 литри во текот на годината, ако се помножи 6.000 литри со 6 денари субвенција која што е предвидена во Програмата за 2025 година тоа се 36.000 денари. И кога на тие 36.000 денари се додадат и дополнителните 8.000 денари за грло крава се добива сума од 44.000 денари.
Министерот додаде дека според старата Програма субвенцијата изнесуваше 12.000 денари по грло и субвенција од 5 денари за предадено литар млеко, тогаш сточарите земале само 42.000 денари.
„Оваа година за првпат ја воведуваме мерката за оставено женско теле, односно можност за зголемување на основното стадо на секој еден фармер. Сумата која што ќе ја добие секој еден фармер за оставено женско теле е 3.000 денари дополнителна субвенција“, најави Трипуновски.
Тој нагласи дека Министерството визионерски работи на зголемување на сточниот фонд во Република Македонија.