Економија
Димитриев ѝ го остави проблемот Југохром на идната политичка влада
За решавање на проблемот на Југохром потребно е да се почитуваат интересите на вработените, еколошките стандарди и интересите на компанијата, но премиерот Емил Димитриев го остава да го решава политичката Влада, која се очекува да се формира до следниот месец, по изборите одржани на 11-ти декември.
Во понеделник, претседателот на Владата, Емил Димитриев, и заменикот на претседателот на Владата, Владимир Пешевски, остварија средба со претставници на синдикатот и на менаџерскиот тим на компанијата Југохром, која од двете страни беше оценета како конструктивна, а биле разменети мислења и податоци во врска со актуелната состојба со која се соочува компанијата Југохром.
„Владата цени дека во решавањето на овој предизвик треба да се земаат во предвид интересите на вработените, интересите за почитување на еколошките стандарди и интересите на компанијата.
Владата смета дека постои можност, простор и зона на прифатливост за усогласување на овие три интереси, без ниту еден интерес да наштети на другите интереси.
Деталите и опциите за усогласување на трите интереси квалитетно би можеле да се разработат од страна на политичката Влада.
Постоечката Влада во рамките на своите ингеренции ќе продолжи да има полно внимание на оваа тема, и останува отворена за дискусија со сите заинтересирани страни“, се вели во соопштението од Владата./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот
Еврото денеска падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот, откако најновите податоци покажаа дека деловната активност во еврозоната нагло паднала во ноември.
Според податоците на берзата, европската заедничка валута во еден момент се тргуваше по 1,0399 долари, што е најниска вредност од декември 2022 година, пренесува CNN (CNBC).
Глобалната агенција S&P објави дека композитниот индекс во еврозоната паднал од октомвриските 50 поени на 48,1 поен.
Економија
Во октомври годишен раст од 11,0 отсто на вкупните депозити и од 9,2 отсто на вкупната кредитна поддршка
Годишниот раст на вкупните депозити изнесува 11,0%, којшто произлегува од зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства.
На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 9,2% како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, при поизразен придонес кон растот на кредитите на корпоративниот сектор.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на следниот линк.
Економија
Преку Wine vision by Open Balkan ќе се промовира македонското врвно вино и традиционалната македонска храна
Од 22 до 24 ноември оваа година се одржува најголемиот саем во Белград „Wine vision by Open Balkan“ каде што свое место ќе заземе и македонското вино и традиционалната македонска храна.
Оваа година од Македонија на саемот во Белград ќе учествуваат 80 наши винарии и дестилерии, 6 изложувачи на храна и ресторан со 3 готвачи.
Токму на овој настан посетителите ќе имаат можност да ги вкусат врвните македонски вина, да се запознаат со нашите традиционални вкусови и гастрономски особености.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги поддржува нашите изложувачи се со цел да се промовираат земјоделските производи и да се прошири извозот на истите надвор од границите на државата.
Во склоп на настанот кој што се одржува овие неколку дена ќе се одржи и македонска вечер на која што ќе присуствуваат високи делегати и владини претставници од други држави.
Преку македонската вечер присутните гости ќе се запознаат со богатството со кое што располага Македонија кога станува збор за вино и храна, велат од МЗШВ.