Економија
Испрати ја ратата на одмор
																								
												
												
											Дали дозна за новата промоција на Credissimo? Во пресрет на летните годишни одмори и патувања, компанијата нуди кредит на месечни рати до 120.000 ден. со можност за одложено плаќање на првата рата до 45 дена од земањето на кредитот. Одмараш ти, одмара и твојата рата!
Како и секое лето и ова лето ќе биде исполнето со позитивна енергија, годишните одмори се на прагот, а со нив и ентузијазмот за патувања, креирање на нови спомени и незаборавни авантури. За да можеме да ги остварме нашите планови за летна авантура често ни се потребни дополнителни финансиски средства, а секој еден од нас заслужува да отпатува на летен одмор и да заборави на грижите.
Опушти се и уживај во топлите летни денови со новата промоција на Credissimo!
Каква е новата промоција?
Само ова лето можеш да земеш кредит на рати до 120.000 ден. и безгрижно да летуваш без да мислиш кога треба да ја платиш првата рата. Одмараш ти, одмара и твојата рата! Новата промоција на Credissimo ти нуди можност за одложена прва рата до 45 дена од земањето на кредитот. Отпатувај на летен одмор и испрати ја ратата на одмор сега!
До кога трае промоцијата?
Летната промоција трае од 06.06.2022 до 29.08.2022. Од компанијата најавија дека за секој одобрен и земен кредит ќе продолжат со паричните награди и изненадувања. Следи ги за да дознаеш какви ќе бидат нивните летни изненадувања!
Зошто да ја искористиш промоцијата?
Оваа промоција е за сите кои што сакаат да ги искористат раните попусти за летување и да си резервираат одмор уште сега, за сите кои што сакаат максимално да се опуштат и да уживаат во летото. Обезбедувањето на дополнителни финансиски средства е ќе ти помогне да го реализираш твојот летен план. Ако знаеш каде да заминеш ова лето, а имаш потреба од дополнителни средства искористи ја искористиш понудата за брз кредит до 120 000 ден. со одложена рата.
Како да аплицираш за кредит со одложена рата?
· Испрати целосно онлајн апликација за кредит преку веб сајтот credissimo.mk
· Јави се на 02 511 1010 за да аплицираш преку телефон
· Аплицирај преку чат
Ако сѐ уште немаш план каде да заминеш ова лето, Credissimo ќе ти помогне да го избереш најдоброто место за тебе, затоа што ти заслужуваш!
ПР-текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Економија
„Виз Ер“ воведува евтина „бизнис класа“, можете да платите за да го задржите средното седиште празно
														Нискобуџетната унгарска авиокомпанија „Виз Ер“ ќе започне со тестирање на таканаречената „основна бизнис класа“ на одредени летови од декември оваа година, нудејќи малку повеќе удобност во рамките на својата стандардна услуга без додатоци. Оваа нова функција ќе биде воведена на пет рути, вклучувајќи летови до Лондон, Рим и Будимпешта.
Концептот е едноставен – во првиот ред од авионот, средното седиште ќе биде оставено празно за да им се обезбеди на деловните патници повеќе простор и да се олесни качувањето. Мајкл Делехант, виш комерцијален и оперативен директор, нагласи дека цената нема да биде драстично повисока.
„Што се однесува до цените на билетите, таа никогаш нема да биде повеќе од цената на купување дополнително седиште“, изјави тој на прес-конференција.
Иако билетите за овие специјални седишта ќе бидат поскапи, патниците сепак ќе бидат третирани исто како и сите други.
„Повеќе се работи за ефикасноста на патувањето и малку дополнителен простор во авионот“, рече Делехант.
Воведувањето премиум услуги е тренд што го следат и американските нискобуџетни превозници за да се натпреваруваат со големите превозници.
Делехант забележа дека сè уште има силна побарувачка за нискобуџетни летови во Европа, но дека пазарот треба да се развива.
Економија
Поскапуваат бензините и дизелот
														Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 4.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,913 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,856 ден/кг и сега ќе изнесува 36,913 ден/кг.
Економија
Славески: Во септември депозитите на домаќинствата достигнале 427 милијарди денари
														Штедењето е системска неопходност и важен фактор за одржлив економски раст и за финансиска стабилност, порача гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, на настанот по повод Светскиот ден на штедењето, којшто се одржа во организација на Македонската банкарска асоцијација, во присуство на министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, директорот на Фондот за осигурување депозити, Бехар Емини, претседателката на МБА, Маја Стевкова-Штериева и претставници од банкарскиот сектор.
Во своето обраќање, гувернерот нагласи дека во време на светска неизвесност и последователни кризи, штедењето претставува темел на отпорноста на економијата и на стабилноста на финансискиот систем.
„Отпорноста не е реакција, туку прашање на претходна подготвеност – градење простор за справување со кризите пред да се случат“, истакна Славески.
Тој посочи дека и покрај бројните шокови во последните години, кај граѓаните е задржана склоноста кон штедење и довербата во банкарскиот систем. Според податоците, во септември 2025 година, депозитите на домаќинствата достигнале 427 милијарди денари, што претставува раст од над 50% од почетокот на пандемијата. Зголемен е и уделот на денарските и на долгорочните депозити, што придонесува за стабилност и ја зајакнува отпорноста на економијата.
Гувернерот нагласи дека поттикнувањето на штедењето е од суштинско значење за зголемување на потенцијалот за раст и за намалување на зависноста од надворешни извори на финансирање, особено во контекст на светски економски промени, геополитички тензии и структурни предизвици. Според него, економиите во регионот мора повеќе да се потпираат на сопствените заштеди како двигател на инвестициите и долгорочната стабилност.
„Во свет полн со неизвесност, претпазливоста е најкредибилната константа, а штедењето е системска неопходност“, истакна Славески, додавајќи дека негувањето на културата на штедење и финансиска одговорност во рамки на семејствата, институциите и општеството е вложување не само во личната сигурност, туку и во економската сила на државата.

