Контакт

Економија

(Видео) Ковачевски: Новите инвестиции и работни места се потврда на добрите економски политики

Објавено пред

„Потврда за добрите економски политики што ги водиме и стабилната инвестициска клима што ја создаваме во земјата е проширувањето со нов производствен капацитет и новите вработувања во технолошко-индустриската развојна зона ‘Скопје 1’“, истакна премиерот Димитар Ковачевски на денешното отворање на втората фабрика на американската компанија „Кемет електроникс“, каде што присуствуваа и вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, и директорот на Технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски.

dobivaj vesti na viber

„Ми претставува чест што денеска сум тука во ‘Кемет електроникс’, која поради поддршката и условите што ги добива во земјата, по отворањето на првата фабрика, денес отвора втора. Во првата фабрика на ‘Кемет електроникс’, која во Северна Македонија произведува кондензатори за автомобилската индустрија и разни индустриски апликации, во моментот работат 400 наши граѓани. Според планот на компанијата, предвидено е да има 500, 600 и 700 вработени на среден рок. Во втората фабрика, пак, предвидени се дополнителни 360 нови вработени“, рече премиерот Ковачевски.

Тој истакна дека покрај многуте предизвици, Владата работи во интерес на економското закрепнување на земјата, развој и подобар квалитет на живот за сите граѓани.

„Ние во текот на изминатиот период поминуваме навистина низ големи кризи, прво беше девастирачкиот Ковид-19, короната што ги затвори пазарите, ги отежна каналите на снабдување и затоа како Влада помогнавме со 1,2 милијарда евра во справувањето со неа на најранливите категории граѓани, на компаниите за задржување на работните места, за задржување на ликвидноста за да може после тоа да продолжат со работа. Се потврди како успешно бидејќи сите фабрики во државата, по корона-кризата, продолжија со работа и со зголемено производство. Но, потоа дојдоа енергетската криза, војната во Украина. Повторно затворање на пазарите и уште полошо зголемување на цените на енергентите, на суровините, зголемување на трошоците за живот. И тогаш и сега и на почетокот на годината и сега повторно имаме пакети за помош – антикризни пакети за најранливите категории граѓани, за оние што имаат најниски пензии, кои имаат ниски примања, кои навистина не може да остварат дополнителен приход. Тоа се самохрани родители, лица со попреченост, пензионери со најниски примања. Државата секогаш ќе биде тука за сите работниците, секогаш ќе биде тука за сите пензионери, за сите граѓани во државата затоа што нашите граѓани тоа го заслужуваат“, истакна премиерот Ковачевски и додаде дека отворањето нови работни места во услови на криза, која не владее само кај нас, не само во земјите во регионот и Европа, туку во целиот свет, е од голема важност за подобрување на стандардот на граѓаните и економскиот развој на земјата.

„Сите ја гледаме вредноста на отвореноста на нашите луѓе, сите ја гледаме вредноста на нашите добри пријателски односи и со САД и со ЕУ. Сите на крајот на денот ја гледаме вредноста на тешките одлуки што ги носи Владата на Северна Македонија. Само со такви тешки одлуки, со лидерство, со водство на својот народ може да се стигне до големата награда. А големата награда е членство во Европската Унија. ЕУ е концепт на здружени држави, во кои има социјална правда, економски напредок и демократија. Тоа е тоа што нашите граѓани го заслужуваат и тоа е тоа за кое вреди да се бориме, да се носат добри одлуки, тешки одлуки затоа што на крајот на денот таа голема награда од членство во ЕУ, да се биде на иста голема маса со сите држави од ЕУ и да имаме посреќен и побогат народ на оваа генерација и на идните генерации“, заклучи премиерот Ковачевски.

Директорот на ТИР-зоните, Јован Деспотовски, истакна дека инвеститорите веруваат во потенцијалите и капацитетите на нашата држава и дека со новиот концепт на ТИРЗ, кој се применува изминатата една и пол година, се постигнуваат резултати.

„Покажуваме дека знаеме како да донесеме нови инвеститори, но и да го искористиме потенцијалот на постојните. Оваа втора фабрика на ‘Кемет електроникс’, кој вложува дополнителни 23 милиони евра, е токму таков пример и доказ за довербата на инвеститорите кои веруваат во потенцијалите и капацитетите на нашата држава. Членството во НАТО и стабилноста се клучни за инвеститорите што сакаат предвидлива клима. Со новиот концепт на ТИРЗ за само 18 месеци постигнавме договори од 620 милиони евра, кои носат над 4.000 вработени. Само ‘Кемет електроникс’ ќе го удвои бројот на вработени на над 800. Оваа компанија само годинава двапати им ги зголеми платите на своите вработени. Целта што си ја поставивме не е само зголемен број на работните места, туку и подобро платени. Остануваме посветени на оваа цел обезбедувајќи целосна поддршка за инвеститорите“, рече Деспотовски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Еколошките и одржливите карактеристики на комплексот „Гранд Скопје“ претставени пред локални и меѓународни експерти на конференцијата за недвижности во Скопје

Објавено пред

Во рамки на првата фаза од реализацијата на комплексот „Гранд Скопје“ веќе се постигнати 35% зелена површина што е над законскиот минимум од 20% по градежна парцела. Ова е потврда дека при планирањето и изведувањето,„ Гранд Скопје“ ги запазува највисоките стандарди, не само за градба туку и за хумано живеење во урбаните средини.

dobivaj vesti na viber

Ова го истакна Леонид Антиќ, член на управниот одбор на „Гранд Скопје“ кој визијата за „Новото обележје на градот“ и неговото влијание врз урбанистичкиот развој го претстави пред големиот број на професионалци и експерти од сферата на недвижностите на Конференција за комерцијални недвижности што се одржа во Скопје.

„Во проектот се вклучени сериозни интернационални институции како на пример Европската банка за развој како и Националната банка на Грција којашто е наш партнер во изработката на нивната нова централа на Стопанска Банка АД – Скопје во рамки на „Гранд Скопје“. Овие институции многу сериозно ги сфаќаат целите ESG (Environmental, social and governance/екологија, социјалa и управување), многу сериозно ги сфаќаат еко-иницијативите и многу сериозно се придржуваат до нивното исполнување“, истакна Антиќ на панел-дискусијата „Урбанизам и урбанистичко планирање“.

Антиќ го презентираше урбаниот парк кој на површина од 7.500 м2 во рамки на комплексот Гранд Скопје ќе понуди бројни содржини за рекреација и релаксација, не само за луѓето што ќе живеат таму туку и за целиот град. Паркот, додаде Антиќ е донација на „Гранд Скопје“ и одличен пример за успешна соработка помеѓу инвеститорот, Општина Центар и Град Скопје.

„Во интензивна соработка со нашите колеги од општината и од градот, мислам на урбанистите, макотрпно работевме на целиот проект за да биде оптимално усогласен со параметрите на оваа градска четврт“, рече Антиќ. Како што појасни Антиќ, „Гранд Скопје“ е прв проект кој прави обештетување на граѓани, жителите на Ново маало, за да направи пренамена на приватно земјиште и да реализира парк.

Заштитата на животната средина и почитување на еколошките стандарди се одлика и на планирањето и реализацијата на административно-деловниот објект на Стопанска банка АД – Скопје. Овој проект е во процес на сертифицирање со престижниот LEED (Leadership in Energy and Environmental Design/Лидерство во енергетски и еколошки дизајн) сертификат кој e водечки во одржливото планирање и архитектура.

„Самиот процес за LEED сертификација е многу обемен, голем и сложен. Интересен е фактот дека кога проектот Гранд Скопје беше проектиран не бевме воопшто започнати со таа фаза и откако започнавме со градбата анализите покажуваат дека ние веќе ги исполнуваме тие стандарди“, истакна архитектот Илија Божиновски, директор на МГ Фешн на панел-дискусијата „Бизнис згради“ во рамки на Конференцијата.

Божиновски додаде дека овој начин на планирање и градба го позиционира „Гранд Скопје“ како лидер во регионот.

Конференцијата за комерцијални недвижности Скопје се одржува втора година по ред во организација на „Фортонмка“. „Гранд Скопје“ беше Prime Sponsor на овогодинешното издание на Конференцијата.

ПР

Прикажи повеќе...

Економија

30 години дански конзулат и орден „Витез од прва класа на Редот на данското знаме“ за Мукаетов

Објавено пред

Генералниот конзулат на Кралството Данска со седиште во Скопје почнa со работа во јули 1994 година по декретот издаден од данската кралица Маргарете II, која за генерален почесен конзул го назначува Трајче Мукаетов. Во 2007 година функцијата генерален почесен конзул ја презеде Живко Мукаетов.

dobivaj vesti na viber

Апликации за визи, работни дозволи, дански пасоши, дански возачки дозволи, бегалската криза во 1999 година, влезот на Данска во шенген-зоната во 2002 година, асистенција при високи државни посети, помош при многубројни предизвици со кои дански државјани се соочиле во земјата, но и промовирањето на економската соработка и данската култура во земјата, се дел од активностите што ова конзуларно претставништво ги работи веќе 30 години.

„Врските помеѓу Северна Македонија и Данска се изградени врз споделени вредности, заемни интереси и заеднички видокруг за случувањата во светот. Клучен аспект од нашата работа при зајакнување на овие врски е да ѝ се помогне на земјата да напредува на својот пат кон ЕУ. Таа работа секако ќе ја продолжиме со новата влада. Во оваа насока сакам да истакнам дека Данска ќе го преземе претседавањето со Европската Унија во 2025 година, а проширувањето на ЕУ ќе биде важен елемент на нашето претседателство. Со сите ангажмани на Данска во Северна Македонија, Генералниот конзулат на Кралството Данска играше централна улога и тоа ќе продолжи да биде така“, истакна амбасадорката Сузане Шајн во своето пригодно обраќање по повод јубилејот.

Амбасадорката Шајн, во името на данската влада, му се заблагодари на Мукаетов за неговата умешна дипломатија, силна посветеност и беспрекорен професионализам како генерален конзул. Покрај јубилејот, нејзината екселенција нагласи уште еден дополнителен повод за славење – воздигнувањето на Живко Мукаетов од „Витез на Редот на данското знаме“ (орден што Мукаетов го доби во 2016 година) во „Витез од прва класа на Редот на данското знаме“.

„Оваа голема чест беше едно од последните одликувања на нејзиното височество, кралицата Маргарете II ,пред нејзиното абдицирање од тронот во полза на синот, неговото височество, кралот Фредерик Дестти“, рече амбасадорката Шајн при одликувањето.

Орденот на данското знаме првпат бил воведен во 1671 година од страна на кралот Кристијан V кога Редот имал само еден степен, наречен „Бел витез“. Во 1808 година, по иницијатива на кралот Фредерик IV, Редот на данското знаме бил поделен во четири степени, од кои првиот е резервиран за членови на кралското семејство. Ова исклучително признание, кое е едно од најстарите во светот, оддава почит за посветена работа за интересите на Кралството Данска за заслужна државна ,или воена служба, за посебен придонес во сферите на уметноста, на науката или бизнисот. Регистарот на данските кралски ордени на витештвото, кој се води од 1884 година, содржи околу 40.000 автобиографии на одликувани лица. Од јуни 2023 година Мукаетов исто така ја извршува и функцијата конзул на Кралството Норвешка.

Прикажи повеќе...

Економија

Во услови на очекуван пад на каматите, сегашниот момент е вистинско време за штедење

Објавено пред

Европскaта централна банка (ЕЦБ) на последниот априлски состанок одлучи да ги задржи клучните каматни стапки на исто ниво од септември минатата година. Во циклусот на заострување на монетарната политика, а со цел намалување на инфлацијата во земјите од еврозоната, од јули 2022 до септември 2023 ЕЦБ ги зголеми основните каматни стапки 4,5 процентни поени. Ваквите мерки доведоа до зголемување на банкарските камати.

dobivaj vesti na viber

Со последната одлука и нашата Централна банка повторно ја задржа каматната стапка непроменета, на ниво од 6,30 процентни поени, кое се оценува дека e соодветно на тековните услови во економијата.

Меѓутоа, со оглед на падот на инфлацијата во еврозоната, експертите сметаат дека веќе во јуни може да се очекува да се случи прво намалување на основните каматни стапки од страна на ЕЦБ. Овој сигнал, веројатно, ќе го следи и нашата НБРМ, која поради нашата вразаност на денарот за еврото, ги следи чекорите на ЕЦБ.

Основната каматна стапка на централните банки секогаш е основа за определување на каматите стапки на банките, како на кредитите така и на депозитите. Доколку се остварат прогнозите на експертите, тоа значи дека и кај нас е можно да дојде до намалување на основната каматна стапка, а со тоа и на каматите на банките бидејќи тие своето работење го усогласуваат со одлуките на НБРМ.

Падот на каматите на кредитите во секој случај ќе значи и пад на каматите на депозитите, кај кои, по години исклучително ниски и неатрактивни камати за штедење, се случи пораст. Според последните податоци од Централната банка, просечната каматна стапка во март на вкупните депозити изнесуваше 1,80 %, односно на новопримените депозити 2,46 %.

Ако се знае дека пред почетокот на мерките за заострување на монетарната политика висината на каматите на депозитите беше минимална, можеби сега е вистино време да се искористат атрактивните камати за депозитите што ги имаат некои банки за одделни производи.

Таков атрактивен поизвод, на пример, е пролетниот депозит на Халкбанк, кој е со промотивен период до 30 јуни 2024 година. Истиот нуди можност за орочување на средствата за период од 13, 25 и 36 месеци. Каматните стапки се атрактивни и изнесуваат 3,30% за орочување на денари за период од 13 месеци, односно 3,80% и 3,90% за орочување во период од 25 и 36 месеци. За штедење во евра за соодветните периоди каматите изнесуваат 2,30%, односно 2,80% и 2,90%.

Она што е особено важно е дека каматата за целиот период на орочување е фиксна, така што и во случај на пад на каматите, за штедниот влог ќе се добие сегашната договорена камата. Каматата на орочените средства, пак, може да се повлекува месечно или на крајот на периодот на орочување.

Кај овој производ минимален износ за вложување е 30.000 денари, односно 500 евра и не е предвидено предвремено повлекување на средства или дополителни уплати. Во случај на предвремено раскинување на договорот за депозит се пресметува камата по видување според важечката Одлука за пасивни каматни стапки на Банката, која во моментот изнесува 0%.

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Скопскиот булевар „Кочо Рацин“ во мрак, луѓето со блиц од мобилен минуваат на пешачки (ВИДЕО)

Скопскиот булевар „Кочо Рацин“, на кој се наоѓа автобуската станица „Југодрво“, веќе неколку денови е во мрак. Уличните светла долж...

Македонија4 часа

Детали за ноќната спасувачка мисија: Го лепеле чамецот и им фрлале вода на заглавените пред да ги извлечат живи (ФОТО+ВИДЕО)

Четирите лица, меѓу кои и седумгодишно дете се лоцирани и најдени, соопштија утрово од ЦУК. Ноќната спасувачка акција не била...

Македонија6 часа

Најдени се седумгодишното дете и трите лица кои се изгубија кај реката Пчиња

Четири лица, две жени, еден маж и едно дете кои се изгубија, а се на возраст од 29, 18, 35...

Македонија18 часа

Седумгодишно дете и уште три лице се изгубија на патот од Кожле кон Велес

Четири лица планинарејќи го згрешиле патот и залутале на стрмно опасно место за понатамошно нивно движење. Меѓу лицата има едно...

Македонија21 час

Смрдеа затвори дел од салите за операции во комплексот клиники „Мајка Тереза“

Претставник на Министерството за здравство бил сослушан во скопското Обивнителство, а по него според неофицијални информации следуваат директорите на хирушките...

Топ23 часа

При контрола на угостителски објекти за дрога се приведени девет лица

Полициските службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера по план на СВР Скопје ивршија контрола во повеќе...

Регион1 ден

Ден посветен на Данка Илиќ: Центарот за исчезнати и малтретирани деца празникот го посвети на девојчето од Бор

Центарот за исчезнати и малтретирани деца денеска, Меѓународниот ден на исчезнатите деца, го посвети на двегодишната Данка Илиќ од Бор,...

Македонија1 ден

Ангелов бара пешачки премин или изградба на кружен тек на булеварот Србија кај трговскиот центар Џевахир (ВИДЕО)

Граѓаните на скопската населба Аеродром Центарот имаат потреби кои беа упатени до Центарот за убправување со кризи (ЦУК), а кои...

Македонија1 ден

Поради реконструкција, без вода жителите на Водно, Козле, Клиничкиот центар, а во Сарај ќе има намалување на притисокот на водоснабдување

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат за пуштање на употреба на нова водоводна мрежа во реоните Сарај и Центар. ЈП...

Македонија2 дена

Безбедно пронајдени и евакуирани граѓани од височините на Осоговските планини

Денеска, во 16.15 часот од лицето за контакт од Доброволнота спасувачка служба „Осогово“ Кочани, ЦУК добил известување дека неколку лица...

Македонија2 дена

Сиљановска Давкова со италијанскиот претседател Матарела: побарани гаранции за европските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки на посетата на Италијанската Република денеска оствари средба со италијанскиот претседател Серџо Матарела. На...

Свет2 дена

Путин: Русија ќе разговара за мирот во Украина само со легитимните лидери во Киев

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека мировните преговори во Украина мора да се обноват, но дека Москва ќе соработува...

Свет2 дена

Судот во Хаг му нареди на Израел да ја прекине офанзивата на Рафах

Меѓународниот кривичен суд во Хаг денеска одлучи дека Израел мора веднаш да ја прекине воената офанзива и другите дејствија во...

Македонија2 дена

Ахмети: Да работиме заедно за правилно образование на генерациите, во духот на меѓусебното почитување

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети со објава на својата Фејсбук страница го честиташе 24 мај – Денот на светите браќа...

Македонија2 дена

Мицкоски: За скоро време ќе имаме нова влада, следува ново поглавје со работа, одговорност и резултати

Првенствено ќе се посветам на она што најмногу го засега секој еден човек, а тоа е потребата за подобар живот...

Македонија2 дена

Левица: Аманет да си го браниме јазикот од сите напади, денес ги има повеќе од било кога

Значајни за Македонија, но и за останатите словенски народи, Кирил и Методиј, основоположниците на словенската писменост имале единствена мисија: да...

Топ2 дена

Загина 76-годишен маж: со тракторот се превртел на патот во Кочанско

Вчера во 13.29 часот во СВР Штип било пријавено дека на локалниот пат с.Зрновци–с.Мородвис, кочанско, на коловозот се превртел трактор...

Европа2 дена

Орбан: Во Брисел во тек се подготовки за влез на Европа во војна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека во Брисел се водат подготовки за влез на Европа во војната и додаде...

Македонија2 дена

Сиљановска Давкова по повод Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј: Тие се наш патоказ за иднината

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј. „Од...

Регион2 дена

Претседателката на Косово: Негирањето на геноцидот нема да го отвори патот за мир

Косовската претседателка Вјоса Османи на X се осврна на усвојувањето на резолуцијата за геноцидот во Сребреница. Османи вели дека со...