Економија
Зелени коридори на границите за приоритетно минување на лековите и медицинската опрема
„Во рамките на македонското претседателство со поткомитетот за царини и потекло на стоки во рамки на ЦЕФТА е покрената иницијативата за воспоставување таканаречени зелени коридори на граничните премини за непречено минување на стоки за увоз и извоз“, извести Ѓоко Танасоски, директор на Царинската управа. Сите земји членки на ЦЕФТА се обврзани да обезбедат 24-часовна работа на гранични премини за извоз и увоз на стоки во рамките на ЦЕФТА-регионот, како и на клучните гранични премини со Европската Унија.
„Ќе се обезбеди заедничка листа за стоки во рамките на ЦЕФТА што ќе имаат приоритет за минување на таканаречените зелени коридори. Тука се опфатени свежите земјоделски и прехранбени производи, лековите и медицинската опрема“, рече директорот Танасоски.
Имајќи ја предвид зголемената побарувачка на етил алкохол како основно средство за дезинфекција во борба против коронавирусот, Царинската управа донела мерки за поедноставување на постапката за реиздавање одобренија за повластени корисници на етил алкохол на установите од јавното и приватното здравство, како и на компаниите кои произведуваат средства за дезинфекција.
При набавка на алкохол за изработка на лекови и средства за дезинфекција донесена е уредба со законска сила за примена законот за акцизите за време на вонредна состојба со што е овозможено продолжување на рокот на гаранцијата за плаќање на акцизниот долг.
Во изминатиот период директорот Танасоски вели дека не се забележани никакви застои во прекуграничното минување на стоките.
Според податоците на Царинската управа за надворешнотрговската размена, вкупната вредност на извозот во периодот јануари – март 2020 година изнесува 86,77 милијарди денари или 1,41 милијарда евра, што е поголемо за околу 210 милиони евра во однос на 2019 година. Вкупната количина на извезени стоки изнесува 702.650 тони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

