Економија
Ковачевски – Хотгес: Иновациите и инвестициите во телеком-индустријата придонесуваат за развојот на македонската економија
Премиерот Димитар Ковачевски за време на посетата на Берлин оствари средба со главниот извршен директор на „Дојче телеком“, Тимотеус Хотгес.
На средбата, на која присуствуваше и Никола Љушев, главен извршен директор на „Македонски телеком“, се разговараше за постигнатите успеси и наредните планови на групацијата „Дојче телеком“, која во Република Северна Македонија од 2001 година го зазема водечкото место меѓу националните телекомуникациски оператори преку „Македонски телеком“, кој има голем придонес во македонската економија.
На средбата беше потенцирано дека минатата година беше година на големи инвестиции, со кои овозможи проширување на оптичката мрежа во Северна Македонија, меѓутоа и воведување 5Г-технологија од страна на „Македонски телеком“, дел од групацијата на „Дојче телеком“. На средбата воедно беа разговарани и презентирани можностите за развој што ги нуди 5Г-технологијата во многу сегменти од општествениот живот, но и во бизнисот, со што се отвораат нови иновативни перспективи во дејствувањето.
Соговорниците на средбата ја истакнаа важноста на Германија како земја што е голем поддржувач преку компаниите отворени во Северна Македонија и придонесува за надминување на современите економски предизвици во нашата држава. На состанокот беше кажано дека соработка, како на државите, така и на компаниите, се гледа низ сè поголемото ниво на инвестиции и сè поголемиот напредок на нашата држава, во која, секако, голема улога има компанија како „Македонски телеком“. Во овој контекст „Дојче телеком“ изрази подготвеност за продолжување на инвестирањето во Северна Македонија со конкретни големи инвестиции во дигиталната инфраструктура во земјата.
Големите германски инвестиции, како што е и „Македонски телеком“, освен за развој на економијата, се и одлична шанса за поттикнување нови генерации млади за работа во телекомуникацискиот сектор, што е и неопходно, се нагласува во информацијата од Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

