Контакт

Економија

Комерцијална разговара со повеќе инвеститори за преземање на „Еуроникел“, работници ќе им требаат, но преговорите се тајна

Објавено пред

Комерцијална банка извести дека во тек се преговори со повеќе заинтересирани инвеститори за купување на имотот и опремата на комбинатот „Еуроникел“, кои сега се во сопственост на Банката.

dobivaj vesti na viber

Како што наведуваат во соопштението, заради доверливоста на преговарачкиот процес со потенцијалните инвеститори, банката не е во можност во моментот да споделува повеќе информации во врска со оваа постапка.

„Притоа, секако дека на секој потенцијален купувач на имотот и опремата на „Еуроникел“ ќе му требаат и работници за извршување на производниот процес“, велат од Комерцијална банка.

Од таму особено истакнуваат дека евентуалното отворање стечајна постапка врз „Еуроникел“ нема никаква врска и допирни точки со сопственоста на банката врз преземениот имот и опрема.

„Овој имот и опремата во никој случај нема да бидат дел од стечајната постапка и Комерцијална банка е слободна да ги продава без никакви ограничувања“, се додава во соопштението од банката.

Економија

Дурмиши се сретна со норвешка делегација: Зголемен интерес за норвешки инвестиции во Северна Македонија

Објавено пред

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска во просториите на Министерството пречека висока делегација од Кралството Норвешка, предводена од амбасадорката Кристин Мелсом, амбасадор на Норвешка за Северна Македонија и Србија, како и претставници на владини институции и познати норвешки компании.

dobivaj vesti na viber

На средбата се разговараше за можностите за проширување на норвешките инвестиции во Северна Македонија, со посебен акцент на Технолошко-индустриската развојна зона Тетово (ТИРЗ Тетово), која е препознаена од норвешката влада како еден од најзначајните инвестициски проекти во регионот.

Министерот Дурмиши истакна дека иако политичките и билатералните односи меѓу двете земји се одлични, економската соработка сè уште не го следи истиот интензитет. Според официјалните податоци, вкупната трговска размена помеѓу Северна Македонија и Норвешка изнесува просечно околу 8 милиони евра годишно – бројка која е релативно ниска во однос на реалниот потенцијал за соработка.

Министерот потсети дека во 2021 година е потпишан Договор за јавно-приватно партнерство со компанијата “Normak Investment Group AD Тетово”. Покрај постоечките инвестиции, како онаа на компанијата LEAR, се најавени и две нови инвестиции, меѓу кои и инвестиција од компанијата “Norsksolar”, која веќе има донесено инвестициска одлука.

Министерот подвлече дека Северна Македонија во моментов привлекува повеќе норвешки инвестиции отколку која било друга земја од Западен Балкан – успех кој ја потврдува довербата и конкурентните предности што ги нуди нашата држава.

Во заклучокот на средбата, министерот уште еднаш го потврди силниот институционален ангажман за подобрување на бизнис-климата, привлекување на странски инвестиции, поддршка на домашните компании и развој на пазарот на трудот, како дел од новите надлежности на Министерството за економија и труд.

Прикажи повеќе...

Економија

Божиновска: Владата е цврсто определена за зелена иднина

Објавено пред

На денешната надзорна расправа во Собранието на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“ се обрати министерката за енергетика, рударство и минерални суровини од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Сања Божиновска.

dobivaj vesti na viber

Божиновска објасни дека аерозагадувањето е комплексен предизвик и дека Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини пристапува кон решавањето на проблемот и тоа со мерки за почисти извори на енергија и одржлив енергетски систем и наведе дел од проектите.

„Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е активно вклучено во реализацијата на повеќе проектни програми од „Планската програма за почист воздух 2024–2030“, кои имаат за цел да го намалат аерозагадувањето преку енергетски решенија. Нашата улога е јасно дефинирана во следните проекти: Греење без емисија- топлински пуми, високо ефикасни котли, когенеративни гасни централни, проект државата не загадува-водиме со пример, такси без директни емисии. Преку овие мерки, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја потврдува својата посветеност кон создавање на одржлив и еколошки енергетски систем, кој ќе обезбеди почист воздух и подобар квалитет на живот за сите граѓани“, истакна Божиновска.

Потсети на случајот за набавка на токсичен мазут што бил користен за греење на болници и јавни објекти полно со штетни соединенија и високи нивоа на сулфур и тешки метали.

„Да ве потсетам на последниот случај за кој Обвинителството води постапка, набавка на токсичен мазут што бил користен за греење на болници и јавни објекти во земјава. Во фокусот на истрагата е компанија која во 2023 испорачувала контаминирана нафта. Сериозен здравствен скандал, локалните инспекции утврдиле дека наместо мазут, се користело токсично индустриско масло, полно со штетни соединенија и високи нивоа на сулфур и тешки метали. И тоа не еден туку мрежа на увозници кои, спротивно на законот, испорачувале горива што не ги исполнуваат ниту основните еколошки стандарди а цената, како и секогаш ја плаќаат граѓаните, со своето здравје и со загадената животна средина“, децидна е Божиновска.

На крај додаде дека Владата е цврсто определена за зелена иднина, и интензивно работи на реализација на капитални проекти.

„Го поддржуваме и секој чекор што води кон почист воздух – од користење електрични автомобили, до инсталирање соларни панели на покриви и развој на енергетски задруги каде граѓаните самите ќе можат да произведуваат и користат чиста енергија. Оваа Влада е цврсто определена за зелена иднина. Интензивно се работи на реализација на капитални проекти“, рече Божиновска.

Прикажи повеќе...

Економија

Исплатени над 100 милиони денари на 7.158 земјоделци

Објавено пред

Од

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека се исплатени 105.002.614,00 денари кон 7.158 лица.

dobivaj vesti na viber

„Денеска се реализираше исплатата на подмерка 1.5 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4 за остварено производство од домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир на отворено и во пластеници од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година“, велат од Министерството.

Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат засадени површини со домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир и се корисници од подмерка 1.4 од Програмата за 2024 година, а оствареното производство е предадено на регистриран откупувач, вклучително и произведените градинарски култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет или е користено за домашни потреби или е продадено на пазар.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет48 минути

Реакции на заканата од Трамп: Американските производители на виски, француската козметика и германската хемиска индустрија повикуваат на ублажување на тензиите

Откако Доналд Трамп повторно се закани дека ќе ја ескалира трговската војна и препорача воведување царина од 50 проценти за...

Македонија1 час

Временска прогноза за викендов: дожд, грмежи, засилен ветер и пониски температури

Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер. Пообилни...

Македонија2 часа

Силно одбранбено партнерство и целосна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика, Мисајловски и Калас ги посетија Балканските медицински наменски сили

Министерот Владо Мисајловски и високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас денеска (23 мај)...

Македонија2 часа

Прв Дијалог за безбедност и одбрана меѓу Европската Унија и Северна Македонија

Денеска, во рамки на официјалната посета на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, во...

Македонија4 часа

Собрани околу 2,5 милиони евра за настраданите во Кочани, од Црвениот крст велат во неколку наврати вршеле исплата

Во рамките на апелот на Црвениот крст за поддршка на настраданите од катастрофалниот пожар во Кочани од 16 март, досега...

Македонија5 часа

Мицкоски: Прифативме билатерална средба со Бугарија на маргините на НАТО, со присуство на претставници од ЕУ и САД

Премиерот Христијан Мицкоски откри дека прифатиле да седнат на маса со Бугарија на маргините на НАТО самитот со присуство на...

Македонија6 часа

Мицкоски повика на фер третман: Уморни сме од постојаните блокади поради билатерални прашања

Премиерот Христијан Мицкоски и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас имале отворен разговор за македонските...

Македонија6 часа

Сè уште се надеваме дека планот А ќе функционира, рече Калас прашана зошто за Украина има, а за Македонија нема план Б

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, вели дека во случајот со Северна Македонија сè...

Македонија7 часа

Британската амбасада по договорот: Почнува нова ера во односите со Северна Македонија

Почнува нова ера во односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија по потпишувањето на договорот влада со влада, соопшти британската...

Македонија7 часа

Муцунски ја пречека Каја Калас: Ќе разговараме за недвосмислената европска перспектива

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски ѝ посака добредојде на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика,...

Македонија8 часа

Предложен притвор и мерки на претпазливост за обвинетите во предметот „Онкологија“

Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со поднесените обвиненија во предметот „Онкологија“, до Основниот кривичен суд Скопје вчера поднесе и предлог...

Македонија9 часа

Даниловски за мајмунските сипаници: Болеста не се пренесува лесно, претпазливост, но не и паника

Откога Институтот за јавно здравје вчера потврди два случаја на monkeypox – мајмунски сипаници во Македонија, епидемиологот Драган Даниловски на...

Македонија10 часа

Сиљановска-Давкова во посета на Ватикан на манифестацијата „Македонија во чест на свети Кирил“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска ќе престојува во посета на Италија и на Ватикан и ќе ја предводи македонската државно-црковна...

Македонија11 часа

Мицкоски продолжува и на јавната сцена да демонстрира одбивност кон Албанците, велат од ДУИ

Јавното понижување на градоначалникот на Тетово пред сите камери, пред целата јавност, всушност преставува логична последица на моноетничката доминација во...

Свет11 часа

Европол разби огромна хакерска мрежа: „Го погодивме самиот извор на нападот“

Меѓународната операција против сајбер криминалот, наречена Операција „Endgame“, силно ги погоди глобалните мрежи за хакирање. Во периодот од 19 до...

Свет13 часа

Шефот на СЗО го повика Израел да покаже милост во Газа: Замислете како луѓето страдаат

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) го повика Израел да покаже милост во војната во Газа. Во емотивно обраќање на...

Македонија14 часа

Каја Калас денеска во Скопје ќе се сретне со Мицкоски

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денес доаѓа во Скопје. Калас ќе се...

Македонија21 час

Два случаи на мајмунски сипаници во Македонија: потврди Институтот за јавно здравје

Денес во ЈЗУ Институт за јавно здравје од Клиниката за кожни болести биле упатени двајца пациенти суспектни за Monkeypox –...

Македонија1 ден

Данела му одговори на Мицкоски: „Благодарам на можноста господине Мицкоски да делувам едукативно на вас“

Жалам што првиот човек на Владата се уште не ги знае законите и нема основни познавања на тоа како функционира...

Македонија1 ден

Уапсени полицајци – дозволиле студенти од Турција нелегално да престојуваат во земјава

По неколкумесечна предистражна постапка, денеска полициски службеници од Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал...