Контакт

Економија

Заев на средбата со бизнисмените најави дека на 23 ноември ќе се формира Управувачки економски комитет со Германија

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев, заедно со заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, и министерот за финансии, Драган Тевдовски, учествуваа на втората буџетска конференција, во организација на Стопанската комора. Претставниците на Владата заедно со неколку десетици претставници на бизнис-заедницата во отворена дискусија разговараа за предвидувањата за макроекономската политика и проекциите во буџетот на Република Македонија за 2019 година. Истовремено, тие изразија поддршка за проекциите на Владата на економски план и истакнаа дека се надеваат на преземените мерки кои ќе имаат рефлексија и на нивната работа и на зголемување на севкупниот стандард на граѓаните.

dobivaj vesti na viber

Заев, потенцирајќи дека Владата ги заокружува политичките чекори со цел да се завршат евро-атлантските интеграциски процеси на Македонија, истакна дека идната година се очекува реализација на најголеми капитални инвестициски и други помали проекти.

„2019 година сакаме да ја прогласиме за година на економијата, како што оваа година беше година на евроинтеграциите“, рече премиерот Заев нагласувајќи дека од крајот на јануари ќе бидат донесени сите неопходни одлуки за реформите во правосудството, во безбедноста, во медиумите и во јавната администрација, кои ќе бидат во функција и на обезбедување раст на македонската економија и социјалната сигурност.

Истовремено, премиерот Заев рече дека идната година ќе биде година на солидарноста, на праведноста во општеството, што ќе се одрази и на деловната заедница преку зголемување на потрошувачката на населението во Македонија.

„Новина, од која очекуваме ефекти, е она што највеќе го бара бизнис-заедницата, а тоа е да создадеме услови за квалификувана работна сила, со употреба на повеќе механизми“, рече Заев. Toj објасни дека дел од мерките се однесуваат на оние активни баратели на работа и нивна обука и преквалификација, а вториот дел се однесува на новиот Закон за образование и овозможување на компаниите директно да влијаат кај ученците и преку практична настава да создаваат кадар кој подоцна ќе се најде на пазарот на трудот.

Во оваа насока беше отворена и дебата од присутните бизнисмени, кои разговараа за конкретни мерки кои ќе бидат преземени за да се реши долгогодишниот проблем со недостиг на квалификувани кадри. Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, подвлече дека постојат многубројни искуства во светот, во однос на реформи во образовниот систем, особено за средношколското образование, кои се анализираат и треба да се адаптираат за потребите на македонското општество.

„Дуалното образование кое се спроведува во Германија и Австрија е урнек по кој се водиме за адаптација на средношколското образование. За имплементација на овој тип образование, Владата и стопанските комори треба да имаат значителна соработка. Потребно е да се направи јавно приватно партнерство помеѓу Владата и стопанството, каде што компаниите би преземале обврска да ги вработуваат учениците кои учествуваат во дуалното образование, кои всушност би извршувале практична обука уште за време на образовниот процес. На овој начин ќе имаме долгорочно решение, но резултатите би ги виделе за околу 4 години. Сепак, ние време за чекање немаме толку многу, треба да имаме акутни мерки, мерки за преквалификација. Затоа креираме мерка што ја нарекуваме ‘Шанса за сите“, преку која сите оние кои се активни баратели на работа, а немаат соодветно образование, со државна поддршка ќе се преквалификуваат во самите компании, а потоа би останале таму на работа“, нагласи Анѓушев.

Вицепремиерот потенцираше дека макроекономските индикатори покажуваат дека економијата е раздвижена, има раст на домашните и странските инвестиции, раст на извозот, раст на обемот на производството, како и дека очекува со откочување на градежните проекти уште позасилен економски раст во периодот што следи.

Премиерот Заев на средбата со бизнисмените најави дека на 23 ноември ќе се формира заеднички Управувачки економски комитет со Сојузна Република Германија, која е најголем трговски партнер на Македонија, како иницијатива што произлезе од неодамнешната официјална средба со германската канцеларка Ангела Меркел.

„Управувачкиот економски комитет што ќе го формираме има за цел Германија да испрати сериозна помош и поддршка. Ќе има и грантови и донации кои ќе стигнат од Германија, но сериозната поддршка значи и мегдан за отворање нови пазари“, рече премиерот Заев, додавајќи дека годинава се очекува трговската размена со оваа европска држава да надмине четири милијарди евра и додаде дека од Германија ќе пристигнат двајца советници со искуства особено за дуалното образование. Премиерот оцени дека севкупните економски трендови се добри и оти Македонија кон Германија и Грција бележи двоцифрени зголемувања на извозот во однос на увозот.

Министерот Тевдовски потенцирајќи ја заложбата на Владата да ја води фискалната политика во функција на обезбедување раст на македонската економија нагласи дека предлог-буџетот за 2019 обезбедува повеќе пари за граѓаните. Тој преку видеопрезентација се осврна на фискалната политика и буџетот за идната година, информирајќи дека растот на бруто домашниот производ (БДП) е проектиран на 3,2 проценти, но дека очекувањата се да се надмине 4 проценти.

„Тоа се должи на очекувања за солидна лична потрошувачка, раст на инвестициите и континуирано висок извоз, во моментов тој е со двоцифрена ставка на раст“, рече министерот Тевдовски, додавајќи дека проекцијата за БДП е во линија со есенските проекции на релевантните меѓународни институции Светска банка, Европската комисија, како и Народната банка на Македонија. Според Тевдовски, буџетот за 2019 година обезбедува две важни реформи, пензиската, и тоа преку обезбедување стабилност на ПИОМ за сегашните и идни пензионери, како и праведното оданочување.

Тевдовски ги информираше стопанствениците дека Владата ќе продолжи со праксата, во однос на ДДВ-то да врши поврат на данокот на компаниите, и тоа, како и досега, неселективно.
„Овој буџет е посебно фокусиран на поддршка на активните мерки за вработување преку кои ќе се работи на преквалификација, доквалификација и целосна квалификација на работната сила за да може компаниите да имаат квалификуван кадар на располагање и за тоа се обезбедени средства на највисоко ниво досега, 1,1 милијарда денари, односно двојно повеќе од 2016 година“, истакна Тевдовски.

Меѓу другото, министерот за финансии спомена дека како резултат на клучната определба на Владата за напредок на Македонија во НАТО-интеграциите се планира зголемување на буџетот на Министерството за одбрана со цел приближување кон НАТО-стандардите. На новинарско прашање за ставката за заштитата на животната средина изјави во буџетот, Заев рече дека на утрешната владина седница за предлог-буџетот ќе биде отворена посебна Програма за животна средина за да се адресираат сите важни прашања за животната средина, особено за загаденоста на воздухот.

Економија

Сали на министерски состанок на ЕК за спроведување на CBAM: Земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем

Објавено пред

Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок посветен на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), каде ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон европските цели за декарбонизација и усогласување со климатското и енергетското законодавство на ЕУ.

dobivaj vesti na viber

Состанокот беше организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за најновите случувања поврзани со спроведувањето на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), кој стапи во сила на 1 јануари 2026 година и има директни импликации врз процесот на проширување и енергетските сектори во регионот.

Тој нагласи дека Владата во јануари 2026 година го усвои нацрт-Законот за климатска акција, со кој се поставува правната основа за системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација на емисиите, како клучен чекор кон воведување на јаглеродно ценообразување.

Сали посочи дека земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем, што е важен дел од постепеното вклучување во заедничкиот европски пазар на електрична енергија.
Во однос на CBAM, министерот истакна дека Северна Македонија ги поддржува целите на механизмот, но дека е неопходно да се земат предвид специфичните карактеристики на земјите кандидати и договорните страни на Енергетската заедница, особено поради нивната изложеност на ценовни разлики и техничките предизвици во прекуграничната трговија со електрична енергија.
Тој повика на внимателна и постепена имплементација, вклучително и продолжување на транзицискиот период, со цел да се избегнат несакани ефекти врз регионалните пазари и да се поддржи интеграцијата на обновливите извори на енергија.
Министерот Сали подвлече дека Северна Македонија останува силно посветена на европската зелена агенда и на постепено воведување на инструменти за јаглеродно ценообразување, со крајна цел целосно интегриран, безбеден и декарбонизиран европски енергетски пазар.

Прикажи повеќе...

Економија

Предпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje

Објавено пред

Во ексклузивна атмосфера и во присуство на клиенти, партнери и медиуми, Porsche Macedonia ја одржа предпремиерата на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje. Настанот означи почеток на ново поглавје за еден од најуспешните модели на брендот, кој повеќе од две децении поставува стандарди во SUV сегментот.

dobivaj vesti na viber

Генералниот директор на Porsche Macedonia, г-дин Златко Муцунски, во своето обраќање истакна:

„Cayenne отсекогаш бил модел со стратешко значење за Porsche. Тој ја трансформираше компанијата и го редефинираше сегментот. Денес, со новата генерација, го продолжуваме тој дух на храброст и визија – со технологија која го засилува она што отсекогаш било суштината на Porsche: перформанс без компромис.“

Тој додаде дека новиот Cayenne Electric претставува „логична еволуција на еден лидер – комбинација од инстантна моќност, врвна динамика и иновативна електрична архитектура, поставена во препознатливиот Cayenne дизајн.“

Маркетинг Менаџерот на брендот Porsche, г-дин Стефан Јовановски, нагласи дека интересот на македонскиот пазар е значителен:

„Публиката во Македонија е сè поотворена кон електрична мобилност во премиум сегментот. Cayenne Electric носи ново ниво на спортска динамика и дигитална софистицираност. Тоа не е само електричен SUV – тоа е Porsche во својата најнапредна форма.“

Јовановски потенцираше дека предпремиерата во Porsche Center Skopje им овозможи на присутните да бидат помеѓу првите во светот кои одблизу ќе се запознаат со новата технологија, дизајнерскиот правец и иновативните решенија кои го дефинираат моделот.

Настанот беше организиран како ексклузивно претставување со техничка презентација, детално запознавање со електричната платформа и интеракција со експертскиот тим на Porsche Center Skopje.

Со оваа предпремиера, Porsche Macedonia уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржлива мобилност и понуда на најсовремени решенија во премиум сегментот на македонскиот пазар.

За повеќе информации, посетете го Porsche Center Skopje или контактирајте го тимот на Porsche Mac-edonia.

ПР

Прикажи повеќе...

Економија

Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици

Објавено пред

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.

На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.

Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ7 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија7 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија8 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија9 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија9 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион10 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија11 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија11 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет11 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет12 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа12 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет12 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет12 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа13 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион22 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија23 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет1 ден

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија1 ден

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија1 ден

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...