Економија
Заев до Елкин: Во нашата држава се присутни компании од Израел и наша определба е да се развие економската соработка

Претседателот на Владата, Зоран Заев, се сретна со Елкин, министер за Ерусалим и заштита на животната средина на Израел. На средбата поддржани се отворените НАТО-интеграции на Република Северна Македонија и европските аспирации на државава. Заеднички е констатирано дека сето тоа овозможува дополнително продлабочување на економските односи помеѓу Република Северна Македонија и Израел. Разговарано е и за изразениот интерес од Владата во Израел за подлабока економска соработка со нашата држава, како и за поддршка во интеграциските процеси.
„Очекуваме до крајот на годината да станеме 30. земја членка на НАТО и да ги отвориме пристапните преговори со ЕУ со цел полноправно членство во Унијата. Овие процеси за граѓаните и за државата значат стабилност и безбедност, но и економија. Импактот, влијанието врз економијата, од овие процеси е веќе видлив. Странските инвеститори се позаинтересирани за инвестирање во Република Северна Македонија. Во нашата држава се присутни компании од Израел и наша определба е да се развие економската соработка“, рече премиерот Заев.
На средбата се разговараше за можноста за подлабока соработка во областа на земјоделството, туризмот, за примена на искуства од Израел на полето на технологијата, за реализацијата на контакти со бизнисмени од двете земји, со цел дополнително мотивирање на соработката.
Израелскиот министер Елкин му се заблагодари на премиерот Заев за поддршката во одбележувањето на 76-годишнината од депортацијата на Евреите, што се одбележува денеска во Скопје, за одржувањето на значењето на Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје, на Ерусалимската патека кај еврејските гробишта во Битола. Премиерот Заев констатира дека Република Северна Македонија и Израел се пријателски земји кои немаат отворени билатерални прашања и дека преку почитта на културата и традицијата меѓу двете земји односите може само да се развиваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Како Македонија ќе ги искористи минералните богатства-МАНУ со предлог стратегија во Министерството за енергетика

Во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, се одржа состанок на кој академици од Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) ја презентираа новата предлог Стратегија за геолошки истражувања и одржливо искористување на минералните суровини за периодот 2025-2045 која е во завршна фаза од изработка, по што ќе следи јавна расправа и нејзино усвојување од страна на Владата. Делегацијата на МАНУ беше предводена од академик Блажо Боев и научниот соработник Александар Дединец.
Стратегијата има за цел да го дефинира обемот и начинот на реализација на основните геолошки истражувања, како и одржливото искористување и потребите за експлоатација на минералните суровини кои се од клучно значење за развојот на стопанството на Република Македонија. Документот детално го разработува искористувањето и експлоатацијата на природните ресурси во следните 20 години, при максимална заштита на природните особености на животната средина и на здравјето на луѓето со користење на најсовремени паметни технологии, практики и знаења применети во најразвиените земји во светот.
Министерката Сања Божиновска ја истакна важноста на оваа стратегија за економскиот развој на земјата, нагласувајќи дека одржливото управување со минералните ресурси е од суштинско значење за енергетската независност и индустрискиот напредок. Таа изрази благодарност до МАНУ за нивниот придонес во изработката на овој стратешки документ.
Академик Боев посочи дека стратегијата е резултат на темелни истражувања и анализи, со цел да се обезбеди балансиран пристап помеѓу економскиот развој и заштитата на животната средина. Дединец додаде дека документот е усогласен со глобалните трендови и стандарди, и дека неговата имплементација ќе придонесе за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.
Присутните на состанокот се согласија дека успешната реализација на стратегијата ќе зависи од блиската соработка меѓу институциите, научната заедница и приватниот сектор, со цел да се обезбеди одржлив и долгорочен развој на рударскиот сектор во земјата.
Економија
Mint App – сега и на Apple Store!

Позитивно известување за сите корисници на услугите на Минт Финтек Груп.
Mint App – сега и на Apple Store!
Сите финтек услуги на Mint FinTech Group – сега достапни за корисниците на iPhone!
Брз пристап до кредити, осигурување, патувања, награди и девизен курс – сè на едно место.
Преземете ја денес: mint.com.mk/mintapp
ПР
Економија
Халкбанк предупредува на зголемена активност на измамнички пораки и апелира за внимателност

Халкбанк АД Скопје информира дека во изминатиот период сѐ почести се обидите за неовластено прибирање лични и финансиски податоци на граѓаните.
Се испраќаат лажни СМС или електронски пораки до поширок круг граѓани од земјата, во кои се злоупотребува името на банката. Истите содржат линк до измамничка веб-страница или прикачен документ со намера за измама. Целта на овие пораки е да се прибираат податоци за платежните картички, со цел истите да бидат злоупотребени.
Банката апелира до јавноста да не се отвораат линкови добиени преку вакви пораки, да не се внесуваат лични или финансиски податоци на линкуваните веб-страници и граѓаните да бидат особено внимателни. Постои можност измамничката веб-адреса да се промени во иднина, па затоа е потребна зголемена претпазливост.
Халкбанк АД Скопје никогаш нема да побара од своите клиенти лични податоци или информации за платежните картички преку ваков тип пораки. Целосната комуникација од страна на банката се одвива исклучиво преку официјални и безбедни канали.
Банката посочува и на тоа дека пораките се упатени до широка база на контакти меѓу кои може случајно да има и клиенти на банката и затоа, доколку некој од нив има внесено податоци на измамничката веб страница, неопходно е веднаш да го контактира контакт центарот на Халкбанк АД Скопје за преземање понатамошни активности за спречување на измамите.
Телефонскиот број на контакт центарот е +389 2 3296 330 и истиот е на располагање 24 часа во денот.