Економија
Миноски: Македонската економија се покажа поотпорна на политичката криза
Најсложената политичка криза од осамостојувањето на Македонија наваму имаше влијанеи, но економијата сепак испорача резултати, при што економскиот раст најверојатно ќе ги надмине владините проекции, а невработеноста е сведена на историски најниско ниво, рече во интервју за една телевизија министерот за финансии Кирил Миноски.
Странските инвеститори продолжија да доаѓаат и во 2016 година, дури има и раст на странските директни инвестиции во споредба со 2015 година.
„Имаме компании кои минатата година најавија и отворија погони, а други имаат отпочнато со градежни активности. Сите тие ќе продуцираат нови работни места, истакнува Миноски и додава дека годинава се очекува вработеноста да се зголеми за 3 проценти според најконзервативните проекции“, вели Миноски.
Тој оцени дека буџетот е во одлична кондиција, па минатата година е завршена со одлична наплата на даноците од 99 проценти, но и со понизок буџетски дефицит за околу 1 процентен поен од планираниот. И во 2017 година сервисирањето на обврските на буџетот, како исплататата на плати и пензии, но и други расходи, ќе се одвива редовно и непречено.
„Согласно податоците за 2016 година, и покрај низа сценарија и шпекулации дека дел од приходите се напумпани, се покажа дека не е така. Даночните приходи покажуваат степен на наплата од 99 проценти што е навистина одлична бројка“, додаде Миноски.
Сепак, како што потеницца, секоја политичка криза влијае негативно врз економијата.
„Негативните трендови кои ги имаме кај некои извештаи од различни релевантни кредитни бироа и кредит рејтинг агенции, како главен негативен фактор ја земаа политичката криза. Политичката криза влијае пред се на потрошувачката, меѓутоа влијае и на амбиентот за инвестиции и од тој аспект има негативен импакт врз економскиот развој. Затоа неколку пати напоменувам дека час поскоро е неопходно да се најде соодветна завршница на политичката криза и да се фокусира на она што претставува главен приоритет на оваа држава, а тоа е економскиот развој, креирање на работни места и креирање на повисок животен стандард на граѓаните“, вели МИноски во интервјуто./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

