Економија
(Видео) Трипуновски: Со законските измени земјоделците нема да ги добијат ветените субвенциите што ги очекуваат со денови
Ситуацијата во земјоделскиот сектор во Република Македонија е повеќе од алармантна. Постојано гледаме како земјоделците си ги бараат ветените субвенции. Сведоци сме дека изминативе години додека СДСМ е на власт речиси секоја земјоделска култура наместо на пазарите завршуваше на буниште, изјави Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Сакаме да укажеме и да ја информираме јавноста дека реалната ситуација со македонското земјоделие е очајна и дека земјоделецот е доведен на работ на егзистенцијата.
Доказ дека земјоделците се оставен сами на себе е фактот што со последната измена на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството, којашто е објавена во ‘Службен весник’, во мерката 11 која се однесува на заостанатите обврски, бројката е повеќе од алармантна. Речиси 65 милиони евра се во ставката заостанати обврски. Потенцираме 3 милијарди 979 милиони 766 илјади денари е минусот во програмата за финансиска поддршка во земјоделството, коишто се направени од страна на СДСМ за период од 2017 и 2018 година.
Тоа значи дека лозарите од Тиквешијата, јаболкарите од Ресенскиот Регион, оризарите од Кочанско, градинарите од Струмичкиот Регион и сточарите од цела Република Македонија со ваквиот минус во програмата нема да ги добијат ветените субвенциите коишто ги очекуваат со денови, а за нив живот значат.
ВМРО-ДПМНЕ во изминатиов период постојано апелираше и повикуваше власта да има сериозен пристап кон македонското земјоделство. Напротив, власта се луксузираше, трошеше милиони евра на непотребни забави и се правеше глува на потребите на најголемата категорија граѓани во Република Македонија, а тоа сте вие почитувани земјоделци.
Заев дојде на власт манипулирајќи ги земјоделците дека ќе обезбеди сигурен пласман и високи откупни цени за земјоделските производи. А Заев и Николовски ветуваа редовна исплата на субвенциите и нивно покачување. Ништо од тоа денес не е случај.
Земјоделците го видоа вистинското лице на Заев, Николовски и нивниот пулен Димковски. Крајно време е земјоделците да го добијат пристапот и посветеноста што ја заслужуваат. За тоа да се случи потребни се брзи, итни предвремени парламентарни избори во Република Македонија. Време е за обнова во Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

