Економија
Ковачевски: Во Македонија цените на енергенсите и нафтените деривати се најниски во Европа
Според државната статистика 7,6 е инфлацијата во Македонија, а потрошувачката кошничка е над 36.000 денари. Но, според, премиерот Димитар Ковачевски, имало и полоши времиња. Според него, цените во Македонија на енергенсите се најниски во Европа. За мерки кои ќе го намалат ценовниот шок – не знае. Денеска ќе се сретне со економисти и претставници на стопански комори, за да чуе и нивно мислење.
„Ние имавме синдикална кошничка која беше 36.000 денари, а минималната плата беше 9.000 денари. Тогаш требаа над 4 плати за да се покрие синдикалната кошничка. Со зголемување на минималната плата на 19.000 денари, со две минимални плати се покрива синдикалната кошничка“, посочи тој.
Според него, полоша криза немало од по Втората светска војна.
„Точно е дека се зголемени храната и енергенсите, но ова е најголема криза по Втората светска војна, поради војната која Русија ја води со Украина направи дисбаланс на сите суровини кои се тргуваат во Европа. Цените на енергенсите во споредба во Европа, регионот и Македонија, се најниски, затоа што ја субвенционираме електричната енергија на домаќинствата. Кај нафтените деривати имаме најевтина цена. Тоа се должи што минатата година направивме промена на цените кај нафтените акцизи. Сега имаме скалесто намалување на акцизите, со зголемување на цените на нафтените деривати“, објасни Ковачевски.
Тој вели, се креираат мерки за да нема ценовни шокови.
„Се прават нови анализи за заштита на граѓаните од ценовни шокови. Ги повикав претставниците на сите стопански комори во државата, како и економисти, да ги чујам искуствата, мислењата и да ги финализираме мерките“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

