Економија
Наскоро: GoGlobal – Виртуелни сесии за маркетинг стратегии наменети за перформанс огласувачи
GoGlobal, еднодневен виртуелен настан составен од динамични сесии за маркетинг стратегии, ќе се случи за првпат на 29 септември 2021 година, со почеток од 13.00 часот по Средноевропско време. Под организација на „Aleph Holding“, овој настан ќе ги собере светски познатите маркетинг лидери и говорници кои се партнери на Aleph, вклучувајќи ги Facebook, Snapchat and TikTok, како и огласувачи кои успешно ги искористиле придобивките од овие платформи за да ги подобрат своите резултати. Приклучете се на сесиите и слушнете ги индивидуални лекции и совети на говорниците, кои се наменети да им помогнат на регионалните брендови да го забрзаат својот глобален раст преку огласување на социјалните медиуми.
Ерикас Плоткинас (Erikas Plotkinas) – маркетинг директор на “Kilo Health”; Андреј Кугониќ (Andrej Kugonić) – одговорен за маркетинг и раст во “Nordeus”; Катарзина Паливода (Katarzyna Paliwoda) – директор за нови пазари во “Facebook CEE”; Артурс Лукасевиц (Arturs Lukasevics) – раководител за раст за Центрлна Европа на “TikTok”, Имран Кан (Imran Khan) – извршен директор и ко-основач на “Verishop”; Дени Рајт (Danny Wright) – главен директор за брендови на “Adweek” и Марис Наглис (Maris Naglis) – потпретседател за успех на клиентите во “Httpool” се само дел од лидерите во индустријата и перформанс маркетинг експерти, кои ќе ги споделат своите ексклузивни согледувања и знаења за време на настанот GoGlobal.
Во само еден ден исполнет со одлични сесии, присутните ќе дознаат како да:
● Го забрзаат растот на својот бренд преку сеопфатна стратегија за перформанс огласување
● Ги постават основните елементи за успех и да почнат да ја следат животната вредност за клиентите
● Да ја искористат моќта на брендирањето за да го засилат растот
● И многу повеќе!
Настанот може да го следите бесплатно, а веќе е започнат процесот на регистрација за сите заинтересирани, без оглед на нивната локација: https://goglobal.events/
„GoGlobal е првиот од низа настани организирани од „Aleph“ чија цел е да се сподели знаење и да им се помогне на компаниите максимално да го искористат глобалниот потенцијал што дигитализацијата и социјалните медиуми го нудат. Настанот ќе овозможи перформанс огласувачите да дознаат нешто повеќе од најуспешните во нивниот сектор како и од најуспешните брендови на пазарот, но и да се запознаат со најновите трендови за искористување на потенцијалот што го нудат 4 милијарди луѓе кои секојдневно се активни на дигиталните платформи“, вели Марис Наглис, потпретседател за успех на клиентите во Httpool, компанија на „Aleph Holding“.
Aleph е најголемиот глобален партнер за дигитални медиуми во светот кој работи на 85 пазари и кој има доверена задача да ги поврзе најголемите играчи во дигиталните медиуми со огласувачите кои се потпираат на нив. Дел од ексклузивните партнери во различни земји се Twitter, Spotify, Snapchat, LinkedIn, TikTok, Facebook, Twitch, Tripadvisor, and EA, меѓу другите. Httpool е компанија на Aleph Holding, која е претставник на водечките платформи за дигитални медиуми во повеќе од 60 пазари во Европа и Азија.
Уникатната комбинација на пристап до најголемите дигитални играчи, сопствена технологија и експертско практично знаење им овозможува на Httpool и IMS (Internet Media Services) да ги поддржат бизнисите и брендовите во искористување на максималниот потенцијал во нивните напори за рекламирање и подобрување на деловниот успех.
За повеќе информации, ве молиме обратете се до:
Špela Majcen Marušič, Глобален менаџер за односи со јавноста – [email protected]
Јане Бајалџиев, Управител на Httpool Македонија – [email protected]
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Партнерство за енергетската иднина“: Потпишан Меморандум меѓу Министерството за енергетика и УНДП“
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува јасна и долгорочна рамка за заедничко делување во областа на енергетиката, енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија и одржливиот развој.
Меморандумот го потпишаа министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Северна Македонија, Армен Григорјан. Со Меморандумот се зајакнува институционалната соработка меѓу двете страни и се отвора простор за координирани активности насочени кон праведна и инклузивна енергетска транзиција, зајакнување на енергетската независност и отпорност на државата, како и исполнување на националните и меѓународните климатски цели.
„Овој Меморандум претставува силна потврда на нашата заложба за модерна, одржлива и праведна енергетска транзиција. Преку партнерството со УНДП добиваме дополнителна експертиза и поддршка за креирање и спроведување политики кои носат конкретни придобивки за граѓаните, економијата и животната средина“, изјави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.
Соработката ќе се реализира во согласност со националните приоритети и Програмскиот документ на УНДП за Република Северна Македонија за периодот 2026–2030, со посебен фокус на добро управување, транспарентност и активно вклучување на јавноста во процесите на донесување одлуки поврзани со енергетиката.
„УНДП останува посветен партнер на институциите во Северна Македонија во унапредувањето на одржливиот развој. Овој Меморандум создава силна основа за заедничка работа во енергетскиот сектор, со фокус на чиста енергија, намалување на емисиите и инклузивен јавен дијалог“, истакна постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан.
Меморандумот предвидува заеднички активности во развојот на енергетскиот сектор, рударството и управувањето со минералните ресурси, намалување на емисиите на стакленички гасови преку зголемена примена на обновливи извори и мерки за енергетска ефикасност, како и поддршка во изработката и спроведувањето на национални стратегии, законодавство и акциски планови во областа на енергетиката.
Особено значаен сегмент од соработката е насочен кон јакнење на институционалните, техничките и човечките капацитети, преку градење експертиза и подобрување на процесите за креирање и спроведување јавни политики, како и кон унапредување на транспарентноста и инклузивниот јавен дијалог, со посебно внимание на младите, жените и ранливите групи граѓани. Во рамки на партнерството е предвидена и заедничка организација на национални и меѓународни настани, форуми и иницијативи посветени на одржливиот развој и енергетската транзиција.
Меморандумот е склучен на период од четири години, со можност за продолжување, и претставува значаен чекор кон продлабочување на соработката меѓу Министерството за енергетика и УНДП во насока на одржлива и сигурна енергетска иднина за Северна Македонија.
Економија
Новата Ford Puma Gen-E финалист на европскиот натпревар AUTOBEST 2026!
Ford Puma Gen-E е избрана за финалист на престижниот избор AUTOBEST 2026 – признание што ја потврдува визијата на Ford за иновативна, ефикасна и достапна мобилност.
Како нова електрифицирана генерација на омилениот кросовер, Puma Gen-E комбинира динамичен дизајн, напредни технологии и практичност создадена за секојдневието. Со фокус на одржливост и паметни решенија, моделот нуди возбудливо искуство во градот и надвор од него, без компромис во удобноста и перформансите.
Ова признание од AUTOBEST е уште една потврда дека Ford Puma Gen-E поставува нови стандарди во својата класа.
👉 Вашиот глас е важен!
Поддржете ја Ford Puma Gen-E и гласајте во изборот AUTOBEST 2026 на https://autobest.org/.
AUTOBEST е еден од најрелевантните и највлијателни европски автомобилски избори, основан со цел да ги претставува интересите на реалните возачи низ целиот континент. Жирито на AUTOBEST го сочинуваат реномирани автомобилски новинари од повеќе од 30 европски земји, кои заедно претставуваат над 90% од европскиот автомобилски пазар.
Финалистите и победниците на AUTOBEST се сметаат за репер во европската автомобилска индустрија, а самото учество во финалната селекција претставува значајно признание за квалитетот и визијата на еден модел.
(ПР)
Економија
Мицкоски: 300 компании се предвидени да бидат поддржани со грантовите во вкупен износ од 25 милиони евра
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе се обезбедат грантови за адаптирање на компаниите кон зелена трансформација и заштита на животната средина, изјави:
„Да работиме, практично Инова агенцијата, околу овозможување и обезбедување грантови за компаниите, посебно во делот на енергетската трансформација. Имав и таму едно многу интересно обраќање. Да, за енергетската трансформација, но треба да сме многу внимателни. Затоа што не сум сигурен, а тоа се сложија и голем број од учесниците на тие панели, дека со таа енергетска трансформација, ние можеме на долг рок да генерираме базна енергија којашто е потребна на индустријата за потребите на самата индустрија. Тоа треба да се одвива чекор по чекор, затоа што секоја избрзана постапка може да направи штета по индустријата и по државата. Но, колку за информација за компаниите, некаде околу 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра и наскоро ќе има и за тоа објава во јавноста и јавен повик.“

