Економија
Продолжени лиценци и договори за транспортерите, градежниците и погребалните служби
Владата донесе уредби со законска сила со цел транспортниот сектор подобро да го организира работењето и да се обезбеди непречен транспорт на стока, за што денеска на прес-конференција информираше министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.
„Првата уредба се однесува на примена на Законот за превоз на патниот сообраќај за време на вонредната состојба и истата предвидува одложување на полагањето на испитите за професионална компетентност на лице одговорно за превоз и возач за учество во меѓународен патен сообраќај, за време на траењето на вонредната состојба. Важноста на сертификатите за професионална компетентност на возач за учество во меѓународен патен сообраќај чиј рок на важење е истечен се продолжува за време на траење на вонредната состојба“, објасни министерот Сугарески.
Втората уредба се однесува на примена на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај за време на вонредна состојба и таа опфаќа: Полагањето на испитот при превоз на опасни материи се одложува за време на траењето на вонредната состојба.
Истото се однесува и за важноста на сертификатите. Сите сертификати кои се однесуваат за превоз на опасни материи, а чиј рок на важење е истечен, важноста се продолжува за време на траење на вонредната состојба. Ова подразбира дека сите испити се одложуваат и сите сертификати на кои важноста им е истечена остануваат да важат сè до времетраењето на вонредната состојба.
„Со овие две уредби им олеснуваме на транспортерите и од финансиски аспект и од временски аспект со оглед на тоа дека ја продолжуваме важноста на сертификатите“, истакна министерот Сугарески и додаде дека со уредбата со законска сила за примена на Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај, како и за тахографите, се пропишува зголемување на времетраењето на возење со цел побрзо да се реализира транспортот.
„Дневното време на управување со возило за време на траење на вонредната состојба се зголемува од 9 часа на 11 часа. Неделното време на управување со возило за време на траење на вонредната состојба се зголемува од 56 часа на 60 часа.
Вкупното време на управување со возилото во текот на кои било две последователни недели, за време на траење на вонредната состојба се зголемува од 90 на 100 часа.
За време на траење на вонредната состојба возачите можат да возат пет и пол часа, а потоа возачот е должен да направи пауза од најмалку 45 минути, додека претходно можеа да возат 4, 5 часа па да прават пауза. Редовниот дневен одмор за време на траење на вонредната состојба е намален од 11 часа, на 9 часа“, објасни министерот Сугарески.
Со овие мерки кои беа на барање на превозниците се овозможува побрз транспорт на стока, намалување на метежот на граничните премини и местата за одмор и поефикасен транспорт на стоката што се пренесува.
Во насока на олеснување на работата на компаниите што работат во градежниот сектор, Владата донесе уредби со законска сила со кои се олеснува работата на фирмите во услови на времетраење на вонредната состојба.
Првата уредба се однесува на примена на Законот за градење и се однесува за лиценците и овластувањата чиј рок на важење е истечен, се продолжува за време на траењето на вонредната состојба, како и 60 дена од денот на престанок на вонредната состојба.
Втората уредба со законска сила се однесува на Законот за просторно планирање, со што се предвидува за лиценците за изработување на урбанистички планови, лиценците за ревизија на урбанистички планови, овластувањето за изработување на урбанистички планови и овластувањето за ревизија на урбанистички планови, чиј рок на важност е истечен, важноста се продолжува за време на траењето на вонредната состојба, како и 60 дена од денот на престанок на вонредната состојба.
Третата уредба се однесува на примена на Законот за гробишта и погребални услуги и исто така ја регулира важноста на дозволата за управување со гробишта и дозволата за вршење погребални услуги чиј рок на важење е истечен. И за овие дозволи кои се веќе истечени, важноста се продолжува на траење на вонредната состојба, како и 60 дена од денот на престанок на вонредната состојба.
На крај, министерот Сугарески ја објасни и мерката донесена во вториот сет економски мерки, која се однесува на ослободување од плаќање на надомест за закуп за стан за лица со ниски примања и на социјално ранливи категории граѓани.
„Со оваа мерка ослободени се вкупно 792 корисници или на месечно ниво овие ќе се заштедат 1 милиони 145 илјади денари. Ова е мерка со која дополнително ќе ги ослободиме овие групи на граѓани од трошок кој го имаат кон државата“, констатираше министерот Сугарески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Партнерство за енергетската иднина“: Потпишан Меморандум меѓу Министерството за енергетика и УНДП“
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува јасна и долгорочна рамка за заедничко делување во областа на енергетиката, енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија и одржливиот развој.
Меморандумот го потпишаа министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Северна Македонија, Армен Григорјан. Со Меморандумот се зајакнува институционалната соработка меѓу двете страни и се отвора простор за координирани активности насочени кон праведна и инклузивна енергетска транзиција, зајакнување на енергетската независност и отпорност на државата, како и исполнување на националните и меѓународните климатски цели.
„Овој Меморандум претставува силна потврда на нашата заложба за модерна, одржлива и праведна енергетска транзиција. Преку партнерството со УНДП добиваме дополнителна експертиза и поддршка за креирање и спроведување политики кои носат конкретни придобивки за граѓаните, економијата и животната средина“, изјави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.
Соработката ќе се реализира во согласност со националните приоритети и Програмскиот документ на УНДП за Република Северна Македонија за периодот 2026–2030, со посебен фокус на добро управување, транспарентност и активно вклучување на јавноста во процесите на донесување одлуки поврзани со енергетиката.
„УНДП останува посветен партнер на институциите во Северна Македонија во унапредувањето на одржливиот развој. Овој Меморандум создава силна основа за заедничка работа во енергетскиот сектор, со фокус на чиста енергија, намалување на емисиите и инклузивен јавен дијалог“, истакна постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан.
Меморандумот предвидува заеднички активности во развојот на енергетскиот сектор, рударството и управувањето со минералните ресурси, намалување на емисиите на стакленички гасови преку зголемена примена на обновливи извори и мерки за енергетска ефикасност, како и поддршка во изработката и спроведувањето на национални стратегии, законодавство и акциски планови во областа на енергетиката.
Особено значаен сегмент од соработката е насочен кон јакнење на институционалните, техничките и човечките капацитети, преку градење експертиза и подобрување на процесите за креирање и спроведување јавни политики, како и кон унапредување на транспарентноста и инклузивниот јавен дијалог, со посебно внимание на младите, жените и ранливите групи граѓани. Во рамки на партнерството е предвидена и заедничка организација на национални и меѓународни настани, форуми и иницијативи посветени на одржливиот развој и енергетската транзиција.
Меморандумот е склучен на период од четири години, со можност за продолжување, и претставува значаен чекор кон продлабочување на соработката меѓу Министерството за енергетика и УНДП во насока на одржлива и сигурна енергетска иднина за Северна Македонија.
Економија
Новата Ford Puma Gen-E финалист на европскиот натпревар AUTOBEST 2026!
Ford Puma Gen-E е избрана за финалист на престижниот избор AUTOBEST 2026 – признание што ја потврдува визијата на Ford за иновативна, ефикасна и достапна мобилност.
Како нова електрифицирана генерација на омилениот кросовер, Puma Gen-E комбинира динамичен дизајн, напредни технологии и практичност создадена за секојдневието. Со фокус на одржливост и паметни решенија, моделот нуди возбудливо искуство во градот и надвор од него, без компромис во удобноста и перформансите.
Ова признание од AUTOBEST е уште една потврда дека Ford Puma Gen-E поставува нови стандарди во својата класа.
👉 Вашиот глас е важен!
Поддржете ја Ford Puma Gen-E и гласајте во изборот AUTOBEST 2026 на https://autobest.org/.
AUTOBEST е еден од најрелевантните и највлијателни европски автомобилски избори, основан со цел да ги претставува интересите на реалните возачи низ целиот континент. Жирито на AUTOBEST го сочинуваат реномирани автомобилски новинари од повеќе од 30 европски земји, кои заедно претставуваат над 90% од европскиот автомобилски пазар.
Финалистите и победниците на AUTOBEST се сметаат за репер во европската автомобилска индустрија, а самото учество во финалната селекција претставува значајно признание за квалитетот и визијата на еден модел.
(ПР)
Економија
Мицкоски: 300 компании се предвидени да бидат поддржани со грантовите во вкупен износ од 25 милиони евра
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе се обезбедат грантови за адаптирање на компаниите кон зелена трансформација и заштита на животната средина, изјави:
„Да работиме, практично Инова агенцијата, околу овозможување и обезбедување грантови за компаниите, посебно во делот на енергетската трансформација. Имав и таму едно многу интересно обраќање. Да, за енергетската трансформација, но треба да сме многу внимателни. Затоа што не сум сигурен, а тоа се сложија и голем број од учесниците на тие панели, дека со таа енергетска трансформација, ние можеме на долг рок да генерираме базна енергија којашто е потребна на индустријата за потребите на самата индустрија. Тоа треба да се одвива чекор по чекор, затоа што секоја избрзана постапка може да направи штета по индустријата и по државата. Но, колку за информација за компаниите, некаде околу 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра и наскоро ќе има и за тоа објава во јавноста и јавен повик.“

