Економија
Владата преку ЕСМ ќе управува со БЕГ до крајот на грејната сезона
Владата преку „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) ќе управува со БЕГ до крај на грејната сезона.
Ова е одлуката што ја донесе државата со цел скопјани да имаат парно и тоа да не се исклучи од вечерва, како што беше најавено од БЕГ поради немање гас.
„ТЕ-ТО е задолжено да произведува и дополнителна електрична енергија“, соопшти министерот за економија, Крешник Бектеши.
„Утре ќе има парно греење и ќе има до крајот на грејната сезона. Сите други одлуки се дел од решенијата што ќе ги донесеме, како и мерките, финансиските средства што треба да се обезбедат за мерките да се спроведат. До крајот на грејната сезона нема да има проблем со греењето“, рече вицепремиерот Фатмир Битиќи.
„Меѓу ЕСМ и ТЕ-ТО има договор, а идната недела ќе се потпише договорот за ЕСМ да управува со БЕГ. Договорот за испорака на вишоци електрична енергија потпишан е денеска“, рече Бектеши, што значи дека ТЕ-ТО ќе му дава гас на БЕГ за скопјани да имаат топлинска енергија.
БЕГ и натаму ќе има лиценци, обjасни претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски. Тој вели дека БЕГ ветил и подобрување со снабдувањето откако во изминатиот период некои од граѓаните се жалеа на млаки наместо топли радијатори.
Бислимоски е лут на експертите, кои реагираа дека може да се очекува големо покачување на парното поради покачувањето на цената на гасот.
„Во изминатиот период имаше најризични очекувања и најави дека ќе се случи апокалипса со топлинската енергија. Кризата со која се соочува Европа ќе заврши со едноставно поскапување од 14 проценти. Во наредниот период ќе има одлука со која ќе се определи реална цена на топлинската цена, а разликата со постојната цена ќе се надомести од Владата“, рече Бислимоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

