Економија
Доделени грантовите до 6.000 евра за мерката – рурална жена
Во просториите на Клубот на пратеници беа доделени договорите на жените земјоделки, добитнички на грант до 6.000 евра, од вториот јавен повик за мерката 115 „Поддршка на активен женски член на земјоделско стопанство“ позната како мерка „Рурална жена“.
„Денеска остваривме уште едно ветување. Рековме дека ќе им бидеме силна поддршка на жените земјоделки, кои работат и создаваат во руралните средини, онаму каде им е домот и семејството. Како институција, нашето активно залагање за родовата еднаквост со поголема сериозност почна од потпишувањето на Декларацијата за подобрување на социјалната и економската положба на жените од руралните средини во 2019 година, каде Министерството се заложи за отворено партнерство со чинителите при креирањето на политиките. Истата година Министерството потпиша Меморандум за соработка со UNWomen, од каде произлезе формирањето на посебна работна група составена од повеќе претставници на различни државни и научно-образовни институции и земјоделски здруженија. Досега за оваа мерка беа објавени два јавни повици, а интересот кој го покажаа жените земјоделки е потврда дека мерката ја постигнала својата цел“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Првиот јавен повик беше реализиран минатата година, со доделени договори за грант во износ до 3.000 евра, за 250 жени регистрирани како носители на земјоделско стопанство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

