Економија
Путин: Западот слабее, а Азија е иднината
Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека западната моќ опаѓа бидејќи агресивниот обид да се изолира Русија со санкции ја уништува глобалната економија во време кога Азија се издигнува.
САД и сојузниците ги воведоа најтешките санкции во модерната историја кон Русија поради, како што рече Путин, специјална воена операција во Украина. Путин вели дека санкциите се слични на објавување економска војна.
На Источниот економски форум во рускиот град Владивосток, Путин рече дека западните санкции против Русија ја замениле пандемијата на Ковид-19 како главна закана за глобалната економија.
„Зборувам за санкциите на Западот, неговите дрски, агресивни обиди да им наметне модели на однесување на другите земји, да им го одземе суверенитетот и да ги подложи на нивната волја. Во обид да се спротивстават на текот на историјата, западните земји ги поткопуваат клучните столбови на светскиот економски систем изграден со векови“, рече Путин, додавајќи дека довербата во доларот, еврото и фунтата паѓа.
Обидот на Западот економски да ја изолира Русија, еден од најголемите светски производители на природни ресурси, ја турна глобалната економија во непознати води со постојано зголемување на цените на храната и енергијата.
Путин го обвини Западот дека се обидува да ја наметне својата волја на светот, но додаде дека неговата моќ опаѓа бидејќи фокусот на глобалниот раст сега е во Азија.
„Имаше неповратни, па дури и тектонски промени во меѓународните односи“, рече Путин. „ Улогата на динамични, перспективни земји и региони во светот, пред сè на Азиско-пацифичкиот Регион, значително порасна“, истакна рускиот претседател.
На форумот беше и претседателот на кинескиот парламент Ли Жаншу, трет по ранг функционер на кинеската Комунистичка партија. Путин рече дека Кина ќе му плати на „Гаспром“ за гас во национални валути, врз основа на поделба од 50 до 50 на руски рубли и кинески јуани.
Путин рече дека руската економија се справува со „финансиската и технолошката агресија од Запад“, но призна дека има потешкотии во некои индустрии и региони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

