Контакт

Економија

(Видео) Ковачевски: Нови инвестиции на МЕПСО за сигурен пренос на електрична енергија за граѓаните и компаниите

Објавено пред

Премиерот Димитар Ковачевски присуствуваше на настан по повод новата инвестиција на АД МЕПСО, со која почнува процесот на дигитализација на преносната мрежа. Како што велат од Владата, станува збор за најсовременото решение за телекомуникациска опрема и далечински мониторинг на трансформаторските станици во МЕПСО. Проектот е во вредност од речиси 5 милиони евра и е клучен за стабилен и доверлив пренос на информации и податоци во електроенергетскиот систем на државата.

dobivaj vesti na viber

Премиерот Ковачевски истакна дека инвестициите во преносната мрежа се од голема важност за сигурен пренос на електрична енергија за граѓаните и компаниите, како и за реализација на големите проекти во секторот енергетика.

„Преку концептот стратешки инвестиции обезбедени се над 1.000 MW во проекти за изградба на фотонапонски и ветерни централи, и тоа со реномирани европски компании. Го поддржуваме европскиот зелен договор за одржлива економија, кој подразбира претворање на климатските и еколошките предизвици во можности и придобивки за државата и за граѓаните. На локацијата на поранешните наоѓалишта на јаглен во РЕК ‘Осломеј’ веќе работи фотонапонската електрана од 10 мегавати во сопственост на ЕСМ. Тоа е првата енергетска транзиција на електрана на јаглен во чиста енергија во регионот. Во моментот пред почнување со градба се и фотонапонските централи по пат на јавно-приватно партнерство со ЕСМ во ‘Осломеј’, со инсталиран капацитет од 100 мегавати. Во текот на 2023 година очекувам да почне со градба и уште една 10-мегаватна соларна централа во ‘Осломеј’ од страна на ЕСМ. Токму сончевите електрани ќе бидат двигатели на енергетската транзиција во Северна Македонија. Во текот на следниот месец во Собранието треба да се достават неколку закони за стратешки инвестиции, тие што беа прогласени во текот на претходните години. И тоа за ветерниот парк ‘Вирови’ од страна на германската компанија ‘Ви-пи-ди’, најголемата фотонапонска централа во овој дел од Европа, СТИПИОН, со капацитет од речиси 400 мегавати, од реномираната француска компанија „Акио“. Неодамна почна со работа новата 17 МW соларна електрана, инвестиција што оваа Влада ја обезбеди на компанијата од Словенија, ‘Ген-И’. Станува збор за најголемата фотоволтаична електрана во земјата лоцирана во Свети Николе“, рече Ковачевски и додаде дека во мандатот на Владата имаме веќе инсталирано 27 мегавати фотоволтаични централи во државата повеќе отколку за 11 години што беа инсталирани вкупно во државата.

Директорот на МЕПСО, Орхан Муртезани, зборуваше за важноста на оваа инвестиција во услови на светска енергетска криза.

„Со цел да го унапредиме нашиот технолошки суверенитет во енергетиката се одлучивме за оваа сериозна инвестиција, чии технички специфики во иднина ќе бидат во полза на енергетскиот, но и за телекомуникацискиот систем во државата. Оваа опрема е темел за добивање на real-time податоци за SCADA-системот. Со ова решение АД МЕПСО го почнува процесот на дигитализација на преносната мрежа. Со оваа најмодерна технологија ќе се постигне домаќинско и ефикасно искористување на оптичките влакна интегрирани во заштитните јажиња на далноводите и ќе се обезбеди шифрирање и комплетна заштита на информацијата што ќе се транспортира (сајбер-безбедносна платформа). На тој начин, со оваа опрема, ќе потенцирам уште еднаш, се обезбедува брз и точен пренос на податоци, непречена испорака на електрична енергија и се минимизира ризикот од прекин на пренос на податоци во случаи на хаварии и лоши временски услови“, изјави Муртезани.

Анди Аранитаси, претставникот на ЕБОР во земјата, кој го поддржа проектот на МЕПСО, рече дека живееме во време на предизвици, а руската агресија врз Украина доведе до енергетска криза од невидени размери.

„На овој начин се отворија прашањата за енергетската безбедност, високите цени на електричната енергијата и достапноста како основен приоритет. Но, во вакви турбулентни времиња не смееме да скршнеме од главната цел, а тоа е да се обезбеди одржливост на нашите економски модели. Постојат два начина за постигнување. Првиот е преку меѓусебно поврзување на енергетските пазари и формирање еден заеднички регионален пазар, сличен на тој во ЕУ. ЕБОР ја финансира интерконекцијата со Бугарија, а моментно сме финансиери на интерконекцијата со Албанија, која кога ќе биде завршена, ќе ги поврзува Македонија, Албанија и Црна Гора со европските пазари преку Бугарија и Италија. Поврзаните пазари ќе донесат многу бенефити. Вториот, за кој МЕПСО има директна поддршка, е зајакнување на капацитетите на преносната мрежа за приклучување повеќе обновливи извори на енергија и намалување на уделот на фосилните горива“, изјави Аранитаси.

Економија

Почна пријавувањето за директни плаќања по програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година

Објавено пред

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информира земјоделските стопанства, дека во период од 10 мај до 1 јули ќе можат да поднесат барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Во наведениот период земјоделските стопанства можат да поднесуваат барања за: растително производство по обработлива земјоделска површина со поледелски и градинарски култури, за одржување на постоечки површини со овошни и лозови насади како и површина за производство на сертифициран семенски и саден материјал, сточарско производство за обележани грла говеда, овци и кози, за маторици, презимени пчелни семејства како и за заклани говеда во кланица, како и за органско земјоделско производство.

Земјоделските стопанства своите барања ги поднесуваат во електронскиот систем на АФПЗРР, а доколку имаат потреба од помош или поддршка можат да се обратат во подрачните единици на МЗШВ.

Аплицирањето е преку линкот www.ipardpa.gov.mk – Директни плаќања е-субвенции. Со отварање на овој линк, во полето „Известувања/упатства“ достапни се деталните упатства за поднесување на барањето, Листата на потребни документи како и Програмата и Уредбата за директни плаќања во кои детално се претставени условите и висината на финансиската поддршка.

Прикажи повеќе...

Економија

Ангеловска-Бежоска на форумот на Виенската иницијатива: Капитализираноста на македонскиот банкарски систем порасна двојно повеќе од ЦЈИЕ

Објавено пред

Гувернерката Ангеловска-Бежоска, како претставничка на шесте централни банки од Западен Балкан во Одборот на „Виенската иницијатива“, учествуваше на Годишниот форум на панел-дискусијата посветена на банкарските системи во Централна и Југоисточна Европа (ЦЈИЕ), којшто оваа година се одржа во Вилнус, Литванија.

dobivaj vesti na viber

И покрај шоковите од невидени размери, банкарските системи во регионот, вклучително и македонскиот, покажаа високо ниво на отпорност. Македонскиот банкарски систем не само што ја задржа стабилноста, туку и уште повеќе ја зголеми. „Резултатите од овие напори се видливи. Капитализираноста на нашиот банкарски систем во споредба со претпандемичниот период е зголемена за близу 2 п.п., што е двојно повеќе од порастот во регионот на ЦЈИЕ и во моментов е највисока во изминатите 17 години, а квалитетот на капиталот е на историски високо ниво. Овие трендови во голема мера ги одразуваат зајакнувањето на регулативната рамка, на супервизијата и макропрудентните мерки преземени од страна на Народната банка“, посочи Ангеловска-Бежоска.

Притоа, особено е важно што и во овие кризни години имаше солидна кредитна поддршка за граѓаните и компаниите (просечен кредитен раст од околу 7%). Во услови на циклус на монетарно затегнување, каматните стапки на кредитирање пораснаа, но растот беше помал од растот на каматните стапки во ЕУ. Со тоа домашните каматни стапки на кредитите значително се приближија до каматните стапки во ЕУ и разликата меѓу нив е историски најниска. Во овој момент, просечната каматна стапка изнесува 5,5%, односно е двојно пониска во споредба со периодот пред Големата финансиска криза, кога изнесуваше околу 11%, во просек.

Гувернерката се осврна и на финансиската писменост и заштитата на корисниците на финансиските услуги, коишто се значајни за носење соодветни финансиски одлуки, но и за зголемување на конкурентските притисоци и за понуда на поконкурентни финансиски услови. „Финансиската писменост, едукацијата и заштитата на потрошувачите, коишто се стратешки приоритети на Народната банка, се важни за клиентите за да можат подобро да ги разберат и правилно да ги споредат понудите меѓу различните банки. Неодамна формиравме посебна организациска единица за финансиската писменост и заштитата на потрошувачите. Под водство на Народната банка, беше усвоена и првата национална Стратегија за финансиска инклузија и писменост, додека регулативната рамка беше зајакната минатата година, вклучително и преку усвојување на Насоките за банките и штедилниците за добри практики за заштита на потрошувачите, фер и транспарентни односи, врз основа на јасни и лесно разбирливи информации за производите и услугите што ги обезбедуваат. Беа преземени и мерки за зголемување на транспарентноста преку споредба на надоместоците за најрепрезентативните банкарски платежни услуги, коишто заедно со либерализацијата на пазарот на платежни услуги, ја поттикнуваат конкуренцијата во системот“, истакна Ангеловска-Бежоска.

„Виенската иницијатива“ е платформа којашто ги поврзува меѓународните финансиски институции, банкарските регулатори и претставниците на банкарските групи од Европа, присутни во регионот на ЦИЈЕ и секоја година, од 2009 година до денес, организира собири во областа на финансиите на кои сите засегнати чинители зборуваат за идните насоки во политиките поврзани со банкарскиот сектор и за поопшти макроекономски прашања.

Прикажи повеќе...

Економија

Се намалува мазутот, цените на дизелот и бензините остануваат непроменети

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,53 % во однос на одлуката од 7.5.2024 година.

dobivaj vesti na viber

Од 10.5.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 86,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 88,00 (денари/литар)

Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 74,50 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 74,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС – 44,609 (денари/килограм)

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 1,223 денар/кг и сега ќе изнесува 44,609 денари/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕВРОСУПЕР БС-95 и ЕВРОСУПЕР БС-98, како и на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 2,939 %, кај дизелот 1,523 %, кај екстра-лесното масло 1,341 % и кај „мазутот“ намалувањето е 3,608 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,015 %.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Мицкоски на средба со коалицијата: доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со претседателите на партиите во состав на коалицијата „Твоја Македонија“. Беше констатирано...

Македонија5 часа

Пеевски до Мицкоски: Од вас се очекува правилно да го исполните договорот, Бугарија направи голема работа

Нема да дозволиме Бугарија да се користи за внатрешнополитички цели во Северна Македонија, наведува претседателот на ДПС од Бугарија, Дељан...

Македонија6 часа

Главчев: Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи европската перспектива, повеќе нема да правиме отстапки

Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи својата европска перспектива. Од наша страна, немаме каде да правиме повеќе отстапки....

Македонија7 часа

Џафери не кажа дали е подготвен да оди во опозиција: Тоа е прашање што зависи од исходот на преговорите за состав на нова влада

По отчетот за 100-те дена техничка Влада, техничкиот премиер Талат Џафери вели дека е фокусиран на обврските од сегашната Влада,...

Македонија7 часа

(Видео) Првиот премиер Албанец на Македонија: Со мирна совест можам да кажам дека она што го најавив пред сто дена и го спроведов

Претседателот на Владата, Талат Џафери, на денешната прес-конференција рече дека се обврзал пред граѓаните оти ќе овозможи слободно изразување на...

Македонија9 часа

Апасиев: Некои битки мора да ги водиме повеќе од еднаш за да можеме да победиме

„Нашиот успех на овие историски парламентарни Избори 2024 и освојувањето на шест мандати во Собранието на РМ е доказ за...

Скопје10 часа

Падна дрво во населбата Автокоманда во Скопје

Преку Единствен повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за паднато дрво на булеварот „Александар Македонски“...

Европа12 часа

Путин го избра премиерот

Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот...

Свет12 часа

Германски министер: И Берлин размислува за забрана за испраќање оружје во Израел

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, рече дека Берлин размислува за слични чекори по американската закана дека ќе запрат дополнителни...

Свет12 часа

Орбан по средбата со кинескиот претседател: Ја прошируваме соработката и во нуклеарната индустрија

Кина и Унгарија ќе тргнат на „златно патување“ во билатералните односи, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг по средбата со унгарскиот...

Македонија20 часа

Зеленски и ја честиташе победата на Гордана Силјановска Давкова

Денеска, 9 мај 2024 година, на социјалната мрежа „Икс“ по повод големата победа на професорката Гордана Сиљановска-Давкова на претседателските избори,...

Македонија22 часа

(Видео) ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, ги објави првичните резултати од одржаните претседателски и парламентарни избори. Гордана Силјановска Давкова...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалирање со партиите – во фокусот се три точки

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, информира дека претпладнево одржал состанок, на кој биле поставени контурите на рамката врз која ќе го...

Македонија1 ден

Нов состав на Собранието ќе биде избран во следните 20 дена, инаугурацијата на Силјановска-Давкова најдоцна викендов

По завршувањето на парламентарните избори, следен чекор е мандатот на новиот собраниски состав да биде верификуван од ДИК. Во согласност...

Македонија1 ден

Силјановска-Давкова го победи Пендаровски со разлика од 308.632 гласа, разликата што тој ја направи во 2019 година беше 58.210 гласа

Според последните податоци од Државната изборна комисија (ДИК), во вториот круг од седмите претседателски избори во земјата Гордана Силјановска-Давкова освои...

Македонија1 ден

Македонија првпат доби жена претседател – која е Гордана Силјановска-Давкова и за што се залага

Првпат во Македонија во претседателската фотелја седнува жена откога Гордана Силјановска-Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, го победи досегашниот претседател Стево Пендаровски...

Македонија1 ден

Радев: Набргу ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје

Бугарскиот претседател Румен Радев вели дека набргу ќе биде јасно дали новоизбраната претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска, и...

Македонија1 ден

ЗНАМ доби уште еден мандат и има вкупно шест, а ВМРО-ДПМНЕ се намали за еден и има 58 мандати, ДИК објави нови пресметки

Според последните објавени резултати на ДИК, по преброени 99,6 отсто од гласовите во избирачките места, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 мандати во...

Македонија1 ден

„Очекувам тесна соработка за европската иднина на земјата“, евроамбасадорот Гир за изборната победа на Силјановска-Давкова

Амбасадорот на Европската Унија во нашата земја Дејвид Гир, утрово на Х и ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова на...

Македонија1 ден

Уште едена оставка од потпретседателската функција во СДСМ: Перо Костадинов се повлекува од функцијата по изборниот пораз

По Фатмир Битиќи и Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ. „Почитувани граѓани и драги сопартијци, по изборните...