Економија
Делегација на ЕБОР во четиридневна посета на Македонија
Делегација на Бордот на директори на ЕБОР од денеска е во четиридневна посета на Македонија, при што ќе се сретне со претставници од Владата на државно ниво. Во рамките на посетата најавени се средби со премиерот Зоран Заев, министри и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Директорите ќе се сретнат и со претставници од меѓународните институции, граѓанското општество, инвеститори и претприемачи.
Посетата е како подготовителна активност за новата стратегијата на ЕБОР за Македонија од 2019 до 2023 година. Целта е да се договорат приоритетите на македонската влада и да се идентификуваат клучните области каде што ЕБОР може да се ангажира, за да се интензивира деловниот и политичкиот дијалог.
Предводник на делегацијата е Франс Викерс, директор за Холандија, Кина, Монголија, Македонија и Арменија. Делегацијата ја сочинуваат: Виолета Барвика-Лофтхаус, директорка за Полска, Бугарија и Албанија, Харолд Фримен, директор за Велика Британија, Јорген Фротзел, директор за Шведска, Исланд и Естонија, Шиничи Накабајаши, директор за Јапонија, Лендер Трепел, директор за Австрија, Израел, Кипар, Малта, Казакстан, Босна и Херцеговина, Патрик Волш, директор за Ирска, Данска, Литванија и Косово, Милан Мартин Цвикл, заменик-директор за Белгија, Словенија и Луксембург, Мартина Кобиличова, заменик-директор за Унгарија, Словачка, Чешка, Хрватска и Грузија, Илка Раисанен, заменик-директор за Норвешка, Финска, Латвија и Либан.
Директорите на ЕБОР ќе се сретнат со премиерот Зоран Заев, министерот за финансии и гувернер за Македонија во ЕБОР, Драган Тевдовски, претставници од Кабинетот на вицепремиерот и заменик-гувернер за Македонија во ЕБОР Кочо Анѓушев, и гувернерот на Народна банка на Република Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска. Делегацијата ќе има состаноци и со меѓународните финансиски организации, Европската Унија, комерцијалните банки, компании за енергија во државна и општинска сопственост, како и со граѓанскиот сектор и дипломатскиот кор.
ЕБОР има инвестирано над €1.8 милијарди во 113 проекти во Македонија, фокусирајќи се на поддршка на интеграцијата на земјата во регионалните и глобалните пазари, преку инвестиции и политички дијалог, особено во интензивирање на соработката со клучните партнери како Европската Унија и Европската инвестициска банка.Во 2018 година, ЕБОР ја потврди широката посветеност кон регионот на Западен Балкан со нови инвестиции во износ од €1.1 милијарди во 67 проекти. Претходната година беа инвестирани околу 700 милиони во € 57 проекти.
Банката и понатаму ја интензивира политичката ангажираност во регионот и ќе биде домаќин на третиот инвестициски самит за Западен Балкан, каде шест премиери од регионот ќе бидат гости на Банката во ЕБОР Лондон. Оваа година годишното собрание на ЕБОР ќе се одржи во Сараево на 8 и 9 мај 2019.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Microbalkans 2025: Никола Јошевски за усогласувањето на правните рамки со директивите на ЕУ
Никола Јошевски, генерален менаџер и сопственик на Mint Fintech Group и претседател на Групацијата на финансиски друштва при Стопанската комора на Македонија, учествуваше на престижната регионална конференција Microbalkans 2025, што се одржа во Дубровник, Хрватска, од 5 до 7 ноември 2025 година.
Како панелист на високопрофилната дискусија „Усогласување на правните рамки со директивите на ЕУ“, Јошевски се приклучи на водечки европски партнери и институции кои активно придонесуваат за развојот на социјалните финансии во регионот на Западен Балкан.

Панелот се фокусираше на регулаторната хармонизација, финансиската инклузија, платните системи и усогласувањето со процесот на пристапување кон ЕУ, со посебен акцент на улогата на микрофинансиските институции и финтек решенијата во одржливиот развој и регионалната соработка.
Во своето обраќање, Јошевски ја нагласи потребата од создавање на стабилен и интегриран финансиски систем што ги надминува класичните регулаторни рамки, посочувајќи:
„Главниот предизвик не е само во пренесувањето на директивите на ЕУ во националното законодавство, туку во создавањето на целосен екосистем – таков што нè прави конкурентни, инклузивни и силни дома.“
Панелот поттикна значајна дискусија за иднината на финансиската регулатива во регионот и улогата на микрофинансиските институции во зајакнување на финансиската стабилност, транспарентност и дигитална трансформација.

Конференцијата Microbalkans 2025, поддржана во рамките на соработката со Европската унија, го обедини врвот на експертизата од Европа и Западен Балкан, создавајќи дијалог за унапредување на социјалните финансии, микрокредитирањето и финтек иновациите.
Присуството на Mint Fintech Group на овој настан уште еднаш ја потврди посветеноста на компанијата кон модернизација на финансискиот сектор во Македонија, создавање инклузивна економија и промовирање европски вредности во финансиските услуги.
Со своето учество, Јошевски ја зацврсти позицијата на Македонија како активен партнер во градењето на современ, конкурентен и одржлив финансиски екосистем, кој ја поврзува регионалната соработка со европските стандарди и отвора нови можности за раст и развој.
(ПР)
Економија
СДСМ: Инфлацијата зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта
Инфлацијата повторно расте и во октомври достигна 4,5 проценти, спротивно на владините уверувања дека ќе се намали и под 3%, велат од СДСМ.
„Овој пораст е јасен показател дека економските политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ се целосно промашени и без никаков резултат. Инфлацијата го јаде стандардот на граѓаните, ги јаде платите кои не се покачуваат туку стагнираат, цените на храната и основните производи растат, сметките се повисоки, граѓаните имаат се помалку пари во џебовите. Платите и пензиите заостануваат далеку зад растот на цените, граѓаните секојдневно плаќаат повисоки цени за леб, млеко, масло, лекови, за сметки а платите не мрдааат. За само година и половина ДПМНЕ донесе економска стагнација, раст на инфлацијата и пад на животниот стандард“, се наведува во соопштението.
Економија
Електродистрибуција го имплементира најновиот систем SIEMENS SCADA за дигитално управување со мрежа – Скопје
Во финална фаза на имплементација е најновиот SIEMENS SCADA систем за дигитално управување со среднонапонска и високонапонска мрежа, со што значително ќе се унапреди дигиталната трансформација и системите за далечинско управување и мониторинг, соопштија од компанијата.
Со помош на најновиот SCADA систем, како што е појаснето, ќе се оствари меѓусебно поврзување на диспечерските центри на ЕВН и МЕПСО со цел поквалитетно водење на целата електроенергетска мрежа во државата.
„Со инвестиција од еден милион евра, најсовремениот SCADA систем овозможува повисоко ниво на автоматизација, сигурност и оперативна контрола, што претставува клучен предуслов за ефикасна енергетска транзиција и поголема диверзификација на изворите на електрична енергија во земјата. Системот има особено значење во периоди кога сѐ поголем број фотонапонски централи се приклучуваат на дистрибутивната мрежа. Досега се регистрирани 2.963 нови приклучоци од обновливи извори, со вкупна инсталирана моќност од 860 MW, што во одредени ситуации може да претставува предизвик за стабилноста на енергетскиот систем. Со ваквите инвестиции во дигитализација на клучните процеси, Електродистрибуција обезбедува поквалитетни, доверливи и поефикасни услуги за своите корисници и ја зацврстува сигурноста и ефикасноста на мрежата, потврдувајќи ја својата заложба за модерна, транспарентна и дигитална енергетска инфраструктура“.

