Економија
Жерновски: За две години, во земјата се инвестираа 741 милион евра директни странски инвестиции

Заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, пред одржувањето на редовната 4-та седница на Владата во Штип, а во рамките на теренските настани, ја посети компанијата за текстилна индустрија „Семак фешн“.
Оваа фирма е основана од германска компанија, која 20 години работи во нашата држава. Во самиот погон има 300 вработени, но вкупниот број ангажирани лица што учествуваат во целокупниот процес изнесува 1.000 вработени.
При посетата на „Семак фешн“, заменик-министерот Жерновски истакна дека за две години во Северна Македонија се инвестираа 741 милион евра директни странски инвестиции. „Причините за овој позитивен тренд се јасни – надминување на политичката криза, решавање на сите наши билатерални спорови со соседите и откочување на евро-атлантските интеграции. Фокусот на економијата, заедно со членството во НАТО, ќе донесе уште повеќе странски инвестиции“, изјави Жерновски.
Денеска, на Северна Македонија се гледа како на безбедна и заштитена земја со Влада која стимулира нови бизниси и инвестиции, посочи заменик-министерот Жерновски.
Како резултат на добрите услови за водење бизнис, Реублика Северна Македонија е рангирана на 10-то место во категоријата ease of doing business во извештајот од Светската банка за 2019 година (Doing Business Report 2019). Како за споредба со земјите членки на ЕУ, Чешка се наоѓа на 35-тото, Словенија на 40-тото место, Хрвтска на 58-тото и Бугарија на 59-тото место.
„Семак фешн“ е една од најголемите производители на женски кошули во Германија, а облеката се испорачува во 2.000 продавници – бутици во Европа и светот. Годишно произведуваат 650.000 кошули, кои се доставуваат до над 2.000 продавници во светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица за предадени јаболка

Денеска се исплатија 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица од подмерка 1.9 за јаболка предадени кај регистрирани откупувачи или регистрирани преработувачки капацитети, од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, извести Министерството за земјоделство.
Од таму најавуваат дека продолжува поддршката кон производителите на јаболка.
Економија
УЈП со повик: Платете го веднаш достасаниот данок по ДЛД-ГДП и избегнете присилна наплата

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници, кои во законскиот рок не ја платиле даночната обврска по ДЛД-ГДП 2024, да го исполнат својот даночен долг.
Во согласност со евиденцијата на УЈП, 3.155 даночни обврзници ја немаат намирено разликата за доплата на данокот на личен доход утврдена во годишната даночна пријава за данокот на личен доход (ДЛД-ГДП) за 2024 година, што требаше да се исполни во законскиот рок до 30 јуни.
„Во следниот период УЈП ќе премине кон опоменување и присилна наплата на достасаните неплатени долгови по овој основ, што ќе доведе до дополнителни трошоци по основ на камата за задоцнето плаќање од 0,03 % дневно и еднократна посебна такса во постапка на присилна наплата“, информира УЈП.
Дополнителни информации се објавени на страницата на УЈП, во делот плаќање даноци на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje.
Економија
Меџити: Поддршка со 227 милиони денари за 43 проекти во 33 општини

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ги потпиша договорите за реализација на 43 капитални проекти во 33 општини во државата.
За овие проекти се обезбедени над 227 милиони денари директна финансиска поддршка од Министерството, со што се овозможува имплементација на конкретни решенија во областа на канализацијата, водоснабдувањето и управувањето со водните ресурси.
„Убеден сум дека ова е најправилниот и најефикасен модел на соработка – директно партнерство меѓу Владата и општините, со цел да им донесеме на граѓаните конкретни придобивки“, изјави министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.
Тој исто така ја потенцира важноста од навремената и квалитетна реализација повикувајќи на одговорност и посветеност од страна на сите општини.
„Немаме време за губење. Секој ден што ќе го добиеме во овој процес е еден ден повеќе во служба на граѓаните“, изјави Меџити нагласувајќи дека преку ова партнерство се поставуваат нови стандарди во справувањето со инфраструктурните и еколошките предизвици.