Економија
Германија широко ги отвора вратите за странските работници, објавени нови правила

Германската економија со години не може да привлече доволно квалификувани работници, а овој проблем наскоро ќе се влоши со пензионирањето на бејби бум генерацијата.
Владата претстави план со кој пошироко се отвораат вратите за работната сила од земјите надвор од Европската унија, пренесува ДПА. Според нацртот, странците повеќе нема да бидат ограничени само на професијата, па така, на пример, механичар ќе може да работи како магационер или полицаец како келнер.
При разгледување на апликацијата за работна виза, искуството ќе добие тежина, а преводот на квалификации на германски ќе изгуби важност за влез во Германија. Планот вклучува и иновативен систем за бодување за работници од трети земји, вклучувајќи ги и земјите од Западен Балкан.
Министрите се согласија за основните принципи, дека „критериумите можат да бидат квалификации, јазични вештини, работно искуство, семејни врски со Германија и возраст“. Прашањето за бодување на небулозните категории на познавање на јазикот и семејните врски штотуку доаѓа на агендата за дискусија во трипартитната коалиција на канцеларот Олаф Шолц.
Според тоа, службите за странци поповолно ќе ги одмеруваат способноста за интеграција со претходен престој во Германија, работа кај германски работодавач, но и доколку кандидатот има роднини во Германија. Нацртот сè уште не дефинира каков статус треба да имаат тие роднини, на пример дали треба да се вработени.
Полесната имиграција е дел од планираната реформа на законите за азил и миграција што министерката за внатрешни работи Ненси Фезер сака да ја иницира до крајот на годината.
Бундестагот утре треба да гласа за таканаречената можност за право на престој, односно за отворање перспектива за престој за добро интегрираните странци кои подолго време живеат во Германија без безбеден статус.
Почнувајќи од 31 октомври 2022 година, секој што живеел во земјата најмалку пет години и не сторил кривично дело, треба да добие 18 месеци да ги исполни условите за долготраен престој – тука спаѓаат јазичните вештини и сопствените средства за егзистенција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
УЈП ја унапредува соработката со даночните обврзници-воведени нови дигитални услуги

Управата за јавни приходи, како што е соопштено, континуирано ја унапредува соработката со даночните обврзници и инвестира во современи услуги што се брзи, сигурни и достапни без физичко присуство.
Во февруари годинава, УЈП ја воведе новата дигитална услуга „е-Уверение за остварен доход“, која им овозможува на граѓаните целосно електронски, бесконтактно и преку сигурна постапка да го добијат овој документ. Од нејзиното воведување досега, за само неколку месеци, се издадени 5.688 уверенија, со што е заштедено значително време како за граѓаните, така и за службениците на УЈП, а работата се одвива според најсовремени дигитални стандарди. Покрај тоа, значително е модернизирана и услугата за издавање на „Уверение за состојба на даноци“. Со автоматизација на внатрешните процеси, во изминатите три месеци сите поднесени барања навремено се обработуваат и уверенијата се издаваат во рок од најмногу пет календарски дена, што претставува значително подобрување во споредба со претходниот период. Тоа значи дека 100% од уверенијата се издадени во законски предвидениот рок, се истакнува во информацијата од УЈП.
Во следната фаза, како што е најавено, оваа услуга ќе биде целосно дигитална и бесконтактна, овозможувајќи уште поедноставен, побрз и поефикасен пристап за граѓаните и компаниите. „Нашата цел е јасна – даночните услуги да бидат со висок стандард, брзи, едноставни и доверливи. Сакаме граѓаните и компаниите да добиваат квалитетна услуга со само неколку клика, без непотребни процедури и без губење време. Долгорочната и стратешка определба за трансформација на УЈП е создавање „нов лик“ и „нов амбиент“ – како за даночните обврзници, така и за даночните службеници и соработниците на даночната администрација. Овие резултати покажуваат дека сме на вистинскиот пат“, изјави директорката на УЈП.
Економија
Секој почеток е полесен кога е како на вода – Back to School без финансиски стрес!

Септември е на прагот со нови возбудливи моменти за децата, но и со нови финансиски предизвици за родителите. Купување книги, ранци, тетратки, прибор за цртање, спортска опрема или нов компјутер – списокот е долг, а трошоците знаат да бидат големи токму во период кога семејниот буџет е најоптоварен.
Како што традиционално се фрла чаша вода за среќа и успешен почеток, така и ние во Mint Credit сакаме да бидеме вашиот добар знак за лесен и безгрижен старт на учебната година. Со Mint Credit добивате aванс до плата – 20.000 МКД со 0% камата и без дополнителни трошоци*.
Колку земаш – толку враќаш!
Со Mint Credit, овој септември училишните подготовки стануваат полесни од кога било. Со понудата аванс до плата добивате финансиска поддршка кога ви е најпотребна, а враќате точно онолку колку што позајмивте.
Она што е најважно е што средствата може да ги искористите каде и да сакате:
· Во книжара за книги, прибор и училишен материјал,
· За нова чанта, патики или спортска опрема,
· За таблет или лаптоп кој ќе им помогне на децата во учењето
· Или за било која друга потреба поврзана со стартот на учебната година. Аплицирањето е брзо и лесно преку Mint App – со само неколку клика го добивате потребниот износ директно на вашата сметка. Нема редици, нема чекање, сè завршувате од удобноста на вашиот дом.
Ние веруваме дека секое дете заслужува да тргне во новата учебна година подготвено, со самодоверба, насмевка и чаша вода по нив за успешен почеток. А вие заслужувате да уживате во тие моменти, наместо да се грижите за финансии.
🎒 Со Mint Credit, овој септември вашето семејство ќе биде подготвено за нови успеси – лесно, сигурно и без финансиски стрес.
💡 За повеќе информации, посетете ја нашата веб-страница, контактирајте нѐ на 15 107, или во некоја од нашите филијали. Ние сме тука за вас!
*Оваа понуда важи за првиот земен кредит од ваков тип.
ПР
Економија
Нови правила за одобрување возила од 1 септември

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) одржа работен состанок со над 40 овластени застапници и импортери на возила во Македонија.
На средбата присуствуваа министерката Сања Божиновска, директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски, претставници на Биро за метрологија и Царината како и професорот Дарко Данев кој ги презентираше измените во постапките за одобрување на возила, кои ќе стапат на сила од 1 септември 2025 година.
Овие измени се однесуваат на постапките за: одобрување на тип на возило, единечно одобрување на возило, идентификација и оцена на техничката состојба и издавање на потврди за исполнетост на техничките барања за возилата.
Клучната промена е тоа што, по 17 години од донесувањето на Законот за возила, истиот конечно ќе почне да се применува согласно европските стандарди.
„Го зајакнуваме системот на доверба меѓу институциите и импортерите, со јасни правила и навремена услуга за граѓаните. Ова е значаен чекор за приближување кон европските стандарди и подобрување на квалитетот на услугата која ја добиваат нашите граѓани“, изјави министерката Божиновска.
Клучни промени во постапките за одобрување на возила:
· Одобрување на тип на возило за сите негови варијанти и изведби според WVTA документот, освен ако импортерот не побара поинаку.
· Единечно одобрување ќе се врши исклучиво за возила за кои не е одобрен типот во РСМ и немаат одобрение за тип во ЕУ преку Биро за метрологија. Возила со претходно одобрен тип во ЕУ или во РСМ немаат потреба од посебна постапка за единечно одобрување и директно одат во постапка за идентификација и оцена на техничката состојба.
· Импортерите имаат обврска да издаваат потврди за исполнетост на техничките барања за сите возила за кои постоиевропско одобрение на тип (WVTA) или национално одобрување на тип. За останатите возила за кои немаат возила не постои одобрение на тип во РСМ или не постои одобрение на тип во ЕУ, импортерите немаат обврска да ги издаваат потврдите, ваквите возила ќе обезбедуваат потврди од независни институции прифатени од Бирото за метрологија.
· Грубата пресметка вели дека 1,3 милиони евра годишно досега оделе за TÜV потврди кои не требало да се бараат и тоа најголемиот дел од средствата оделе кај странски компании на кои им се плаќало – процесот сега ќе се регулира преку овластените застапници, домашни македонски компании.
· Роковите за одобрување на тип во Бирото за метрологија ќе бидат скратени двојно, за побрза и поефикасна постапка.
· Цените на услугите од Биро за метрологија ќе се регулираат со нов правилник.
· Потврдите за исполнетост на техничките карактеристики кај застапниците ќе чинат 40-50 евра.
Министерството нагласува дека соработката со застапниците е клучна за успешна примена на Законот и изграден функционален систем на доверба.
„Градиме партнерски однос со импортерите како клучен елемент во процесот на усогласување со европските стандарди. Граѓаните треба да се чувствуваат заштитени и поддржани при секоја постапка за одобрување на возила“, додаде министерката Божиновска.