Економија
Неопходен е ефикасен социјален дијалог за унапредување на безбедноста и здравјето при работа
Предизвиците поврзани со пандемијата на Ковид-19 покажаа дека постоењето позитивна култура и силни системи за безбедност и здравје при работа (БЗР) се од суштинско значење за заштитата на работната средина и одржување на здравјето и безбедноста на работниците. За успешно справување со постојните и со идните предизвици што влијаат врз здравјето и безбедноста на работните места, неопходен е ефикасен социјален дијалог, како и активно учество на сите релевантни страни во областа на БЗР како на национално така и на ниво на деловни субјекти.
Ова се клучните пораки од конференцијата, која по повод 28 aприл – Светскиот ден на безбедност и здравје при работата, ја организираа Меѓународната организација на трудот, Министерството за труд и социјална политика и Советот за безбедност и здравје при работа, а на која учествуваа и претставници на синдикатите, Државниот инспекторат за труд, Организацијата на работодавци, како и експерти од областа на трудовото право.
„Сите ние заедно, самите работници, работодавците, стручните лица и професионалци од областа, институциите, мораме да работиме активно, секој во својот домен и во рамките на своите надлежности и можности за да обезбедиме нашите работници навистина да бидат посигурни, побезбедни и поздрави на своите работни места“, рече во своето обраќање министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, потенцирајќи дека oдбележувањето на 28 април треба сите да нѐ поттикне уште повеќе да работиме и на подигнување на јавната свест за безбедноста и здравјето при работа имајќи предвид дека сите ние ја споделуваме и одговорноста и обврската, секој во својот дел, да се грижиме за унапредување на безбедноста на работните места и да работиме на превенирање на несреќите, повредите и заболувањата поврзани со работата.
Истакнувајќи го значењето на социјалниот дијалог за унапредувањето на безбедноста и здравјето при работа, министерката Тренчевска рече: „Мораме да ги негуваме и постојано да ги поттикнуваме социјалниот дијалог и меѓусебната соработка во оваа област како на национално така и на ниво на претпријатие ако сакаме да создадеме реални услови за успешно справување со постојните, но и со новите предизвици во однос на безбедноста и здравјето на работното место.
За познавачите на оваа проблематика, исклучително е важно во земјата да се создаде превентивна култура на безбедност и здравје при работа, онака како што таа е дефинирана во Конвенцијата на меѓународната организација на трудот (МОТ) за промотивната рамка за БЗР од 2006 година.
„Суштинскиот социјален дијалог и трипартитните обврски претставуваат камен темелник на превентивната култура за безбедност и здравје при работа, чија улога е да поттикне трајни подобрувања на безбедноста и здравјето при работа“, истакна националниот координатор на МОТ, Емил Крстановски.
Статистичките податоци покажуваат дека годишно во светот се случуваат и над 400 милиони инциденти и несреќи на работните места, а се регистрирани и до 2,9 милиoна смртни случаи. Повредите на работното место и професионалните заболувања не само што предизвикуваат немерливо човечко страдање на жртвите и нивните семејства туку се причина и за големи економски загуби за претпријатијата и националните економи, кои се манифестираат преку зголемени трошоци за здравствена заштита и обесштетување, трошоци поради изгубено производство, намалена работна способност и пониско учество на работната сила. Се проценува дека придонесот на несреќите на работното место и професионалните заболувања во вкупните годишни загуби на домашниот бруто- производ (БДП) на светско ниво изнесува 5,4 %.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
АЛКАЛОИД АД Скопје ќе исплати за 14,3 % поголема дивиденда во однос на минатата година
АЛКАЛОИД АД Скопје објави дека седницата на годишното Собрание на акционери на Друштвото ќе се одржи на ден 30.03.2026 година со почеток во 08:00 часот во деловните простории на Друштвото, Бул. Александар Македонски бр. 12, Скопје, Република Северна Македонија.
Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје на седницата одржана на ден 26.02.2026 година донесе Предлог-Одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2025 година во износ од 720,00 денари бруто односно 648,00 денари нето по акција, што во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 630,00 денари бруто односно 567,00 денари нето е поголема за 14,3%.
За исплатата на дивиденда и персонален данок на личен доход компанијата ќе издвои над 1 милијарда денари. Во согласност со предлог одлуката, исплатата на дивидендата ќе започне од 13.05.2026 година.
(ПР)
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците
Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,02 п.п., при што во јануари таа изнесува 2,20%, известува Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,48 п.п. и изнесува 4,73%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска
Економија
Николоски: Растот на превезена стока во товарниот сообраќај е силен поттик за економијата и нови работни места
Вкупното количество на превезена стока во товарниот патен превоз во четвртиот кварат од 2025 година е за 66, 7 проценти зголемен во споредба со истиот период 2024 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, информира министерот за транспорт, Александар Николоски.
Според него, големиот раст на превезнена стока во товарниот сообраќај е силен поттик за економијата и нови работни места.
„Државната статистика забележува и зголемување на карго превозот преку авиосообраќајот и тоа за 23, 7 проценти во четвриот квартал од 2025 година во споредба со истиот период 2024 година. Единствено се забележува намалување на железничкиот превоз за 13,4 проценти и тоа се должи на започнатите инфраструктурни проекти на железничката мрежа долж Коридор 10“, вели Николоски.
Ток, исто така, наведе дека во истиот пресметковен период во патничкиот транспорт превезени се вкупно 925 илјади патници, додека во воздухопловниот превоз регистрирани се 889 153 патници што, како што вели, покажува засилен раст како резултат на политиките за финансиска подршка што ги спроведува Министерството за транспорт за воведување на нови авиолинии.
Најмногу од патниците во делот на авиосообраќајот се превезени преку редовни авиолинии, а раст се забележува и кај чартер летовите.
Единствено намалување во четвриот квартал од 2025 година има во железнички превоз на патници и тоа според статистиката превезени се 34 илјади патници.

