Економија
Приходите во буџетот во август изнесуваат 14,2 милијарди и се за 14% пониски од лани
Приходите во буџетот во август изнесуваат 14,2 милијарди денари што е помалку за 13,9% во однос на лани. Кумулативно од почетокот на годината приходите изнесуваат 119,6 милијарди денари и се на пониско ниво за 8,2% во однос на лани, што е пак благо подобрување во однос на првото полугодие кога приходите кумулативно приходите беа пониски за 9% во однос на лани, соопшти Министерството за финансии.
„ Во август даночните приходи се пониски за 17,1% во однос на лани, додека кај придонесите се забележува пад од 2,7%. Кај даночните приходи има потфрлање на месечно ниво кај ДДВ од 14,3%, акцизи од 25 отсто, данокот на добивка од 28,9 отсто и на персоналниот данок на доход од 10,4 отсто, додека кај увозните давачки се забележува раст од 7,9%.
Расходите во август изнесуваат 17 милијарди денари и се за 5,8% повисоки во однос на лани.
Кумулативно, буџетските приходи заклучно август имаат пад од 8,2% што се должи на пад на даночните приходи од 12,1%. Кумулативно од почетокот на годината се забележува раст на придонесите од 7,1%. Од почетокот на годината заклучно август, има послаба наплата кај скоро сите даноци освен увозните давачки каде растот изнесува 7%. Кај данокот на додадена вредност, се забележува кумулативен пад од 13,6%.
Вкупните расходи пак заклучно август изнесуваат 154,5 милијарди денари и се за 11% повисоки во однос на лани, при што тековните расходи се повисоки за 11,2%, додека капиталните за 5,9%. Заклучно август реализиран е 17,4 милијарди денари дефицит или 75,7% од проектираниот со ребалансот на буџетот“ се наведува во извештајот.
Министерството за финансии продолжува однапред, на почетокот на месецот или 25 дена пред Календарот за објава, да ги објавува податоците за извршување на буџетот на месечно ниво.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

