Економија
На Табановце средба на директорите на царините на Македонија, Грција, Србија, Цефта и Транспортната заедница
Претставниците на царинските управи на Грција, Северна Македонија и Србија денеска имаа средба на која разговараа за потенцијалот на SEED –клучниот систем за имплементирање на зелените коридори.
Константинос Муртидис, генерален директор на грчката Царинска и акцизна управа, Славица Кутиров, директорка на Царинската управа на Република Северна Македонија и Душко Маринковиќ, в.д. заменик-директор на српската Царинска управа, се сретнаа на граничниот премин Прешево-Табановце на која заеднички го дискутираа потенцијалот на систематската електронска размена на податоци (SEED) која функционира во Западен Балкан. Иницијатори на оваа посета се Транспортната заедница и Секретаријатот на ЦЕФТА.
Учеството на Грција е од огромна важност бидејќи претставува огромен чекор напред во заедничките напори и визијата за унапредување на транспортот и трговијата меѓу Грција и членките на ЦЕФТА договорот. Се очекува оваа средба да доведе до подинамична соработка за воспоставување на Зелените коридори, што би донело економски придобивки како за ЕУ, така и за ЦЕФТА, оценуваат учесниците.
Константинос Муртидис, генерален директор на Царинската управа при Независната канцеларија за јавни приходи на Грција, ја нагласи конструктивната соработка на сите вклучени страни во иницијативата Зелени коридори. Особено пилот-имплементацијата на граничниот премин Евзони-Богородица е важна и подобрена форма на соработка меѓу двете царински управи (Грција и Северна Македонија). Размената на податоци меѓу царинските служби за движењето на стоките пред пристигнувањето на границата, заедно со потребната инфраструктура, е суштински елемент на оваа иницијатива за да се овозможи побрзо движење на клучните стоки за поширокиот ЦЕФТA регион и соседните земји членки на ЕУ, е нагласено во писмената информација.
Директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА, Емир Џикиќ, вели дека СЕЕД + е еден од главните приоритети на ЦЕФТА, кој покрај размената на податоци меѓу царинските управи, ќе ги вклучи и сите агенции кои се занимаваат со царинење стоки, а се планира да се прошири и на трговијата со услуги. Освен тоа ќе има позитивно влијание врз трговските текови, како што е предвидено во Акцискиот план за Заеднички регионален пазар. Средбата со Константинос Муртидис и претставниците на грчката Царинска управа е важен чекор за приближување на членките на ЦЕФТА кон ЕУ и ширење на добри практики, како што се Зелените коридори/ ленти, не само во рамките на ЦЕФТА, каде од почетокот на пандемијата приближно 2 милиони камиони ја имаат искористено оваа иницијатива, туку и на граничните премини кон ЕУ.
Славица Кутиров, директорка на Царинската управа на Северна Македонија, вели дека брзиот проток на стоки е приоритет на Царинската управа на Северна Македонија како најдобро средство за зајакнување на трговијата и подобрување на соработката меѓу членките на ЦЕФТА. Северна Македонија, Грција и Србија се соседни земји кои покриваат поголем дел од Коридорот 10. Зелените коридори се покажаа како одличен начин за подобрување на движењето на стоки меѓу Србија и Северна Македонија, а SEED послужил како одлична алатка за споделување на информациите меѓу царинските управи и останатите агенции. Нашата желба е да ги прошириме овие коридори кон Грција и на тој начин да ја унапредиме одличната соработка, истакнала таа.
„Жителите на Западен Балкан предолго чекаат на границите, особено на границите со ЕУ. Продолжуваме да ги поддржуваме регионалните партнери во нивните напори за проширување на концептот на Зелени коридори до Грција и другите земји членки на ЕУ. Воспоставувањето на функционален Зелен коридор на граничниот премин Табановце-Прешево го скрати времето на чекање и го забрза извозот, увозот и транзитот на стоки. Северна Македонија и Србија се првите регионални партнери од Западен Балкан кои воспоставија заеднички гранични контроли и обезбедија заеднички гранични и царински формалности. Доколку се примени на границите со земјите-членки на ЕУ, овој концепт ќе биде подеднакво успешен“, изјави Матеј Закоњшек, директор на Секретаријатот на Транспортната заедница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Мицкоски: Покрај новите проекти мораме да враќаме и долгови на претходната Влада, најголем дел од еврообврзницата, околу 700 милиони евра се за тоа
„Покрај тоа што ние градиме вакви објекти, градинки, училишта, сали, автопати, железници, ние ги враќаме и долговите на претходната Влада. Минатата година во јануари месец вративме 500 милиони евра еврообврзница која ја земала претходната Влада, a со дел од овие пари, 700 милиони евра, ќе вратиме друга еврообврзница која претходната влада ја земала пред 4 години“, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за новата еврообврзница во текот на неговата денешна посета на дограденото основно училиште „Блаже Конески“ во Аеродром.
„Ако се работи посветено, чесно, нема идеални услови се разбира, но покрај тоа што треба да се испорачаат проектите и да се изреализираат, треба да се вратат и долговите и на претходната Влада. Јас уште на крајот на минатата година кажав дека ќе биде тешка година, но план имаме и средствата се обезбедени“, дополни премиерот Мицкоски.
Тој посочи дека врвни светски компании се дел од заемодавателите на оваа еврообврзница кои што никогаш досега не се појавиле на Балканот. Исто така повтори дека најголем дел од таа обврзница, околу 700 милиони евра ќе бидат насочени кон враќање на стари долгови.
Економија
Николоски-Хрицова: Од март нова авиолинија Охрид – Братислава
Воведување на новата авиолинија Охрид-Братислава и подобрување на економските и трговски односи меѓу Македонија и Словачка беа тема на денешната средба помеѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и амбасадорката на Словачка, Ивета Хрицова.
Линијата Охрид-Братислава која се воспоставува од март оваа година преку авиокомпанијата „Визер“, ќе придонесе за подобра поврзаност меѓу двете земји, а во функција на развој на туризмот и бизнис секторот, потврдија двајцата соговорници.
Николоски истакна дека Владата посветува особено внимание на развој на ависобраќајот, а воспоставување на оваа авиолинија, ќе ги приближи економските врски меѓу двете држави.
На средбата беа потврдени добрите билатерални односи меѓу Македонија и Словачка, се разговараше за зајакнување на трговска соработка, политичките односи и поттикнување на деловната клима.
Николоски потенцира дека државата се наоѓа во силен инвестициски циклус во реализација на капитални проекти кои имаат регионална димензија и даваат огромен придонес во развој на регионалната соработка преку модернизација на транспортната инфраструктура.
Тој упати честитки за избор на амбасадорката, притоа изрази благодарност за досегашната соработка и ја нагласи потребата од интензивирање на таквата соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји.
Економија
Мицкоски: Речиси 225 милиони евра веќе се пренесени преку Развојната банка на домашните компании, а целосна реализација се очекува во првиот квартал годинава
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се искористат преостанатите 250 милиони евра за домашните компании изјави:
„Досега се пренесени, практично преку Развојната банка, некаде околу 225 милиони евра од 250 милиони евра. Тоа е оној кредит кој што Владата, условно кажано, го субвенционира со каматна стапка од 1,95%, до три години грејс-период и до 15 години рок на отплата.“
Премиерот посочи дека целосна реализација на средствата се очекува во првиот квартал годинава.
„Очекувам набргу, во првиот квартал од оваа година, целосно да биде исцрпен. И заедно со средствата кои што банките сопствени ги инвестираат во развојните проекти на компаниите, го поддржуваат стопанството и економијата и на тој начин Македонија на инвестициската мапа е навистина водечка во регионот. Ако се има предвид дека растот во првата половина од 2025 година, па би рекол и целосно во текот на целата 2025 година, е двоцифрен број проценти. Споредно со истиот период во рамките, да речеме, на еврозоната, тоа е 2-2,5%. Така што, јас сум навистина задоволен од начинот на кој што овие средства се искористени“, објасни Мицкоски.

