Контакт

Економија

Групацијата АРИКОМА ја купува компанијата „Сеавус“

Објавено пред

Претставниците на Групацијата АРИКОМА (ARICOMA), која е дел од чешката Групација ККЦГ(KKCG) на Карел Комарек, најавуваат значаен чекор поврзан со меѓународната експанзија на компанијата. Согласно купопродажниот договор, Групацијата АРИКОМА ја купува „Сеавус“, компанија за развој на софтвер и консалтинг. Со оваа аквизиција, Групацијата АРИКОМА продира во другите пазари во Европа и ја зајакнува својата позиција во САД. Во исто време, ја зацврстува својата меѓународна позиција во ИТ-индустријата, со консолидирани приходи од 300 милиони евра, добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) од над 23 милиони евра, и повеќе од 2.800 вработени.

dobivaj vesti na viber

„Оваа аквизиција ја остварува долгорочната стратегија на Групацијата KKCG во полето на информатичките технологии. Уште од основањето на компанијата, преку која ги консолидиравме најголемите играчи на чешкиот ИТ-пазар, имавме визија нареден чекор да биде меѓународна експанзија. Јас сум навистина задоволен што успеавме да ја комплетираме трансакцијата и покрај предизвиците со кои се соочува денешницата“, изјави Мајкл Томанек, директор за инвестиции во технологија на Групацијата KKCG.

Групацијата АРИКОМА (платформа за консолидација на ИТ-услуги на Групацијата KKCG) продолжува да ја исполнува својата амбиција да стане најголем европски давател на ИТ-услуги што, според Томанек, ќе опфати група специјализирани компании кои заедно ќе нудат интегриран опсег на услуги за дигитална трансформација.

„Со својот опсег на услуги фокусирани на ИТ-консалтинг, развој на софтвер, имплементација на софтверски решенија и производи за одржување и поддршка, менаџмент на инфраструктури, кибер-безбедност и усогласеност, ‘Сеавус’ совршено се вклопува во портфолиото на Групацијата АРИКОМА“, вели Милан Самеш, извршен директор на Групацијата АРИКОМА. Самеш има позитивно мислење и за историјата на „Сеавус“, компанија која е основана во 1999 година и оттогаш работи со постојан развој. Веројатно најдобар доказ за квалитетот на 800-те вработени во „Сеавус“ е фактот што компанијата обезбедува услуги во многу земји во Европа, вклучувајќи ги основниот Скандинавски Регион, земјите од Бенелукс, Швајцарија и САД. Дел од поголемите клиенти од портфолиото на „Сеавус“ се компании од телекомуникацискиот сектор (како на пр. Sunrise, Tele2, А1, Globalstar), банкарската индустрија (Erste Bank, Banka Intesa, Maginalen Bank), и технолошки компании како Bosch. „Искуството што го стекнавме оваа година, кое беше толку фундаментално обележано со пандемијата на коронавирусот, ни кажува дека дигиталната трансформација на компаниите се одвива побрзо отколку што очекувавме. Во ова гледаме огромна можност за понатамошен раст. Аквизицијата на ‘Сeaвус’ совршено се вклопува во овој план“, вели Самеш.

Една од главните цели на Групацијата АРИКОМА е посилно етаблирање на странските пазари, истовремено поддржувајќи го подинамичниот развој на сопствените SW-решенија и услуги.

„Веруваме дека вклучувањето на силен стратешки партнер, како што е Групацијата АРИКОМА, ќе ја забрза иновативноста и дополнително ќе ги зајакне нашите можности да им нудиме висококвалитетни услуги за развој на софтвер и напредни технологии на нашите клиенти ширум светот. Сега, ние не само што ќе бидеме посветени на успешно работење, туку ќе бидеме уште помотивирани во остварувањето на нашите цели – да го прошириме нашето портфолио на клиенти, да станеме доверлив партнер во нивниот процес на дигитализација, и со тоа да станеме еден од водечките ИТ-провајдери во Европа. ‘Сеавус’ ќе биде значаен дел од успешната приказна на KKCG“, изјави Игор Лештар, претседател на Одборот на Групацијата „Сеавус“.

Со оваа аквизиција, оперативното и деловно работење на компанијата ќе продолжи непроменето, во блиска иднина. Групацијата „АРИКОМА“ е посветена на одржување на лидерството, како и основните вредности кои ја етаблираат „Сеавус“ како доверлив партнер, давател на услуги и сигурен работодавач.

За финансиската страна на продажбата, „Сеавус“ беше советуван од страна на тимот за стратегија и трансакции на EY од Стокхолм. Тимот го водеше Мадс Кунов, обезбедувајќи корпоративни финансиски услуги, како и и услуги за финансиска помош на добавувачи.

Bird & Bird, предводена од Јан Бистром во Стокхолм, беше во улога на правен советник за меѓународните трансакции за финансиската страна на продажбата.

„Сеавус“
„Сеавус“ е компанија за развој на софтвер и консалтинг-услуги со докажано искуство во успешни софтверски бизнис-решенија. Компанијата брои преку 800 ИТ-специјалисти ширум светот и нуди широк спектар на софтверски производи, решенија и услуги, успешно покривајќи ги европскиот и американскиот пазар преку неколку канцеларии и претставништва во светот. Портфолиото на решенија и услуги вклучува BSS/OSS, CRM, CEM, Business Intelligence решенија, ALM, Embedded програмирање, бизнис и потрошувачки производи, мобилни апликации и гејминг решенија, Managed Services, како и консалтинг и развој на апликации по барање на клиентите. Во портфолиото на Seavus се вбројуваат над 4.000 клиенти, меѓу кои светски телеком оператори и производители на мобилни и електронски уреди, организации од банкарскиот и финансискиот сектор, технологија, образование, здравство, итн.
Денес „Сеавус“ има петнаесет оперативни канцеларии лоцирани во неколку земји, вклучувајќи ги Шведска, САД, Македонија, Белорусија, Молдавија, Швајцарија, Србија, Босна и Херцеговина, со стратегија за континуиран раст.

Групација АРИКОМА
Најголемиот ИКТ-холдинг во Чешка. Во групата спаѓаат компаниите AUTOCONT, Cleverlance, DataSpring, AEC, Cloud4com и Internet Projekt. Компаниите во Групацијата Арикома обезбедуваат ранг на услуги, почнувајќи од дизајнирање на ИКТ-архитектура, инфраструктура и cloud услуги, имплементација на корпоративни апликации, па сè до развој на сопствени сеопфатни софтверски решенија и аутсорсинг. Минатата година вкупниот приход на групата надмина 7 милијарди чешки круни.

За KKCG
Групацијата KKCG, основана и предводена од успешниот чешки претприемач Карел Комарек, е меѓународна инвестициска компанија со повеќе од 6 милијарди евра (книговодствена вредност) средства. KKCG работи во 19 земји и нејзините клучни стратешки сектори вклучуваат игри на среќа, нафта и гас, технологија и недвижнини. Групацијата KKCG ги вклучува Групацијата SAZKA, Групацијата Арикома, Групацијата MND, американскиот Methanol, капиталниот фонд Springtide Ventures и други.

Економија

СДСМ: Кратењето 40 милиони евра субвенции за земјоделците Трипуновски го претставува како „реформа“

Објавено пред

Од

Владата на Мицкоски ги намали субвенциите на земјоделците за огромни 40 милиони евра. Денеска Трипуновски сака ова кратење на субвенциите за 2026 година да го престави како некаква мала реформа, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Во 2024 година за субвенции се исплатија 140 милиони евра, сега во буџетот се предвидени само 100 милиони евра. Кај тутунот, субвенцијата за прва класа е намалена од 100 на 80 денари по килограм, што претставува директен удар врз тутунопроизводителите. Со зголемувањето на минималните површини за лозарство, овоштарство и поледелските култури, неколку илјади земјоделци за прв пат од 2004 година наваму ќе останат без денар субвенции. Дали за „реформа“ Трипуновски и владата на Мицкоски го сметаат елиминирањето на илјадници земјоделски семејства од системот на државна поддршка? Што е следно, дека и најголемиот криминален скандал со ИПАРД Програмата ќе го прогласат за „реформа“?“, прашуваат од СДСМ.

Од партијата обвинија дека владата на ВМРО-ДПМНЕ ги оставила земјоделците и без европска помош и со намалени субвенции.

„Оваа влада не ги крати парите за тендери туку ги кратат субвенциите од кои живеат земјоделците. 161 тендер за една фирма, 51 тендер за втора, 74 тендери за трета, 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку пошта, 9 милиони евта за фирма со двајца вработени. Не се крати тука ништо, како колачи се делат тендери. Нема пари за субвенции, нема пари за минимална плата од 600 евра, има пари само за криминални тендери, нов авион и за луксузирањата на Мицкоски и неговите министри“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Економија

Трипуновски: Нема кратење на субвенциите, средствата ќе одат кај вистинските земјоделци

Објавено пред

Од

На владина седница е усвоена новата Програма за директни плаќања за 2026 година, информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

dobivaj vesti na viber

„Како новина, односно како мала реформа, направено е минимално зголемување на површините што се услов за користење на субвенциите, со цел да ја зголемиме домашната продукција на храна“, истакна министерот Трипуновски.

Тој нагласи дека сериозен акцент ќе биде ставен на теренските контроли што ќе ги спроведуваат надлежните институции, со цел средствата да завршуваат кај вистинските земјоделци.

„Минатата година беше потпишан Меморандум за соработка, со кој инспекторите од Државниот инспекторат за земјоделство се ставени на располагање на Платежната агенција, за да се спречи одлевање на државни средства кај лица кои досега користеле субвенции, а не обработувале земјоделска површина“, појасни Трипуновски.

Според него, дел од производството земјоделците ќе треба да го докажат преку предавање во преработувачки или откупувачки центри.

„Сето ова се става во законска рамка за да се следи нивото на производство и на тој начин да се потврди дека површините навистина се обработуваат“, додаде министерот.

Трипуновски ги отфрли обвинувањата од опозицијата, посочувајќи дека нема кратење на субвенциите, туку воведување дополнителни услови поврзани со реалното производство.

„Реформите што ги спроведуваме имаат цел да постават јасен правец на движење во наредниот период. Субвенциите треба да бидат насочени кон луѓето што навистина работат и произведуваат. Ова е чекор кон зголемување на домашното производство“, истакна министерот.

Прикажи повеќе...

Економија

Поскап бензин од полноќ

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,69% во однос на одлуката од 9.2.2026 година.

dobivaj vesti na viber

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,599%, кај дизелот за 0,154%, кај екстра лесното масло за 1,247% и кај мазутот намалувањето е за 1,530%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3576%.

Од 17.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 33,883 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,233 ден/кг и сега ќе изнесува 33,883 ден/кг.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ10 часа

40-годишниот прилепчанец пронајден починат: трагично заврши потрагата по Виктор Илиоски

Семејството и пријателите преку социјалните мрежи се збогуваат од Виктор Илиоски од Прилеп, кој последен пат бил виден во саботата...

Македонија10 часа

ССМ утре од 11 часот ќе ја блокира Владата: Ќе донесеме и одлука за генерален штрајк, видовме дека на маса не нè слушаат

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) утре во 11 часот со 21 работник ќе ги блокира влезовите во Владата оти...

Македонија14 часа

Полицајци спасија жител на Македонска Каменица кој останал заглавен на тераса во пожар во неговата куќа

Полициски службеници спасија жител на Македонска Каменица, кој беше заглавен на тераса откако настана пожар во неговата куќа, соопшти МВР....

Македонија15 часа

Најкритични во Форино се куќите изградени на помалку од еден метар од коритото на Вардар, извести Црвениот крст

Волонтерските тимови на Црвениот крст се на терен во село Форино, каде по извршената проценка е утврдено дека најкритична точка...

Македонија17 часа

(Видео) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, воведува владина контрола врз универзитетите

Сметаме дека предложените измени на Законот за високо образование се катастрофално лоши и наместо унапредување на квалитетот тие воведуваат владина...

Македонија17 часа

Евакуирани 250 лица по поплавите во Кичево, од нив три се бебиња, а 58 деца на возраст од 2 до 10 години

Во општина Кичево, како резултат на поплавите, се евакуирани и згрижени вкупно 250 лица. Од нив, 61 се деца –...

Македонија18 часа

Да не се потпаѓа на шпекулации, Македонија продолжува со дијалог, велат од Транспорт за проблемот со превозниците

Министерството за транспорт апелира да не се потпаѓа на шпекулации и секаков вид непроверени информации кои може да наштетат на...

Топ18 часа

25-годишник загина во сообраќајка на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка

25-годишник загина во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на место викано „Смилчинци“, општина Старо Нагоричане. Како што информираат...

Македонија18 часа

Законот за пушење следната недела пред Владата – фазната имплементација не значи одложување, појаснува Министерството за здравство

Министерството за здравство соопшти дека останува целосно посветено на донесување и имплементација на Законот за заштита од пушење, согласно законските...

Култура21 час

Која беше Ленче Делова – актерката од „Чук-чук, Стојанче“ и „Во светот на бајките“ со која растеа генерации

За многумина, таа беше дел од најубавите спомени – насмевката и гласот што нè пречекуваа во „Чук-чук, Стојанче“ и нè...

Европа21 час

(Видео) Чесите протестираат поради претседателот во повеќе од 400 градови и општини

Илјадници луѓе се собраа вчера во повеќе од 400 градови и општини низ Чешка во поддршка на либералниот претседател Петр...

Свет22 часа

Рубио пристигнува во Будимпешта, ќе разговара со Орбан, Сијарто: Ова е златно доба

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта, а според американскиот Стејт...

Европа22 часа

Заедничко писмо од германските и британските воени команданти: Постои морална причина за вооружување

Шефот на британските вооружени сили, Ричард Најтон, и неговиот германски колега, Карстен Бројер, се залагаат за поголеми инвестиции во одбраната,...

Европа23 часа

(Видео) Украинците жестоко нападнаа руски регион: останаа без струја и греење

Украинските напади со беспилотни летала предизвикаа делумни прекини на електричната енергија и греењето во западниот руски регион Брјанск, соопштија локалните...

Свет23 часа

Масовниот убиец од Бонди Бич се појави на суд, адвокатот: Тој живее во тешки услови

Мажот осомничен за пукањето на прославата на еврејскиот празник Ханука на познатата плажа Бонди во Сиднеј во напад во кој...

Македонија1 ден

30 домови во скопската општина Сарај се под вода по обилните дождови

Повеќе од 30 домови во скопската општина Сарај се поплавени, теренските екипи интензивно интервенираат Градоначалникот Мухамед Елмази објави дека во...

Македонија1 ден

(Видео) Големи поплави во Кичево, ЦУК на терен

Според вонредните информации од Центарот за управување со кризи за состојбата до 17:00 часот со обилните врнежи, во Скопскиот Регион,...

Македонија2 дена

Во Гостивар две деца и нивната мајка останаа заробени во домот поради поплавите

Поради непрестајните врнежи и излевањето на реките, западниот дел на Македонија се наоѓа во вонредна состојба. Во Кичево, стотици семејства...

Македонија2 дена

Обилните врнежи предизвикаа поплави во повеќе региони, во Кичево евакуирани околу 180 лица

Центарот за управување со кризи информира за состојбата по обилните врнежи од дожд заклучно со 12:30 часот, при што се...

Македонија2 дена

Можни излевања на реките, критична состојба во Полошко, Кичевско и Пелагонија

Управата за хидрометеоролошки работи напладне издаде предупредување за значително зголемување на водостојот на реките во западните делови од државата, по...