Економија
Новата Opel Corsa прогласена за најпосакуван градски автомобил во Македонија за 2024 година!
· Престижно признание: Opel Corsa е избрана за „Најпосакуван градски автомобил“ во Македонија за 2024 година!
· Публиката избира: изборот за „Најпосакуван автомобил во Македонија“ е глас на публиката, на јавноста, не е избор на жири комисија.

Годишниот национален избор „Златно тркало“ на уникатен и транспарентен начин, доаѓа до сознание кое е најпосакуваното возило во нашата земја и тоа според гласовите на публиката. Гласањето е транспарентно и онлајн, а резултатите го прикажуваат интересот на љубителите на автомобилизмот и клиентите. Со здружени сили, како организатори и презентери на автомобилските новитети, се јавуваат дел од македонските автомобилски медиуми : AvtoPlus.mk, CarClub.mk, CarsByVik.mk и RPM.mk.

„Yes of Corsa”! Oваа година, признанието на јавноста за „Најпосакуван градски автомобил“ го понесе Opel Corsa!

Новиот изглед на Corsa е модерен, по германски терк и детоксифициран. Го носи новиот амблем на брендот и како еден од највпечатливите дизајни во сегментот, веднаш е воочлив на градските улици.

На свечената манифестација за доделување на плакетите, признанието на Opel Corsa за „Најпосакуван градски автомобил“ го презема г-динот Драган Јовев, Продукт менаџер за Оpel во Македонија и истакна:

„Голема чест и задоволство е да се преземе ова признание кое македонската јавност го доделува. Искрено не сме изненадени. Судејќи по реациите на јавноста откако го промовиравме моделот, а и по продажбата која ја остваруваме, очекувавме дека Opel Corsa би била избрана за „Најпосакуван градски автомобил“.

Новата Opel Corsa била и останува “volume maker“ во гамата на Опел. Сѐ има продадено во повеќе од 14 милиони примероци, во 6 генерации.

Оваа година, за Оpel е голема година. Во очекување сме на 2 новитета: новата Frontera и новиот Grandland. Ние силно веруваме во себе и во Opel брендот и искрено очекуваме дека ќе се најдеме на овој подиум и следната година.“

ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos

